1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Европа

Дискусија во форумот 'Географија' започната од TheFrisb, 6 март 2012.

  1. TheFrisb

    TheFrisb Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    97
    Допаѓања:
    161
    Европа е еден од седумте светски континенти.Името Европа потекнува од асирскиот збор Ереб(заоѓање на сонцето, запад), со кој Феничаните и Асировавилонците ги означувале териториите на запад. Подоцна тоа име се проширило за целиот западен дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија, Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро, областа Кавказ и со Црното Море на југоисток.Европа на север е обиколена соАрктичкиот Океан и други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море и со други водни патишта на југоисток. Сепак границите на Европа-концепт кој датира уште од антиката-се произволни, бидејќи самиот поимконтинент може да има културно или политичко значење или пак физиогеографско.
    Европа е вториот најмал континент во светот според површина, опфаќајќи 10,180,000 километри квадратни или 2% од целокупната површина на Земјата или околу 6.8% од земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ Европа и низ Азија), додека Ватикан е најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка, со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.
    Европа, особено Античка Грција, е родно место на западната култура. Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI. век па натаму, особено по почетокот на колонизацијата. Помеѓу XVI. и XX. век, европски нации ги имаат контролирано Америка,најголем дел од Африка, Океанија и големи делови од Азија. Двете светски војни во најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири настанати во средината на XX. век помеѓу САД и Советскиот Сојуз. За време на студената војна, Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на запад и Варшавскиот пакт на исток. Европската интеграција доведува до создавање на Советот на Европа и Европската Унија во Западна Европа, кои се прошируваат источно по падот на Советскиот Сојуз во 1991.
    [​IMG]
     
    На Брида, Gemini, Minella и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Стариот и добар луд континент Европа. :D
     
    На Брида му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    старата добра к:cenzuraрва
     
  4. Minella

    Minella Активен Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    171
    Нашиот континент :rolleyes:
     
  5. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Европа ко Европа...има Европа чоколади. Мада не се многу вкусни...;)
     
  6. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    [​IMG] ИСЛАНД
    Карактеристично за Исланд, татковината на викинзите и троловите се уникатните гејзери, вулкани и водопади. Има архитектура како од бајките, а во Рејкјавик живеат 70% од населението во Исланд. Туристите кои се желни за недопрени предели, за непознати природни феномени, патувања кои целосно се разликуваат од останатите вообичаени одмори се идеални патници за Исланд. Сите жители на земјата на викинзите и троловите ги поврзува само еден автопат, кој овозможува да се видат едиствените природни убавини.



    [​IMG]

    Првата атракција е т.н Златен круг, црвената патека и националниот парк. Тука се наоѓа и славниот гејзер, по која оваа природна појава го добила името. Со тек на време овој гејзер станал неактивен, меѓутоа сеуште има неколку мали гејзери кои се привлечни за посетителите бидејќи се активни на секои 20 минути. Во близина е и водопадот Гулфус, кој воодушевува со совршено зелена, речиси флурисцентна боја, како и згаснатиот кратер на вулканот Керид, специфичен по црвените камења, кој на дното е исполнет со вода.Оние кои доаѓаат на овој пат треба да знаат дека овие туристички точки се само основни показатели. Незаборавните моменти настануваат возејќи се низ потполно планинските и пусти патишта, кои се тешко проодни дури и со џип. Самиот Рејкјавик е далеку поразличен од европските градови. Ниските згради и куќи обоени во сино и жолто, едносмерните улици, намалениот сообраќај – таков е главниот град на Исланд. За него се вели дека е заробен во дваесеттите години на минатиот век, па и самите жители го негуваат тој романтичен изглед, кој нема врска со модернизацијата.
    [​IMG]

    Исландските вулкани можеби предизвикуваат неред во воздушниот сообраќај, ама секако претставуваат и туристичка атракција на Исланд. Секоја година голем број туристи привлекува Ејафјадлајекидл, чие име едвај се изговара, но сепак неговата убавина ги остава посетителите без здив. Покрај тие што доаѓаат да го видат од далеку, се оганизираат и туристички прошетки по глечерите, кои се сместени во близина на вулканите. Овие прошетки чинат околу 250 евра. Секој кој ќе го посети Исланд мора да го почувствува контрастот на мразот и огнот. Затоа населението во Исланд, од геотермалните води кои достигаат и до 100 степени целзиусови, направија вистински туристички бум. Разладената вода, која поминува низ цевки и чија температура паѓа на 30-40 степени, тие ја искористиле да направат отворен спа-центар сред лавичното поле недалеку од Рејкјавик. Станува збор за туристичката атракција позната под името Сина Лагуна. Водата е густа, бела и туристите тешко можат да се движат низ неа, но затоа имаат можност да се капат во вода со 40 степени целзиусови, додека надвор е едвај 10 степени целзиусови.[​IMG][​IMG]
     
  7. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    а шо треба да пишуваме на темава или да коментираме ...незнам ???? Малку по конкретно ќе го замолам авторот ?
     
  8. Kitty

    Kitty Староседелец

    Зачленет на:
    26 март 2012
    Мислења:
    2,673
    Допаѓања:
    6,921
    Јас еве си пишувам за државите, па сигурно се што е поврзано со географија во Европските земји...
     

Сподели: