ЕХФ Лига на Шампиони

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
По големите победи на Вардар и Металург решив да отворам тема за ЛШ во Ракомет.
Оваа сезона познати се 7 од 8те патници во четвртфиналето во ЛШ.
МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА)
ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

БАРСЕЛОНА (ШПАНИЈА)
ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
ФЛЕНСБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
КИЛ (ГЕРМАНИЈА)
утре го добиваме и последниот патник меѓу екипите на (Германија) Р.Н. Ловен - Киелце (Полска)
Champions_League-logo_resize-610x218.jpg

Final 4 ќе се игра во Германија во LANXESS arena која собира 20.000 гледачи.
----------------------------------------------------------------------------------------------
ЖЕНСКА ЕХФ ЛШ
По групните фази во ф4 се пласираа најдобрите: ЃЕР (Унгарија) ЖРК ВАРДАР СЦБТ(МАКЕДОНИЈА) БУДУЧНОСТ (Црна Гора) и екипата на МИТЈИЛАНД (Данска)
на 3ти и 4ти Мај во Будимпешта, Унгарија играат:
ЃЕР - МИТЈИЛАНД 14:30ч.
ЖРК ВАРДАР СЦБТ - БУДУЧНОСТ 17:00ч.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and The_Mayor

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Спремав и јас тема ебати педеерот :zelen требало малце повеќе да пишеш ама ај нема врска. За утакмиците ќе пишам послеп повеќе. НАПРЕД ВАРДАР :zelen
 
Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Спремав и јас тема ебати педеерот :zelen требало малце повеќе да пишеш ама ај нема врска. За утакмиците ќе пишам послеп повеќе. НАПРЕД ВАРДАР :zelen
Тое пер, др пат побрз ќе бидиш. Допиши си искажисе на коментар шо сакаш да додајш. :D
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Металург - Колдинг 23:17
Колдинг - Металург 26:30

Металург имаше среќа и си го доби полесниот противник и нормално очекувано беше да победат. На првата утакмица во Скопје играа феноменално, посебно Вугринец кој постигна 13 голови, другите се погрижија за одбраната а Станиќ на голот имаше неверојатна партија. Колдинг беа скроз изгубени во Скопје и очекувано беше Металург да направи добра разлика за реваншот.
На реваншот во Данска судиите со обидоа да им помогнат на Кколдинг да победат ама џабе им беше. Металург повторно со одбрана како во првиот дуел а Колдинг секој пооклон што го добија од судиите не можеа да го искористат. На оваа утакмица Вугринец имаше 10 голови но овој пат не играше само он, Атман со 9 гола дополнително му помогна на Металург. Вугринец е иначе најдобриот стрелец до сега со 85 голови.
Можни противници на Металург во четвртфиналето се: Вардар, Барселона, Кил и Веспрем.

Вардар - Хамбург 28:28
Хамбург - Вардар 29:30

Пред почетокот на натпреварот во Скопје си мислев дека нема шанси да го поминеме Хамбург, сепак Хамбург е шампион нели и си мислев дека во Скопје ќе биде неизвесен меч ама во Германија ќе не искинат. Е сега бидејќи ја с сум баксуз и се што ќе кажам излегува обратно така беше и сега :zelen. Во Скопје Вардар играше како што очекував, се обидуваше колку толку да ја смири играта и на крај се исплатеше. Ангелов со неговите одбрани најави дека ќе биде неизвесно на крај. Дибиров 9 голови, Душебаев 4, беа најдобри во Вардар. На крајот имавме шанса и да победиме но доволно беше и нерешено. Тој резултат беше уште еден доказ дека никој уште не победил во Скопје, Барселона, ПСЖ, Хамбург сите овие не успееа да ги земат сите бодови.
Пред почетокот на реваншот сакав само да не изгубиме многу и да не се посрамотат. Но почетокот на натпреварот најави нешто невидено. Актуелниот европски првак кого сите го гледаа повторно во финалето а некои и мислеа ќе ја одбрани титулата, изгуби на домашен терен. Бековите на Хамбург немаа одговор на добрата одбрана која овој пат беше нешто подобра од онаа во Скопје. Ангелов повторно со неговите 14-15 одбрани докажа дека треба да добива повеќе минути во следните утакмици. Дибиров не играше поради повреда но затоа тука беа Душебаев и Лазаров со по 6 голови. Вардар имаше и предност од 5 голови во второто полувреме но на крајот Хамбург успеа да намали на 1 гол разлика, тука на сцена стапи Диви кој одбрани пенал и после тоа Душебаев со прекрасен гол ја зголеми разликата на 2.
Судиите беа малце подобри за разлика од мечот Металург - Колдинг иако имаа некои смешни одлуки, но тоа не беше проблем Вардар да го победи Хамбург на нивен терен.
Можни противници на Вардар се: Металург, ПСЖ, Фленсбург и победникот од Киелце - Рајн Некар.
Ждрепката е на 1ви април.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Искрено би сакал да се падннат МЕТАЛУРГ - ВАРДАР за да гледаме еден македонски тим во Ф4. А вака многу тешки противници и огромна конкуренција. Ако нее така најдобар избор за Вардар по мое би бил КИЕЛЦЕ/РАЈН НЕКАР или Фленсбург а за Металург освен Вардар Веспрем
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Рајн Некар - Барселона
Фленсбург - Вардар
Металург
- Кил
ПСЖ - Веспрем

Вардар го доби противникот што го посакуваше. Не дека се слаби Германциве ама беа подобро тие отколку Рајн на пример. Нив ги гледав вчера против Киелце и стварно добро играа и уште вчера не сакав да се паднеме со нив. Мала предност за Вардар е што реваншот го игра дома.
Металург тешка задача ќе има, Кил според мене е втор фаворит за освојување, после Барселона. Првите утакмици почнуваат од 16ти април а реваншите од 23ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Верувам и цврсто сум убеден дека Вардар ќе го помине Фленсбург не дека германците се слаби далеку од тоа, но сепак Вардар си го доби можеби и најлесниот противник од понудените и поголеми му се шансите да се најде на Ф4. Додека Металург искрено многу мие жал што го добија Кил искрено шансите се теоретски да се мине, по мое слободно ќе кажам најголемиот Германски Гигант. Тешка претешка утакмица ќе биде и мислам дека од овие двомечи во Ф4 ќе се најдат Вардар и Кил додека Барселона ќе мине лесно со РН Ловен а ПСЖ - Веспрем ќе биде можеби најтешката затоа што нивото на квалитет е исто ПСЖ најголеми ѕвезди но клуб кој допрва ќе пише историја и е нов а знаеме дека не се воиграни се покажа ПСЖ со Вардар и Металург дека не се воиграни додека Веспрем е клуб со огромна историја и сите шо го пратат ракометот знааш што значи Унгарија и воопшто унгарскиот клупски ракомет !
 
Не биди убеден толку, и германците беа убедени дека ќе поминат па изгубија на домашен терен. Добро е тоа што ги избегнавме Кил и Барса така да освен Рајн ќе бев среќен кој и да се падне. ПСЖ не покажа ништо, џабе им се тие ѕвезди што ги имаат. Најглуп меч ќе биде за гледање овој жими се. Барса нормално ќе победи иако Рајн не се баш лоши ама немаа среќа со ждрепкава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Не биди убеден толку, и германците беа убедени дека ќе поминат па изгубија на домашен терен. Добро е тоа што ги избегнавме Кил и Барса така да освен Рајн ќе бев среќен кој и да се падне. ПСЖ не покажа ништо, џабе им се тие ѕвезди што ги имаат. Најглуп меч ќе биде за гледање овој жими се. Барса нормално ќе победи иако Рајн не се баш лоши ама немаа среќа со ждрепкава.
Ете работи интуицијата кај мене така мислам за Вардар ама не реков дека е решено далеку од тоа реков дека Фленсбург е доста добра екипа и нема да е лесно. А за Металург како сакаш кажи џабе е Кил ќе оди понатака јасно е ко ден !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Можда поарно ќе беше да се паднеа Вардар - Металург зашто ќе имавме загарантирано претставник во полуфинале. Не дека вака немаат шанса, ама сеуште е само шанса.