1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Евровизија

Дискусија во форумот 'Музика' започната од Hip.Hop_MKD, 22 февруари 2012.

  1. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,929
    Евровизија 2012 Баку, Азербеџан
    [​IMG]
    Добро се што се случува со кичот наречен Евровизија?!
    Ах, таа Калиопи конечно и се исполни желбата.. За жал оваа година нема да не удостојат со кичот од организација и автори, скандали што, зошто, како.. Па да ние да фаќаме сеир од страна.. :D
    Песната со која ќе настапува Македонија ја слушна ли некој?
    Патем еве неколку мали информации:

    Какви ни се шансите на Евровизија?

    Редоследот на земјите кои ќе настапуваат на претстојната Евровизија во Баку, Азербејџан е познат. Македонија на 24 мај во втората полуфинална вечер...

    ...ќе ја претставува Калиопи.
    Годинава можеби имаме среќа затоа што сите земји од поранешна Југославија (освен Црна Гора) настапуваат во истата вечер со нас.
    Србија ја отвора втората вечер, па следат Холандија, Португалија, Македонија, Малта, Украина, Ерменија, Бугарија, Шведска, Грузија, Словенија, Естонија, Турција, Словачка, Хрватска, Норвешка, Литванија и Босна и Херцеговина.

    Во првото полуфинале на 22 мај настапуваат: Црна Гора, Исланд, Романија, Албанија, Белгија, Летонија, Швајцарија, Финска, Грција, Молдавија, Кипар, Австрија, Данска, Сан Марино, Израел, Ирска и Унгарија.
    Големото финале е закажано за 26 мај.
    Екс ЈУ: Кој сè оди на Евровизија?
    [​IMG]
    Земјите на поранешна Југославија целат високо на овогодинешната Евровизија. Наша претставничка ќе биде Калиопи. Србија ќе ја претставува...

    ...Жељко Јоксимовиќ, а Босна и Херцеговина – Хари Мата Хари (неговата Лејла беше 3-то место на Евросонг во 2006та).
    Најголем конкурент за претставник на Хрватска е Јелена Розга.
    Земјите на поранешна Југославија целат високо на овогодинешната Евровизија. Наша претставничка ќе биде Калиопи. Србија ќе ја претставува...

    ...Жељко Јоксимовиќ, а Босна и Херцеговина – Хари Мата Хари (неговата Лејла беше 3-то место на Евросонг во 2006та).
    Најголем конкурент за претставник на Хрватска е Јелена Розга.
    [​IMG]
    VIA CRNOBELO.com: http://www.crnobelo.com/vesti/85-nastani/10917-kakvi-ni-se-sansite-na-evrovizija
    & http://www.crnobelo.com/vesti/svet/10264-eks-ju-koj-se-odi-na-evrovizija
    Што мислите, какви ни се шансите?
     
  2. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,539
    Па....никакви мислам.Има преголема конкуренција сепак.
     
  3. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,929
    А бе да, во конкуренција е на најголемите Балкански пејачи и таа е дел од нив. :D
    Балканска Битка за финале, ќе видиме кој ќе победи.. Жељко, Хари или Калиопи. Првите двајца веќе биле меѓу првите.
     
    На Дејмон му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sugar

    Sugar Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    501
    Допаѓања:
    1,110
    Зар има уште луѓе што гледаат евровизија ? :D
     
    На Aaliyah, важна, Дејмон и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,929
    Порано гледав како мал, а сега НЕ заради тоа што таму нема ич добра музика и Евровизиското лудило трае еден месец после тоа се се заборава. Привремено е.. :D Ама веќе кога настапуваме, да настапиме како што треба!
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    801
    Дека имаме некои шанси, немаме.
    Јас сакав друго да кажам, некои викаа кај ја најдовме Калиопи да ја претставува државава, дека „плачела“ се додека не успеа да е таа претставничка. Таа е најдобриот избор моментално, Каролина ја пративме веќе 2 пати, друг квалитетен пејач па и немаме, освен Влатко Лозаноски.
     
    На malata.. и Selma им се допаѓа ова.
  7. Дејмон

    Дејмон Староседелец

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    455
    Допаѓања:
    650
    Не гледам, нема ни да гледам. Политиката е вмешана и во ова.
    Туку, не се бунеа луѓето затоа кај ја нашле Калиопи туку затоа што нема да има избор како досега. МТВ си ја избрале Калиопи, еве ти песни и сеа вие гласајте со која песна да оди. Кај има така .. Кога победија Некст Тајм, исти .!. беше сакаа Калиопи да ја наместат ама ги зафркнаа гласовите од публиката. Значи никој не го оспорува квалитетот на Калиопи, ама проблемот е зашто баш таа да оди кога од кај знаеме кој со каква песна би се пријавил.
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marrie

    Marrie Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    507
    Допаѓања:
    801
    Тоа секако, секогаш имало местенки. Зошто пред некоја година не го пратија Влатко Илиевски, туку Ѓоко Д Фиш?
    И после наредната година Влатко, да. Откако ја направија глупоста. Тамара секоја година се бунеше, правеше триста чуда, ја пратија и неа. Мартин Вучиќ? Драган даде некој денар, и..
    Еве сега и со Калиопи, но за разлика, барем Калиопи има квалитет.
     
    На Selma му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Калиопи е најдобра од Македонија кој што сака нека збори.
    Секоја година кога требаше да се бира песна имаше само по 2пејачи, а сите други дебитанти. А песната на Калиопи ако е избрана некој нека ја постира.
    И нека и е со среќа во Мај. :)
     
  10. AnneBoleyn

    AnneBoleyn Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    192
    Баш ми е интересено ова шоу. Не ми одговара терминот многу, пошто во мај се сите матурски, дипломски и слични збиднувања, ама кога не сум зафатена го следам во живо. Реприза не гледам, интересно е гласањето во живо, кој комшија на кого ќе даде повеќе поени. :giggle
    Нашиве „ѕвезди“ гледам се испотепаа за да учествуваат и не ги сфаќам баш. Зар успех е да се грака две, пардон, точно три минути на Евровизија? Некоја отскочна даска за светска слава е?! Не! Туку, ете сите да се среќни и задоволни, секоја година нека одат различни, да не бидат како малите деца, ее оваа беше, јас не бев:place.

    Не очекувам висока позиција иако сметам дека Калиопи е добар вокал. Нејзиниот пласман зависи од многу ствари кои не се поврзани со нејзиниот глас и музика. Сепак, ај нека и направат (ако уште не е направена) некоја добра песна за да си ја слушаме и после Евровизија. :)
     
    На Luckky и Selma им се допаѓа ова.

Сподели: