1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Друштвени игри

Дискусија во форумот 'Хоби' започната од MissChievous, 21 февруари 2012.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,012
    Дали ви се допаѓаат друштвените игри? Која ви е омилена? Кои сте ги играле до сега?

    Јас ги обожавам! Како најомилена ја одвојувам:
    [​IMG]
     
    На The_melnicanecot, cakar_ulav, maculka и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,930
    Кој карања биле на монопол. :mad::rofl
    [​IMG]
     
    На ScorpioNka, Makedonec, Tantara и уште 10 други им се допаѓа ова.
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,624
    Лееејј времиња на млада адолесценција... Колку партии монопол сме имале пројдено со комшиските деца, таблата знае. Ги знаевме на памет дури и цеховите за плаќање на рента, со една/две и натака куќи. Сеа ретко играме но коа се собираме не избегнуваме барем една партија.

    Истотака одлична игра е ова
    [​IMG]
    каде што треба малку црпкат да ја користиш, па по пат на елиминација + претпоставки да стигнеш до самиот крај.

    Во подоцнежно време ја играв со брат ми оваа [​IMG]
    Кој ја има играно Settlers на компјутер, ќе го знае концептот на оваа. Финтата е да се стигне до еден стадиум на градење, а тоа се постигнува со собирање ресурси. И нормално, коцката игра главна улога.
     
    На Dea, Hip.Hop_MKD и DarkPassenger им се допаѓа ова.
  4. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,874
    ...покер сс другари на по пеешче, чисто онакој другарки за забаву :skip
     
    На Tantara и Nightmare_f им се допаѓа ова.
  5. Gabriela

    Gabriela Активен Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    145
    Допаѓања:
    139
  6. Dea

    Dea Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    156
    Допаѓања:
    196
    И ЈАС СУМ ЈА ИГРАЛА ТАА ВТОРАТА! ТЕТКА МИ ЈА КУПИ ОД ГЕРМАНИЈА И СЕ ВИКА CATAN И МНОГУ Е ИНТЕРЕСНА! СЕ ИГРА 2 ЧАСА АМА МНОГУ Е ДОБРА И ЗАРАЗНА! сО ДРУГАРКИТЕ ЈА ИГРАМ, ИМ ПРЕВЕДУВАМ СЕ ОД ГЕР-МАК И БАШ НИ Е ИНТЕРЕСНО! :biggrin
     
    На The Tramp и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  7. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Монопол, домино, не лути се човече... играв мноогу со кој стигнев со сите играв. Кога ќе играв монопол со саати, некогаш и со денови, оставено се напишано нареедниот ден да се продолжи со игра. :D
    Сега чат пат играм со брат ми ама ме нервира ммногу голем плачко е, сака да му попуштат, а јас не попуштам и се скараме. Нема да верувате една вечер колку плачеше што го победив на не лути се човече ама чат пат знае да ме победе и без плачки. :rofl

    Карти највеќе играм летно време, со друштво играме кај некој во двор, најчесто играме кент, магаре и макао. Исто сакам и таблонет да играм. :)
     
  8. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,082
    Допаѓања:
    1,630
    Нормално као дете ми беа омилени нелутисе, монопол, ризик, подморница и тн..А сеа у последно време многу повеке играм игрица шо се вика цугопол...играва е као монопол само е пијачка игра уствари и интересна е у секој случај..еве и слика да видите што е:) cugopol.jpg
     
    На The_melnicanecot, street_chic, DarkPassenger и уште 1 член му се допаѓа ова.
  9. She

    She Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    568
    Оф бе колку ми недостигаат тие денови :eekops: Еднаш се сеќавам со сестра ми 7-8 години може сме имале, игравме монопол, па пошо ептен губеше она многу се изнервира и зема апсолутно сите ливчиња ги распртали и искина :giggle Па после плачење, па ку пување нов монопол, цц :)
     
    На Hexasto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. важна

    важна Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    552
    Допаѓања:
    694
    Хахахах баш така :D ехее колку сме се карале на играва, најчесто заради кредитите. Си имавме ново формирано правило да може некој играч ако сака да купи нешто или нема пари, за да не банкротира да подигне кредит и после секој круг да враќа одредена сума на пари. Е тука идеа расправиите, ти не врати, вратив, па местења па лажења па триста глупости :D и секогаш остававме наместено за да продолжиме другиот ден :D
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: