Душа

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Изгледа ке мора да си го сменам ставот.Ако срцето е моторот на животот значи душата е секоја човечка фигура,и би се кажало,душата сум си "ЈАС"
Ете така,твоето право "јас",сега дојде на моето прво пишано за Душа.
 

Авраам

Староседелец
11 јуни 2013
22
9
603
41
Душата е всушност Божјиот дел во секого кој што Бога го дава секому. Кој што ќе го прифати тој дар ќе биде награден од Бога, но кој ќе го отфрли тој дар станува бездушник и суштество кое го отфрлило најдрагоценото нешто. Бездушниците се робови на нечестивиот и ќе останат тоа и откако ќе заминат од земниот свет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
48
318
31
Аллах вели: „Кога ќе му се приближи смртниот час на еден човек, му слегуваат четери мелеки:
- Мелек кој му ја тегне душата од десната нога.
- Мелек кој му ја тегне душата од левата нога.
- Мелек кој му ја тегне душата од десната рака.
- Мелек кој му ја тегне душата од левата рака.
Мелеките ја извлекуваат душата од јазикот и од врвовите на прстите. Душата се извлекува од телото, исто како што раката се извлекува од тестото, а духот се извлекува како што се извлекува жарот од наквасена просторија. Човекот кој умира, тогаш има чувство исто како стомакот да му е полн со трње, или како душата да му поминува од врвот на иглата, или како небото да ја поклопило земјата, а тој се наоѓа меѓу нив.
Душата е духовна состојба, кога доаѓа до срцето, јазикот онемува, во таа состојба никој не пушта глас.
Душата не се одвојува од срцето се додека не биде прободена со копје од мелекот.
Душата сме ние целите и нашите добри дела во овој живот. Имам поише малце за пишување на оваа тема. :) но здравје.
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Денес прочитав дека душата е смртна а духот се враќа кај Бог.Духот бил здивот што го дал Бог за душата да живее, таа некоја искра во која е кодот и по кој ке не препознавал Бог.Некаде пишува дека душата е бесмртна па сега кој како сака нека си мисли:eek
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Фотографиите се навистина неверојатни, а самиот момент на нивното настанување би можел да биде едно од најголемите откритија на човештвото.

Рускиот научник Константин Коротков тврди дека е во состојба да го фотографира неверојатниот момент кога душата го напушта телото. Научникот користи биоелектрографичка камера за да фотографира смрт на некоја личност, а неговите резултати се неверојатни.

Фотографиите се снимени со иновативна метода со гасови на визуелизација. Оваа метода е напредна техника на Кријановата фотографија која ја покажува душата на личноста која го напушта телото.

Како што кажал Константин Коротков, првиот дел од телото кој го напушта душата е папокот, потоа главата, а последните се препоните и срцето.

Рускиот научник исто така ги истражувал и оние кои имале ненадејна несреќа во која ги загубиле животите. Во тие случаи, душите на луѓето кои ја напуштаат земјата неочекувано прво се во состојба на конфузија, а во поголем број на случаи се враќаат во телото неколку дена по смртта. Оваа појава е навистина необјаснива, а може да биде и резултат на вишокот на неискористена енергија.
C__Data_Users_DefApps_AppData_INTERNETEXPLORER_Temp_Saved Images_telo-dusa5.gif

http://grid.mk/read/news/510994783/...ashe-momentot-koga-dushata-go-napushta-teloto
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Да те препрашам ли|-(
Не, не ја разбирам ниту темата... погледни наназад што се е пишувано... со ништо од тоа не се сложувам, а се мислам дека ако почнам да пишувам на темава, нема да се разбереме ниту 8% бидејќи ќе морам да објаснувам купишта симболи и хиероглифи што значат...
А и ќе се фатам во парадокс како сметам дека има душа која што не постои и слично :)
Денес младите „се палат“ на такви контрадикторни ака „парадоксални“ размисли - како големо просветлување кај оние што се заборавиле пишувајќи без да си ја следат мислата.
„Душата е како орев, потребно е да ја наводнуваш, да ја зачуваш, во лушпа - но да ја ослободиш со еден удар во нејзиниот центар чија што болка е и нејзино ослободување“ - ваков стил на „мудри мисли“, кои не водат никаде.

Оставете тоа душа, кај е, што е, кога е... немате време за истражување на сето тоа, ниту пакк нерви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol