Елиминирајте ги парите и што ќе се случи?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Outrider твоето глдиште е врз реалната моментална ситуација кај нас (и пошироко), не општо за општество каде работите би функционирале сто пати подобро. Општествата секако дека се темелат и врз даноци, инаку не би функционирале другачие. Со самото тоа што сакаш да се поврзеш со општеството, ти стапуваш во еден вид на „деловен“ контакт со истото. Се обврзуваш да плаќаш даноци за општото добро. Дури и во најлибералните општества, данокот не можеш да го искорениш. И самиот знаеш како е во западниве држави, дека театрите не се темелат само на публика која ќе купи карта, иако посетеноста е доста битна и, во правните држави во одреден театар ако нема посетеност а истиот црпи државни ресурси, има начини за негово затворање. Секогаш ќе има оштетување во државата, затоа тука се тераат разни правни системи кои ги следат малверзациите што одредени се обидуваат да ги сторат.
Ќе се повторам, се` ова го зборам за некое позрело општество, не за кај нас каде за коприви може да лежиш чорка 6 месеци а за гипс-картон можно е да те изберат уште еднаш за пастир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Елиминација на париииииии!! Научна фантастика или во сон заебанција:franticКога навистина би се тргнале парите, тогаш ќе треба и цела друштвена филозофија на животот да се смени, цела организација, клучната разлика на помите"животен стандард"да се замени со "квалитетен живот". Можеби може такви модели на живеење како што вика@malo да им приуштат некои држави, како на пр.во нордиските земји, каде што имаат хумани и напредни социјални системи во кои членовите на друштвото се обезбедени од раѓање па до смрт, но повеќето се каде што има болни, сиромашни и несреќни...Прашањето ми е што на старост кога нема да можеш да го работиш тоа што сакаш поради здравствени причини а и самите години, која ќе биде егзистенцијата на твојот живот тогаш?
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А што е со неконтролираното исцрпување на природните ресурси за финансиска моќ. Секое искористување и исцрпување на природните ресурси се смета за напредок додека секое надоместување или обновување на истите (иако повекето се незаменливи), се смета за финансиска загуба.

Фер размената никогаш нема да доведе до неконтролирано создавање на вишоци.

Кока Кола на пример е сопственик на поголем дел од водата за пиење во светот. Голем дел од населението во Африка и Индија умираат поради недостаток на вода, а живеат во непосредна близина на водата на Кока Кола. Дали е во ред еден природен ресурс да биде сопственост на одредена компанија? Истото важи и за храната... Луѓе умираат од глад не затоа што нема доволно храна, туку затоа што немаат доволно пари за да си ја дозволат...

@Saladin , @lady_blue погледнете го документарниот филм, ке наидете на многу интересни податоци и бројки и можеби ке ви се појасни сликата за општеството во кое сме принудени да живееме
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Океј, нека ги укинат даноците скроз. Кој ќе ги плати даскалите?

Оној кој ќе ги користи нивните услуги. Дакле родителите кои ќе пратат деци на чколија. Чколијата која ќе зависи од тоа дали навистина ќе испорача некаков квалитет - и тоа како ќе внимава на тоа какви даскали работат таму и на програмата која ќе биде прилагодена на деците. Иначе њама пари. Јасно има деца без родители но тука во игра би стапиле солидарни фондови, тотално минимална сума на терет на поединците која би овозможила на такви деца да учат, мислам дека доброволно раја би дала неколку денари месечно без да праи фрки.

Друга опција е кооперативна ситуација каде што се плаќа поинаку ама основата е иста.
Е сега ако се пресмета колку се арчи во тек на живот како дел од порези на образовање ќе се дојде до заклучок дека би било неспоредливо поефтино ако родители директно плаќаат. Митот за `бесплатно` образовање е само тоа - мит.
Настрана новите технологии и можноста за елиминација на средновековните модели на образовање со клупи, табла/катедра и некој лик кој мумла нешто и млада раја као нешто учи...

@Outrider твоето глдиште е врз реалната моментална ситуација кај нас (и пошироко), не општо за општество каде работите би функционирале сто пати подобро. Општествата секако дека се темелат и врз даноци, инаку не би функционирале другачие. Со самото тоа што сакаш да се поврзеш со општеството, ти стапуваш во еден вид на „деловен“ контакт со истото. Се обврзуваш да плаќаш даноци за општото добро. Дури и во најлибералните општества, данокот не можеш да го искорениш. И самиот знаеш како е во западниве држави, дека театрите не се темелат само на публика која ќе купи карта, иако посетеноста е доста битна и, во правните држави во одреден театар ако нема посетеност а истиот црпи државни ресурси, има начини за негово затворање. Секогаш ќе има оштетување во државата, затоа тука се тераат разни правни системи кои ги следат малверзациите што одредени се обидуваат да ги сторат.
Ќе се повторам, се` ова го зборам за некое позрело општество, не за кај нас каде за коприви може да лежиш чорка 6 месеци а за гипс-картон можно е да те изберат уште еднаш за пастир.

Мислиш на теоријата за социјален договор, а тоа е чисто религиски концепт, додуша секуларен ама и секуларната религија е јака.
Нема никаков договор, никогаш немало, поимот дивајн рајт ту рул е заменет со `социјален договор`, подеднакво комични концепти кои паѓаат на елементарна логика.
Се согласувам дека има поразвиени и помалку развиени општества, дека западните се помало зло од некои други но тоа зависи и од перцепција...јасно дека ББЦ е јака ствар а МРТВ е срање ама принципот не е сменет, сменети се резултатите.

Е сега ако рационално се разгледа сето тоа ќе се дојде до заклучок дека огромен дел од животот бесповратно се арчи заради некои ликови кои ниту човек ги знае ниту познава, тотални странци. А тоа е зло. Барем за оние кои не веруваат во задгробен живот.
Тоа што на запад се арчи за војни во Ирак е едно, тоа што системот сепак враќа повеќе на поединецот него системите на фејл држави како Хунзистан или Бурунди не ја елиминира основната премиса за собирањето данок како грабеж.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Outrider, живот за новите поколенија > задгробен живот. Мада голем дел од работата е и за себе да си направиш да ти биде добро.
Пак ќе кажам, целосно оттуѓување е возможно, но со тоа што ги раскинуваш обврските, ги раскинуваш и благодетите што ги добиваш од истото општество. Парите се само медиум за полесна флуктуација во тоа општество. Имало и општества без пари - со стокова размена. Ги викаат примитивни, иако тоа „примитивно“ има повеќе пежоративна форма - малку грешно сфатено. Но не може широко општество да егзистира на таква економија. Може некое подопштество кое би си правело меѓусебна размена. И ги има колку сакаш.
За теоријата на општествен/социјален договор се` уште почива на тие темели што погоре ги спомна, иако сега во постмодерната, работите малку друкчие почнуваат да се етаблираат. Државно, се` уште сме тие, законите во секоја држава се дадени и почиваат врз различни примери. Иако сега едно општество може и да нема државен карактер за да егзистира, се` уште има некои темели кои се клучни.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Оној кој ќе ги користи нивните услуги. Дакле родителите кои ќе пратат деци на чколија. Чколијата која ќе зависи од тоа дали навистина ќе испорача некаков квалитет - и тоа како ќе внимава на тоа какви даскали работат таму и на програмата која ќе биде прилагодена на деците. Иначе њама пари. Јасно има деца без родители но тука во игра би стапиле солидарни фондови, тотално минимална сума на терет на поединците која би овозможила на такви деца да учат, мислам дека доброволно раја би дала неколку денари месечно без да праи фрки.

Друга опција е кооперативна ситуација каде што се плаќа поинаку ама основата е иста.
Е сега ако се пресмета колку се арчи во тек на живот како дел од порези на образовање ќе се дојде до заклучок дека би било неспоредливо поефтино ако родители директно плаќаат. Митот за `бесплатно` образовање е само тоа - мит.
Настрана новите технологии и можноста за елиминација на средновековните модели на образовање со клупи, табла/катедра и некој лик кој мумла нешто и млада раја као нешто учи...
Не е бесплатно образованието, но барем е задолжително. Ако секој родител треба да си плаќа, епа не знам колку секој родител ќе може да си плати квалитетно, ако не и воопшто, образование. И тогаш ќе имаш уште поголемо раздвојување оти сега барем деца на посиромашни родители имаат можност да учат во исто школо како и децата на побогатите родители. А тогаш сиромашнте деца или не би учеле ич, или би учеле во крш школи и никакви услови, а богатите деца во квалитетни.

Инаку ептен ја носите на друга страна темата, а основата на проблемите е многу проста - зголема свест кај луѓето = зголемена функционалност на општеството и заштитена природа со сите нишани. Можеби некои следни генерации ќе стигнат и до таму. Ако во меѓувреме не се уништиме сами себе.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
А што е со неконтролираното исцрпување на природните ресурси за финансиска моќ. Секое искористување и исцрпување на природните ресурси се смета за напредок додека секое надоместување или обновување на истите (иако повекето се незаменливи), се смета за финансиска загуба.

Фер размената никогаш нема да доведе до неконтролирано создавање на вишоци.

Кока Кола на пример е сопственик на поголем дел од водата за пиење во светот. Голем дел од населението во Африка и Индија умираат поради недостаток на вода, а живеат во непосредна близина на водата на Кока Кола. Дали е во ред еден природен ресурс да биде сопственост на одредена компанија? Истото важи и за храната... Луѓе умираат од глад не затоа што нема доволно храна, туку затоа што немаат доволно пари за да си ја дозволат...

@Saladin , @lady_blue погледнете го документарниот филм, ке наидете на многу интересни податоци и бројки и можеби ке ви се појасни сликата за општеството во кое сме принудени да живееме
Кока-кола си нашла начин како да си го пласира производот на пазарот до степен што луѓето мислат дека им е неоходен за да им биде поубав животот. И на мекдоналдс му беше супер, ама луѓето полека се свестуваат и одбиваат да јадат ѓубре, па ене пишуваат по нетов дека бизнисот им оди надолу.
Луѓето имаат доверба во нешто шо се вика демек „бренд“ ама интернетов им овозможи на сите да се информираат и да се побунат. Па сега не знам која мајка ќе купи Џонсон шампон откако излегоа информациите дека користат канцерогени состојки во бебешките производи.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не е бесплатно образованието, но барем е задолжително. Ако секој родител треба да си плаќа, епа не знам колку секој родител ќе може да си плати квалитетно, ако не и воопшто, образование. И тогаш ќе имаш уште поголемо раздвојување оти сега барем деца на посиромашни родители имаат можност да учат во исто школо како и децата на побогатите родители. А тогаш сиромашнте деца или не би учеле ич, или би учеле во крш школи и никакви услови, а богатите деца во квалитетни.

Инаку ептен ја носите на друга страна темата, а основата на проблемите е многу проста - зголема свест кај луѓето = зголемена функционалност на општеството и заштитена природа со сите нишани. Можеби некои следни генерации ќе стигнат и до таму. Ако во меѓувреме не се уништиме сами себе.

Значи поарно срање од образование кое е прескапо отколку поефтино, рационално и нешто што ќе им користи?
Не би оделе во крш туку во сосема пристојни услови, како што реков кога оној кој испорачува услуга зависи од клиентот тогаш може да се надеваме на квалитет, сега даскалот му е сеедно, како папагал ќе повторува глупости, никој не може да го отпушти за тоа шо е срање даскал и оп! на 18 годинки после 13 години образовање имаш деца без никакво знаење применливо на пазар на труд или во личниот живот.

Outrider, живот за новите поколенија > задгробен живот. Мада голем дел од работата е и за себе да си направиш да ти биде добро.
Пак ќе кажам, целосно оттуѓување е возможно, но со тоа што ги раскинуваш обврските, ги раскинуваш и благодетите што ги добиваш од истото општество. Парите се само медиум за полесна флуктуација во тоа општество. Имало и општества без пари - со стокова размена. Ги викаат примитивни, иако тоа „примитивно“ има повеќе пежоративна форма - малку грешно сфатено. Но не може широко општество да егзистира на таква економија. Може некое подопштество кое би си правело меѓусебна размена. И ги има колку сакаш.
За теоријата на општествен/социјален договор се` уште почива на тие темели што погоре ги спомна, иако сега во постмодерната, работите малку друкчие почнуваат да се етаблираат. Државно, се` уште сме тие, законите во секоја држава се дадени и почиваат врз различни примери. Иако сега едно општество може и да нема државен карактер за да егзистира, се` уште има некои темели кои се клучни.

Тешко би можело да се зборува и за теорија во прецизна смисла, повеќе е нешто како мит, приказна.
Кои обврски и кои благодети, каде се тие наведени и прецизирани, кој е потписник?
За прадедо прашувам пошто се родил во турско, живеел во краљевина Србија па во СХС па во Бугарско, па во СФРЈ и се упокоил во раните години на независноста на Хунзистан, да знам со кого потпишал социјален договор (party)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Напротив, ајде анализирај ги причините за сите катастрофи кои се случуваат на светско ниво и кажи едно нешто што е негативно а не е поврзано со пари.
Искрено да ти кажам, ја прочитав цела тема и не разбирам што е поврзаноста со темава, можеби сум глуп ама искрено не ве разбирам што зборувате. :)
Јас сакав да кажам дека ќе е лошо ако ги снема парите сега. Па видовме што се случи кога таа Американската банка прогласи банкрот во 2008 мислам беше, Lehman Brothers мислам се викаше банката. Американците ќе се вратеа 1000 години назад ако не ги спасеа. Тоа се осети низ цел свет, а само една голема банка е тоа. Замисли што ќе се случи ако утре прогласат банкрот или престанат со работа 10те најголеми банки во светот. Тоа ќе биде невидена катастрофа, буквално, ако нема пари ќе има масовни убиства низ цел свет.
Премногу зависиме од парите, затоа не е можно да ги снема, уствари можно е, ама тоа ќе биде крај за сите.
И јас сум иначе за свет без пари, не викам дека ќе е лошо, супер ќе е, ама времето е такво сега. Не можеме да живееме без пари. :)