1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Државно vs. Приватно = лажна дилема?

Дискусија во форумот 'Философија' започната од Outrider, 30 октомври 2014.

  1. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Свашта. Шах мат позиција.
     
    #21 Falanga, 19 мај 2016
    Последна промена: 19 мај 2016
  2. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Не ми е јасно како сум матиран од по потреба оформени дефиниции и неплански поврзани потези.
     
  3. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Не разбираш. Не си ти матиран. Матирана ни е државава (со таков народ). Тешко разбирање, затоа реков батали почнување тема на разговор. Во некои други времиња можеби.
     
  4. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Е тоа си у право.
     
  5. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Назад на темата, случка од „некња“.
    Одиме со жената на хематологија под сомневање дека имаме онколошки проблем. Влегуваме во една рушевина во рамките на државна болница на закажан термин. Таму после кратка борба со некои паметни што мислат дека мене ќе ми влезат преку ред влегуваме кај докторкава и она вика, најдобро отидете си на приватно бидејки на онкологија тешко веројатно дека ќе ве примат моментално и да ви примат ќе ви закажат биопсија за 30 дена.

    Одиме на приватно. Завршуваме работа експресно. Ме гледа докторот така дотеран business formal и ми вика што си ти по струка? Му кажувам што сум и ми вика господине не ви наплаќам преглед и анализа само спасувај види ваков проблем имам. Отворам кај него ERP-от гледам базата му ја закачил crypto ransomware. Ах велам маестро ти си ми сега во раце... Види со жена ми како да ти е ќерка. Јас ќе ти обезбедам два биткоини откако ќе видам резултати. Праќа резултати, плаќам јас со два биткоини, добивам decrypt клуч, вршам декрипција, ја враќам базата на место. Се клања вели доаѓајте секој месец на биопсија за секој случам во наредните 3 месеца, јас така би направил за ќерка.

    А така ли? Поздрав до државна онкологија што го оставија татко ми да умре онака на заебанција. Можело и по пат на економија, а можело и по пат на натура. ете ја разликата меѓу државно и приватно.
     
    На Метаморф му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Баба ми беше зимово 10 дена у болница,да не беше татко ми да носи апчиња од дома немаше шо да и дадат.Третата вечер сестрата (една намрштена мислиш за газ си ја фатил) сакаше да и даде пеницилински апчиња на баба ми,а алергична е на пеницилин.Ќе ја умреа жената да не бевме ние.Пациентите сами си помагаат меѓу себе и фамилиите шо идат по посети.Инаку тоа е институција за побрзо умирање не се тоа болници.
     
    На Ѕвездичка му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Единствено би рекол дека кардиологија вредат колку-толку. Знам дека се трудат. Мајка ми и другар ми ги спасија од сигурна смрт, навремено дијагностицирање акутни инфаркти и интервенции во 2 саат по полноќ на 01.01.2014.
    Замисли, во УРГЕНТЕН центар НЕМА ЕКГ апарат!!! Можеш ли да замислиш? Од таму ме праќаат на ТОКСИКОЛОГИЈА за ЕКГ, ја носам мајка ми на раце во токсикологија, таму и прават ЕКГ, се јавуваат директ во кардиологија да спремаат сала, од таму преку ходници на кардиологија, таму итно короноскопија и веднаш стентирање во последна секунда.

    Леле ќе се убијам, не знам дали да се смеам или да плачам, нема ЕКГ на ургентен... оу.... мај.... гад..... фак ми!
     
  8. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Де бре душко,на интензивна апчиња нема та за ЕКГ дошло работата,шо си чуден.
     
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Може и не е исто со имбецил пошто имбецилноста во основа е вродена, повеќе би можело да се зборува за патриотизмот како ментална болест. Норвешки патриот е иста ствар како и парагвајски или било каков. Норвешка со векови и векови била срање место за живот, сиромаштија и затупеност, емигрирале масовно цело село во САД и Канада, денес имаат висок животен стандард, утре којзнае.
    Патриотизмот е емоционален однос кон фантазии, замислени поими како држава (наспроти државен апарат) и народ/нација (наспроти група на луѓе), одделен е од реалноста и иницира ментална инертност и затупеност.

    Најтешко е за оние кои искрено поверувале во тие митови, тие секогаш страдаат најмногу, штета што не читаат малку историја.
     
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Друга беше поентата на темава, секако дека приватното здравство е подобро од државното, темата е околу државата како економски механизам преку кој се полнат сосема приватни џебови, аферата со Панама е само една од многуте пред некоја година имаше афера дека на оф-шор сметки имало 32 трилиони долари во светот. Значи имаш една организација која има монопол врз употреба на организирана сила и која насилно собира пари од рајата која е географски присутна во некоја држава било која. Лицата кои се на врвот на пирамидата ја ставаат во џеб разликата меѓу апсолутно минималното трошење за да ги задоволат граѓаните за да бидат оставени на власт и собраните пари преку даноци или позајмените пари чија колатерала е пак рајата.

    П.С. Се надевам дека сепак не се работи за онколошки проблем и дкеа се` ќе биде во ред :)
     

Сподели: