1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ембриогенеза и фетален развој

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од TheKitten, 29 април 2013.

  1. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Па да баш интересни се видеата, нај интересно е 1 видео каде што се движат сперматозоидите, замисли кога сите сперматозоиди би оплодиле по една јајце клетка што би било, колкав би му бил стомакот на една жена, пошто нели се случува некогаш нкоја жена да носи по 7-8 деца во стомак.
     
  2. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    13. Праска
    [​IMG][​IMG]
    - првата недела од почетокот на феталниот развој. Заврши процесот на премин од ембрион во фетус - и сега плодот полноправно го викаме фетус. Долг е околу 7.30цм, а тежок околу 22гр. Тој формира гласни жици и заби. Иако е многу малечок, има отпечатоци од прстите.

    14. Лимон
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 8.60цм и тежок околу 42.5гр. Може да го цица палецот. Бубрезите функционираат - создаваат урина, а исто така и слезината и црниот дроб функционираат.

    15. Портокал
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 10цм, а тежок околу 70гр. Почнуваат да се движат белите дробови. Иако мајката сеуште не го чувствува, фетусот се движи, и тоа многу.

    16. Авокадо
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 12цм, и тежок околу 100гр. Фетусот може да го чуе мајчиниот глас, благодарение на малечките ковчиња кои се формираат во ушите. Растат косата, веѓите и трепките.

    17. Кромид
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 13цм и тежок околу 170гр. Зачетоците на коските - сега стануваат коски - иако се сеуште многу меки. Масното ткиво се зголемува.
     
    На Stance, Gemini, melpomena и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    Тоа не е нормално кај човечката жена, ретки и абнормални случаеви :)
    Нормално е жената да има 1-2 плода.
     
  4. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    18. Благ компир
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 14цм и тежок околу 190гр. Во овој период е очекувано мајката прв пат вистински да го почувствува движењето на фетусот.

    19. Манго
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 15.2цм и тежок околу 240гр. Се создаваат сетилата.

    20. Банана
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 16.5цм и тежок околу 300гр.

    21. Калинка
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг 26цм и тежок 360гр. Дигестивниот систем се припрема за надворешниот свет, и лачи мекониум. Ако е девојче, веќе ги има јајце клетките - тие се создаваат сега и траат цел живот - околу 6 милиони.

    22. Папаја
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг 26-29цм и тежок 360-590гр. Спие околу 12-14 часа на ден - а тоа е периодот во кој мајката не го чувствува. Времето поминато во будна состојба, го користи за да го покаже своето присуство :)
     
    На Stance, Gemini, melpomena и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Баш вчера гледав една емисија до некаде поврзана со темата.
    Девојка од 19 години-трудна ненадејно пронајдена мртва во соба, па тим од медицински испитувачи истражуваат зошто дошло до таква ненадејна смрт. Пред да направат обдукција разговараат со нејзиниот матичен лекар и лекарот што и ја следел бременоста. Бременоста, во болничкиот картон и е заведена како нормална, без проблеми, се работи за здрава девојка.. После обдукцијата открија уствари дека смртта на девојката е од небрежност на другите доктори, пошто нејзината бременост била ванматерична, па како што плодот растел, продупчил некој орган и девојката починала од внатрешно крварење.
     
  6. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    23. Цитрон
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 30цм и тежок околу 600гр. Лицето е целосно формирано - само му недостасува малку масно ткиво. Го слуша мајчиниот глас и срцето на мајката - а дури и други гласни звуци, како свирење на кола или лаеж на куче.

    24. Диња
    [​IMG][​IMG]
    - проѕирната кожа, се повеќе станува понепровидна и розева - благодарение на тенките капилари кои само што се создале.

    Тука завршува второто тромесечје, и започнува третото.

    25. Карфиол
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг околу 35цм и тежок околу 650гр-1.13кг. Фетусот знае кој правец е нагоре, а кој надоле и ужива додека ги испробува. Се повеќе наталожува масно ткиво и расте коса.

