1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Духови

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Hip.Hop_MKD, 18 февруари 2012.

?

Дали верувате во духови?

  1. Верувам/Имам видено

    47 глас(а)
    61.8%
  2. Не верувам

    27 глас(а)
    35.5%
  3. Не сум сигурен/на/Ќе објаснам подолу

    2 глас(а)
    2.6%
  1. JaMi

    JaMi Модератор Член на администрација

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,295
    Допаѓања:
    14,331
    Пол:
    Женски
    http://doktori.mk/element/view/5175708ce75b5/paraliza-na-sonot
     
    На bonboonka и violetmoon им се допаѓа ова.
  2. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,682
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Машки
    Вилијам Вилмер, офтамолог кој работел во Вашингтон во почетокот на дваесеттиот век, бил еден од најдобрите доктори за очи во неговото време. Меѓу неговите пациенти биле осум различни претседатели, од Вилијам Меккинли до Френклин Рузвелт. Освен тоа, ги лечел и Чарлс Линдберг, познат авијатичар, Џозеф Пулицер, и безброј успешни Американци. Но, неговиот најголем успех било тоа што во 1921 успеал да го убеди престижниот весник за офтамологија да објави приказна за духови. Приказната му била кажана на Вилмер од негов пациент, кој го идентификувал како госпоѓа Х., за да ја заштити нејзината приватност. Чудните нешта кои ги искусила таа и нејзиното семејство започнале во 1912, набрзо откако таа, нејзиниот сопуг и нивните деца се преселиле во голема куќа во која никој не живеел една деценија. Куќата немала електрична енергија, била осветлувана од ламби и загревана од стара печка во подрумот. :)

    Јас и мојот сопруг живеевме само неколку денови во куќата кога започнавме да се чувствуваме депримирани. Подот беше покриен со дебели теписи кои го апсорбираат звукот на слугите на семејството кои ја работат својата работа. Оваа тишина беше вознемирувачка. Но, пострашни беа звуците од стапала на луѓе кои не беа таму, или барем не можеа да се видат со голо око. Едно утро, слушнав чекори во собата над мојата глава. Побрзав по скалите и на мое изненадување, собата беше празна. Отидов во следната соба, а потоа и во сите соби на катот, и потоа и на катот над тој, за да откријам дека бев единствената личност во тој дел од куќата. “

    Чудната моќ на куќата растела со времето. Наскоро, целото семејство страдало од болки во главата и умор, а кога тие легнувале да одморат, главоболките и уморот се влошувале. Децата биле најмногу погодени. Тие биле бледи речиси цело време, се чувствувале изморени и болни и имале слаб апетит. Тие имале соба за играње на третиот кат, но и покрај многубројните играчки, тие молеле да играат во спалната соба.

    Во декември годината, госпоѓата Х. и децата биле толку истоштени што одлучиле да отидат на кратко патување, додека сопругот останал дома. Одморот направил чуда за жената и децата, но кутриот господин Х. бил повознемирен од било кога. Чудни и необјасниви звуци го вознемирувале во текот на ноќта и не му дозволувале да спие. Често пати се будел од ѕвонење на предната врата, но кога станал да отвори, немало никого. Истото се случувало и со телефонското ѕвонење. Некоја вечер се разбудил од звуците на противпожарна патрола која застанувала во непосредна близина. Побрзал до прозорецот и открил дека улицата е пуста и тивка.

    Сите слушале звуци, но никој не видел дух... се’ до јануари 1913. Госпоѓата Х. го видела прва. „Едно утро, како што поминував од собата за цртање во трпезаријата, бев изненадена кога видов една чудна жена со темна коса и облечена во црно на другата страна на собата како доаѓа кон мене. Како што тргнав кон неа, таа исчезна. Ова се случи три различни пати.“ Дрига ноќ, една од слугинките се разбудила и видела стар човек и млада жена како седат на крајот на нејзиниот кревет и гледаат во неа. Таа лежела парализирана се’ додека невидлива рака ја допрела по рамото и таа одненадеж можела да стане. Како што станала, човекот и жената исчезнале. Една друга ноќ, господин Х. бил разбуден од прсти на дух кои се обидувале да го задават за вратот.

    Доколку само една личност гледала и слушала чудни работи, тоа би се претпоставувало како имагинација на личноста. Но, сите во куќата слушале чудни звуци и гледале привиденија. Што и да се случувало во домот, било вистинско. Кога семејството ги контактирало претходните сопственици, разбрале дека истото се случувало многу години.

    Докторот кој го посетил семејството во домот имал поинаква дијагноза. Тој тврдел дека мебелот е загаден со јаглерод моноксид, што може да биде фатален. Семејството го сменило мебелот и ја исчистило куќата со професионалци и кога се вратиле повторно во домот, звуците не биле таму. Како духовите биле поврзани со отровот, се’ уште не е познато
     
  3. КоњчетоЅвончо

    КоњчетоЅвончо Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    2,090
    Пол:
    Женски
    Не верувам во духови ниту па ќе верувам, не сум ни видела, а тешко и дека ќе видам ја вака не ги приметувам луѓето не па духови да гледам :D
    но во последно време т.е последниов период не секогаш но доста често кога си легнувам некој ко да ми дише во лицето поточно издишува, го осеќам здивот. Далеку сум од прозорот за да се некои струи, а и да би биле нема само на лицето а низ цело тело би ги имало.
    Немам појма што би можело да биде ама таман ми доаѓа за добра ноќ малку ладен воздух.
     
    Последна промена: 15 ноември 2015
    На Mnogo Bitno, Tantara и Pica pica им се допаѓа ова.
  4. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,682
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Машки
    Ти едноставно си го рестартирала компјутерот,а екранот по грешка не си го исклучила :nah:cool:
     
  5. incule

    incule Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    610
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Не верувам,глупости се тоа
     
  6. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Истакнат Член

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,682
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Машки
    Верувам во паранормални појави :^)
     
  7. КоњчетоЅвончо

    КоњчетоЅвончо Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,048
    Допаѓања:
    2,090
    Пол:
    Женски
    Ти се случила ли некоја таква појава?
     
  8. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,096
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Не верувам, за секоја ситуација има објаснување.
    Луѓето што живеат во страв секогаш слушаат нешто или нешто гледаат. Ништо нема, само тие така се поставуваат затоа што се исплашени.
    Исто така не ја исклучувам можноста да кажам дека некои анксиозни и депресивни личности кои земаат лекови, се склони да слушаат и да перцепираат абнормални работи. Сигурн сум дека во сите такви случаи лицето е под дејство на лекови, кои ги зема прекумерно.
     

Сподели: