Енергетски пијалоци

Најдобар енергетски пијалок:

  • Monster

    Гласови: 5 20.0%
  • Red Bull

    Гласови: 16 64.0%
  • Booster

    Гласови: 0 0.0%
  • Tiger

    Гласови: 1 4.0%
  • Guarana

    Гласови: 2 8.0%
  • Dark Dog

    Гласови: 0 0.0%
  • Pit Bull

    Гласови: 0 0.0%
  • Други

    Гласови: 1 4.0%

  • Вкупно гласале
    25

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Како доаѓа летото се почесто знаеме да се освежиме со енергетски пијалаци. Дали за да се освестите кога сте уморни, дали за повеќе енергија...

mokta-na-energetskite-pijalaci.jpg

...кога спортувате, ова е важно да го знаете кога веќе употребувате енергетски освежувачи.
Дури и ако го исплукате енергетскиот пијалак пред да го голтнете, тој ќе делува.
Николас Грант, научник од Нов Зеланд, неодамна направил истражување со кое покажал дека енергетскиот пијалак почнува да делува штом го допре јазикот.
Учесниците ја исплакнале устата со енергетски пијалак, што автоматски го подобрило нивниот перформанс во возење велосипед и трчање.
Само секунда откако пијалакот го допрел јазикот, мозокот го препознал импулсот.
Гант вели дека најверојатно чувствителните рецептори на јазикот ги препознаваат јаглените хидрати од енергетскиот пијалак и резултираат со инстант посилни мускули.

Дали козумирате енергетски пијалоци? Кои според вас се најдобри и кои имаат највеќе ефект?

Најдобар енергетски пијалок што сум го пробал е Монстер, кој сеуште за жал го нема кај нас. :( Но го ставив во анкетата за тие што го пробале кога биле во странство.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
RED BULL го сакам јас, ама веќе сум заборавил кога последен пат сум го пиел.. xD
Иначе слушам некој го мешале со жестоки пијалоци, не знам како би изгледало тоа и не би ни сакал да пробам.. :eek
 

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
Ред Бул,најдобар е,освежува и крева,дава крилааа :giggle Најчесто го користам навечер кога имам за учење,па уживам цела ноќ :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Nemirna.

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
До сега само еднаш имам пробано енергетски пијалок и тоа Ред Бул. Не сум осетил потреба за енергетски пијалок и не пијам.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мене па Ред Булот ми е шкарт пијалок. Ефект нула. Монстерот е поголем, поефтин и повеќе делува од Ред Бул. А е производство на Кока Кола.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ред Бул. Го имам мешано со водка и виски, и иако е штетно така да се пие дава прекрасна арома на пијалокот,не ни осеќаш дека пиеш алкохол :rolleyes
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Кога пијам, пијам РедБул. Некогаш кога има работа до касно и треба концентрација, некогаш од без со пијачката во диско :)

Како и да е, мене барем, освен што ми лупа срцево 200 на саат, не чувствувам дека нешто многу енергија и концетраицја добивам плус, па затоа и ретко го консумирам.