Другар(к)ите на партнерот

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Да..Како прво тоа е нејзино право дали ќе има другар или не. А нормално другаро ако си женско, и другарката ако си машко можат да си кажат се и никогаш нема да бидат кажани затоа што измеѓу машко-женското пријателство нема тајни а се што е кажано останува меѓу нив. Нема објаснување но тоа е секогаш така, барем во моето опкружување.:)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Кога сте во врска - не го поседувате телото и умот на партнерот! Не поседувате ништо негово освен она што тој ќе ви го даде!
Поседувате она што ќе го изградите заедно околу таа врска!

Забранувањето да се има најдобар пријател е како да забраните некому да го јаде омиленото јадење бидејќи на вас не ви е омилено :)

А ако постои сомнеж дека партнерот ќе направи нешто со тој најдобар пријател - раскинете и опуштете си ги нервите малку... и доведете се во ред бидејќи со тој ум да ограничувате било кој, се ограничувате себе си да уживате во животот ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Хоуп*

IronMan

Нов член
7 ноември 2013
20
10
3
Не бе, нека си има другари. Како е јас да можам да си имам другарки и да сум близок со нив а таа не... а, а ? Е неможи :D
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Ниту прекинав контакти со другари ниту тој со другарки. Не праи сцени, не праам сцени. Едноставно тоа се луѓе кои се дел од нашите животи и биле таму уште пред да се запознаеме и сеа да прекинуваме контакти оти се од различен пол. ЈОК!
П.С. На дечко ми колега жена му и телефон му забрани да користи кај неа стои телефонот ако некој го бара мора таа да дозволи да се слушнат. Некои луѓе му ги избриша пред време од листата на живите. После ова што и да направи човек не ми изгледа љубоморно.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
На почетокот тој нејќеше да се гледам со другарите, љубомореше. Јас продолжив да се гледам. Почна да вика, да не се гледам со нив ова, она. Ние искочени, поминува другар ијас нормално, ко секад. Е, што правиш, ќе се гушнеме и дечкоми после тоа пак викаше да не се гушкам со нив, да не зборам... Еднаш ги викнав другарите во кафич да почастам за нешто, не се сеќавам сега зашо, нема везе. Таму и дечкоми со нас. Кој како доаѓа ќе се поздравиш, ќе се гушнеш.
Тој тогаш збесна, полуде, почна да вика пред сите нив, дека имам дечко, дека не може да ми бидат другари. Јас тогаш го викнав на страна. Му реков
Ти дадов време да сватиш, реков не си навикнат на такво нешто. Ти дадов време да ја смириш љубомората. А ти што направи? Продолжи по свое. Скоро цел живот се знам со нив, секогаш биче покрај мене,и ти нема тоа да го расипеш. Со нас е готово.

Му реков дека е готово, за да сфати што направил, што згрешил. Знаев дека за кратко ќе се врати, нема да издржи.

По три недели, по проба седиме у бистротот што е у театар, и тој со другарите негови седи на маста спроти таа кај што седев јас. Почнаа да доаѓаат другариве, седиме, збориме, се смееме. Го гледам овој пука од љубомора. Дојде до нашата маса и ме викна да отидеме во другиот дел од бистрото за ра збориме нешо. Отидовме. И почна да ми збори
Знам што направив, свесен сум, и жал ми е. Ќе се променам, неѓа да бидам повеќе толку љубоморен, нема да ти бранам да се дружиш со нив, само дај ми втора шанса. Неможам повеќе без тебе. Те молам. Ќе ми дадеш ли втора шанса?
Јас само го гледав и ништо не кажав. И мене ми недостигаше, не викам не. Едвај издржав без него, ама знаев дека ќе се врати. Потоа реков
Да, ќе ти дадам.
Се бакнавме, ме крена и почна да ме врти во круг. Бев пресреќна што повторно, по три долги недели ја сфати лекцијата и повторно е тука, повторно се гушкаме. Се вративме кај другите фатени за рака и насмеани. Сите се зачудија. Им кажавме дека пак сме заедно.
Потоа седевме сите заедно и зборевме. Цел викенд седевме заедно и се гушкавме, да надополниме за тие 3 недели.
Од тогаш, дечко ми нема никаков проблем со тоа што се гледам со нив.

Тоа беа тешки три недели, ама си ја научи лекцијата. Така му е кога сака да е со мене. Таква сум си