Единица за специални намени “Волци“

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Историја на единицата

  • 1 Март 1994 година – за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единицата за Специјални Намени позната под името „ВОЛЦИ“.

  • 1 Март 1994 година – за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единицата за Специјални Намени позната под името „ВОЛЦИ“.
  • Како Команда на Специјални Единици функционираше од 2002 до 2003 година.
  • Во месец декември 2003 година со одлука на Врховниот Командант на Армијата на Република Македонија единицата е преструктруирана во Одред за Специјални Намени.
  • Во Ноември 2006 година извршено е преструктруирање во полк за Специјални Операции (во понатамошниот текст пСО).
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
покрај учеството во конфликтот во 2001 година присутна е и во мисиите во Ирак и Авганистан каде постојано ги добива највисоките оценки. Функционираат повеќе од 14 години а досега на чело на елитата биле пет команданти. Заштитниот тотем на оваа единица е разјарен волк, диво животно предатор кое го има насекаде во нашата држава. Токму синонимот на волкот дека е предатор и неговото организирано движење и ловење во природата во тимови глутници е основата зошто нашите најдобри армиски специјалци го зеле за свој заштитен знак.
Основната премиса за употреба на Специјалните сили на Македонија е да се води неконвенционална војна, и тоа на теренот на противникот.
Типот на одбраните единки, различните вештини што ги учат и нивните тимови (главно) од десетмина се наменети за справување со различни бунтовници, терористи, герилци и во мали војни - мрачни неконвенционални закани што преовладуваат во денешниов свет.
Оперативните на единицата Волци, кога е најопасно и најризично се самостојни на теренот.
Ги предводи офицер (капетан), а ги сочинуваат најчесто искусни војници со чинови до водник. Секој припадник на Волците е специјализиран во некоја област. Најчесто командната хиерархија е преземена од американската армија а таа е следна Браво (оружници), Чарли (инженерци и минери), Делта (болничари), Ехо (комуникации) и Фокс (водник разузнавач). Овие прекари произлегуваат од воената азбука за означување на нивната војничка професионална специјалност: 18Б, 18Ц, 18Д, 18Е и 18Ф се петте индивидуални специјалности на А-тимовите за специјални намени на армиите.
Која е улогата на специјалните единици на АРМ и МВР
Справување со тероризмот и организираниот криминал, етничките судири и конфликти се битно обележје на новото време. Армијата и полицијата, се создадени за одржување и чување на безбедноста на државата а нивните членови се подготвени да се справуваат со новиот вид безбедносни предизвици.
Денеска не постои ниту една сериозна армија или полиција во светот која во својата воена формација не вградува и специјални единици. Република Македонија, во рамките на трансформацијата на своите вооружени сили, им дава примат на специјалните единици, што е и императив за преобразбата по НАТО стандардите.

Волците, покрај физичката сила и обука за ракување на секакво оружје, имаат и завидно ниво на интелектуална способност како и беспрекорен резултат на извршување на поставените задачи од страна на командирот.
Нивните постигнати резултати се практично беспрекорни, и ним со сигурност можат да им позавидат сите припадници на сличните единици на АРМ и МВР.
Орце Јордев, командантот на единицата вели дека, сите членови на неговата единица имаат постигнато одлични резултати и биле обучени на највисоки светски стандарди. Тој додаде дека за секој војник е чест да се биде дел од Волците.

Секогаш и секаде први. Ова е мотото на специјалците на АРМ.

volci.jpg