    26. Марула
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг 35-37цм и тежок 650гр-1.13кг. Очите се формираат и наскоро ќе почне да ги отвора очните капаци. Трепките се пораснати. Почнува да диши - иако тоа што го диши е амниотичка течност, а не воздух, сепак е добра вежба.

    27. Шведска репка
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг 35-37цм и тежок 650гр-1.13кг. Вежба вдишување и издишување. Официјално - фетусот покажува мозочна активност, а во текот на бременоста, мозокот ќе стане уште покомлексен.
     
    На Stance, Gemini и melpomena им се допаѓа ова.
  7. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    28. Модар патлиџан
    [​IMG][​IMG]
    - Белите дробови се доволно развиени што веројатно ќе преживее, доколку е роден сега.

    29. Тиквичка
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг 38.6-42.4цм и тежок 1.13-1.72кг. На фетусот почнува да му станува тесно, бидејќи расте пребрзо. Мајката ги чувствува се посилните удари на фетусот.

    30. Краставица
    [​IMG][​IMG]
    - неговата кожа станува се помазна, и може да фати прст со своето раче.

    31. Ананас
    [​IMG][​IMG]
    - има голем мозочен и нервен развој. Очите се развиваат и неговите зеници реагираат на светло. Сите пет сетила функционираат.

    32. Тиква
    [​IMG][​IMG]
    - се спрема за раѓање - веројатно неговата глава е свртена надолу и се чувствува уште повеќе притеснет.
     
    На Stance и melpomena им се допаѓа ова.
  8. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    33. Durian
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот е долг 43.7-47.5цм и тежок 1.9-2.6кг. Очите му се постојано отворени додека е буден. Почнува да го координира дишењето со цицањето и голтањето. Коските оцврснуваат. Мозокот се повеќе се развива.

    34. Butternut Squash
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот препознава и реагира на едноставни песни, ако мајката ги пее. Веројатно по раѓањето, полесно ќе заспива со тие песни. Тој уринира по околу половина литар дневно.

    35. Кокос
    [​IMG][​IMG]
    - во овој момент, слушниот апарат е целосно оформен, и фетусот најдобро реагира на бучава. Ако е момче, неговите тестиси се веќе целосно спуштени.

    36. Медлика
    [​IMG][​IMG]
    - се повеќе фетусот е способен сам да дише. Неговата кожа станува се помека, а неговите непца се поцврсти. Црниот дроб и бубрезите целосно функционираат. Циркулаторниот и имуниот систем, иако не сосема, сепак се спремни за функционирање во надворешниот свет.

    37. Зимска диња
    [​IMG][​IMG]
    - фетусот вежба некои активности: вдишување, издишување, цицање, фаќање и трепкање. Се создава неговиот прв тврд измет, наречен мекониум, спремен за неговата прва пелена.
     
    На Stance и Gemini им се допаѓа ова.
  9. TheKitten

    TheKitten Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    549
    Допаѓања:
    628
    38. Тиква
    [​IMG][​IMG]
    - Фетусот е долг 48-53цм, а тежок 2.8-4.2кг. Можно е да има околу 3 и нешто цм. коса. Се лупи неговата бела обвивка, позната како верникс казеоза. Сепак, при раѓањето, можно е да има нејзини остатоци.

    39. Лубеница
    [​IMG][​IMG]
    - Ноктите на фетусот се подолги од неговите прсти, а неговиот мозок и понатаму забрзано се развива.

    40. Плод од лебно дрво - Џекфруит (Круховац)
    [​IMG][​IMG]
    - се повеќе му растат коса и нокти, а и белите дробови сеуште се развиваат.

    41. и 42. - фетусот има големина на Џекфруит, се повеќе му е тесно, и понатаму му растат коса и нокти. Сите органи и системи функционираат. Најголемиот дел од новороденчињата се раѓаат до крајот на 42та недела.
     
    На Stance и Gemini им се допаѓа ова.
  10. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Морам да напомнам дека во 6тата недела не е зрно грашок туку е смока. :igra
    Шала на страна, барев нешто да пишам колку да не е само за пофалби постов.
    Сакам да ти пружам виртуелна рака (handshake) браво за темава.
     
    На Stance и TheKitten им се допаѓа ова.

Сподели: