Егзорцизам

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Егзорцизам на кратко е верски ритуал кој се спроведува во места или на луѓе за кои се верува дека се опседнати со зли сили или демони, со цел нивно протерување. Подалеку од два три филма за егзорцизам не сум била запознаена ни па заинтересирана, ама после читањето на интервјуто на некој свештеник кој наводно вршел егзорцизми на наше тло, се заинтересирав повеќе, па ќе се обидам да споделам нешто повеќе за овој феномен, па ваше е да процените и прокоментирате за вистинитоста на "фактите" за егзорцизмите и воопшто за опседнатоста.

Last%20Exorcism%20The.jpg


Интервјуто со отец Партениј за егзорцизмот кај нас.
По кажувањата на отецот егзорцизам може да изврши само свештено лице и тоа не секое, него само оној свештеник кој се одликува со силен молитвен и духовен живот, свештеници од редот на мирското или монашкото свештенство и кои за тоа добиле некаква си свештеничка дозвола за истерување на зли сили во име на Исус.

- Симптоми кои на кои треба да запазите ако се сомневате дека сте демоноопседнати: појава на неартикулирани звуци, зборување на непознати јазици, самоповредување, агресија, качување по ѕидови?!...
- Колку се поголеми вашите гревови, се поголема е веројатноста вашето тело да биде позајмено од демон кој ќе ви шепоти непристојни предлози и кој патем очигледно за направената услуга ќе ве научи да зборувате на повеќе јазици меѓу кои и јазици кои одамна се изумрени.
- Опседната личност после егзорцизмот, нема опасност од трауми, непреспиени ноќи и рипање и мокрење во сон од страв, затоа што жртвата за време на опседнатоста и егзорцизмот, не се сеќава на ништо.
За крај, се случувале многу егзорцизми кај нас, НО ништо без дозвола од паталците :(

Интересното што го пишува на википедија:
  • Салвадор Дали е познат по тоа што има извршено егзорцизам од италијански монах, Габриеле Марија Берарди, додека бил во Франција во 1947 година. Дали изгравирал скулптура на Христос на крстот што му го дал монахот како благодарност.
  • Мајка Тереза наводно, била подложна на егзорцизам на постара возраст ,под раководство на архиепископот на Калкута.
Да не должам, ќе продолжам понатаму низ дискусијата, ова беше "на кратко" нешто за егзорцизмот, па повелете за повеќе.
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Нема шо да се зборува .. боље то него дрога ...
Па не знам неам чуено за вршење на егзорцизам до сега у МКД .. Иначе ако се прашувате дали постојат вакви работи - Да, постојат, постојат и духови.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
И јас верувам во вакви работи и постојат и кај нас и насекаде во светот
многу доктори така на некој можат да му речат дека е будал а уствари човекот си има друг проблем тогаш спасот е само верата црквата и попот
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Егзорцизамот нема никаква врска со неверство у бог ..
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Пред околу 3 години имав доста тежок период, бев многу анксиозна, бев заробена во лош брак, не спиев, кога спиев имав кошмари и тн. Незнам зошто отидов во католичка црква. Си позборувавме со отецот, му се отворив и тој заклучи дека треба да ми се изврши егзорцизам. За да ме убеди ми наброја еден куп слични примери и да ви кажам искрено бев преплашена. Требаше да помине некое време за да отецот добие дозвола за тоа, а за тоа време јас требаше да се одлучам. Секако дека не прифатив. Си ветив дека на друг начин ке се справам со ѓаволот во себе.
Го сменив начинот на живот, си ги сменив размислувањата, местото на живеење... Едноставно се тргнав од сите нешта што не ги сакав и почнав да живеам онака како што мене ми беше убаво, а не на другите. Ги правев работите што ме правеа срекна и оп... се се врати во нормала, всушност и никогаш не било подобро.
Демоните не обземаат кога се силуваме самите себе, кога не си го слушаме срцето, кога не си го слушаме телото, кога премногу се грижиме за тоа што другите мислат и ги прилагодуваме своите постапки на туѓото мислење. Демоните не обземаат кога подпаѓаме пред искушенијата, кога сме лакоми и материјалисти. Демоните не обземаат кога не се сакаме и не се почитуваме такви какви што сме.
Никој тука не може да ни помогне освен ние самите.
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Sometimes your mind is playin' tricks
I don't mind, I don't mind, don't have a mind
Open your mind ...
Ма људи, све вам то ваш мозак ради ...... боље посјетите неког психијатра него код те очеве ..
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Sometimes your mind is playin' tricks
I don't mind, I don't mind, don't have a mind
Open your mind ...
Ма људи, све вам то ваш мозак ради ...... боље посјетите неког психијатра него код те очеве ..
И на психијатар ке ти препишат еден тон лекови. Со тоа нема да ти помогнат да се справиш со проблемите туку дополнително ке те дотолчат.
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
The point was - It's all in your head, in your mind .................
Какви религии ми мешате, какви богови, какви демони .... луѓеее скроз сте отишле ...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Егзорцизмот е всушност многу реална и применувана појава, ко што веќе спомнала Мало погоре, не се користи само за оние демони со кои се справуваат Сем и Дин, туку и за духовно прочистување...нормално, кој верува.
Сум била детиште и сум слушала порано, ама не ме интересирало толку, па Егзорцизмот на Емили Роуз кога излезе, ми дојде ко кец на десетка, мислам дека до денес уште имам малку страв кога ќе чукне 3 или 3:15, па несвесно го игнорирам саатот и дремам со слушалки ако сум будна. :frantic
Оно и Спајдермен може по ѕид да се качува, ама не е опседнат, малце сепак претерале со симптомине, ме потсеќаат ко да ги пишувал чувениот доктор што ги откри можните симптоми кај децата-наркомани. :D Многу одамна, начекав некаде како се извршува егзорцизам и беше прилично језиво, јас такви звуци во живот немав чуено. Памтам само дека ставаат лепче во уста, кое нормално, опседнатиот го плука, шетаат наоколу со кандило и прават крстови над жртвата. Не можев до крај да изгледам, премногу м(р)ачно делуваше. Иако науката може да го објасни најголемиот дел од тие појави - бледилото, нејадењето, менувањето на гласот, познавањето на странски јазици од никаде, итн. сепак мистеријата околу ова е поинтригантна.

р.ѕ. Оф топикот го избришав, да не известувам во другана тема, ама ќе бидете фини отсега да не правиме оф топици или оставајте ги во чет-муабети. (wasntme)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Последно го гледав The Rite ... наводно сниман по вистинска случка...којзнае...ама логично би било ако постои добро да постои и лошо, ако постојат ангели да постојат и демони...
А за егзорцизам во Македонија досега немав слушнато...искрено досега целиот тој поим го доживував како сценарија за филм, ништо повеќе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara