1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Душа

Дискусија во форумот 'Философија' започната од Y1K991, 26 март 2012.

  1. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    344
    дали ова важи и за животинскиот свет, оти нели велат дека некои животни имаат исто така душа?
     
  2. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,587
    Допаѓања:
    826
    Ова ми се протнало или ми изгледало премногу опширно за одговор.

    Како прво, на темата философија сме, а ти велиш дека „некои велат“ нешто, а не кажуваш кои се тие некои и каде тоа велат? Кој тоа вели дека некои животни имаат, а други немаат душа?
    Или барем на кој начин тие некои одредиле кои животни имаат, а кои немаат душа? По тоа колку покажуваат сличност со човекот во однос на свесноста, која пак е мерило на човекот?

    А друг прашуваш дали ова од линкот важи и за животни, а јас, како прашан во оваа ситуација, всушност се сомневам дека имаш некоја барем основна идеја за текстот од линкот и философијата која стои зад еврејската езотериска мисла во однос на душата и поделбата на се во четворство...

    Вилијам Блејк, големиот светец во E.G.C. вели:

    Let the Priests of the Raven of dawn.
    no longer in deadly black, with hoarse note
    curse the sons of joy. Nor his accepted
    brethren whom. tyrant. he calls free: lay the
    bound or build the roof. Nor pale religious
    letchery call that virginity. that wishes
    but acts not!
    For every thing that lives is Holy."

    - The Marriage of Heaven and Hell

    [​IMG]
     
  3. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,587
    Допаѓања:
    826
    Египет и нивните мистерии околу душата :)

    „Постојат три концепти или три аспекти на душата:
    • [​IMG] Анк, есенцијата на самата душа, симболот кој во египетскиот уметнички канон означува божество, боженственост, па и затоа ги придружува сите богови во нивните претстави.
    • [​IMG] Ба, аспект на душата кој се врзува со личноста, индивидуалноста, поминатиот живот на земјата. Oва e аспект особено битен за египетските фараони, кои верувале дека повторно ќе се вратат и повторно ќе служат како фараони.
    • [​IMG] Кa, самата душа, оној аспект кој патува во највисоките светови, кој се прочистува себеси заедно со својата друга половина БА и му овозможува на фараонот повторно да го искуси земскиот живот.“
    - Богот на магиката Хека и активирање на Ка, fra. HEKAU
     
  4. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    344
    Незнам дали некој го објаснил оној чест феномен, кога животот ти проаѓа како на филмска лента пред очи и тоа во оној момент пред душата да се одвои од телото??
    Мене ми се има случено тоа и до ден денес ми е мистерија..имав една незгода во која пред да ја изгубам свеста, цел живот си го видов и тоа до детали што ги имав заборавено а и што не ги ни паметев, од најрано детство..за неколку секунди цел живот??

    Чудно(think)
     
  5. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,587
    Допаѓања:
    826
    Некои велат дека тоа е од шокот и снемување кислород во мозокот...
    А бидејќи мозокот е физички дел на умот, со тоа умот добива „помалку напон“ и не работи баш најдобро - посебно ако умот не е трениран преку јога, сешто се појавува...
    Чудно...
     
  6. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    344
    глупости кажа:facepalm2
     
  7. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,587
    Допаѓања:
    826
    Кога ќе прочиташ нешто повеќе за медицина - можеби и нема да ти е глупости...

    Сигурно твоето е помалку глупости што го напиша... и сигурно е поврзано со „душа“ поимот, бидејќи само душата слики прави кога го напушта телото при смрт...
    Или ти тоа не го кажа? Што бара тогаш ова на темава за Душа? :)

    Абе ајде :)
     

Сподели: