1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Државно vs. Приватно = лажна дилема?

Дискусија во форумот 'Философија' започната од Outrider, 30 октомври 2014.

  1. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Патриотизам на грешка место си бараш.Македонија е држава каде што патриотизмот служи како алатка за одбрана кога нечии интереси се загрозени.Чист пример еве ЖМРО vs Шарената револуција.Дечкиве ги офарбаа скулптурите и стиропор зградите на ВМРО затоа шо се испра невидена сума пари,а деца умреа и јавниот сектор е на дното,а овие го искористија патриотизмот и испраните мозоци синовите на Ацо македонски (ХАХАХАХАХАХАХАХА) во своја корист како одбрана.
     
  2. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Врска нема твојава дефиниција за патриотизам. Напротив, патриот е тој кој ќе гледа да преживее за да може повеќе да направи за својата држава и нација. Мртов патриот не е патриот. Никој не би загинал поради патриотизам. Би се впуштил во ризик но не би загинал. Никој не се впушта во бој за да загине туку да победи, освен можеби камиказите од втора светска војна но тие и онака биле пијани и дрогирани така да не се репер.
    Патриотот е најпрво и примарно критик кон својата држава, со цел подобрување. Оној кој е дел од владејачка партија или слеп приврзаник на погрешната политика не е патриот туку напротив.

    Колкав процент од народот се филозофски образовани и свесни? Кажи ми ти со реални бројки и објективни дефиниции, не ми користи проста маса за искажување поенти :) осуден си на неуспеш со таков пристап :) no offense
     
  3. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Вистински патриот умира од љубов за татковината, тешко дека ќе победи малубројни македончиња сме, а и оружје од каде ?! Мора некој да се жртвува, ете војна ако има, само патриотите ќе се нафатат своеволно да ја бранат, други мажи би биле приморани.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Па добро ете никот ти е Falanga,се воздржувам од дебата.
     
  5. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Многу се греши патриотизам-национализам.Тоа шо се претставува како патриотизам е наци идеологија.Патриотизам не е да се кажиш дека си антички македонец и дека Солун е наш.Патриотизам е да ти е гајле за народот и државата,да биде се ок,да нема напатен народ,да имаш нормална држава,да имаш луѓе шо сакаат да живеат тука,кои што можат да творат.Имаме национализам 25 години,кој е успехот од сето тоа?
     
  6. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Бидејќи не е јасно гледам:
    Патриотизам: Почитување и сакање на сопствената држава и нација, почитување на другите држави и нации, идеја за соживот и соработка.
    Национализам: Почитување и сакање на сопствената држава и нација, НЕПОЧИТУВАЊЕ и омраза кон другите држави и нации, идеја за федерации, алијанси и имање на заеднички непријатели.

    Не гледам причина зошто би се воздржал од дебата поради мојот никнејм?
    Јас треба ли да го коментирам твојот никнејм? Што значи Метаморф?
     
  7. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    970
    Метаморфоза е застапена кај инсектите, мислам дека е преобразба од на пример гасеница во пеперутка :)
     
  8. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Нели гледаш дека ја истото зборам од преѓеска?Кај си вишол ти на база на власта соживот и меѓупочит?Имаме дискриминација,немаме демократија,имаме само национализам.Тоа не е патриотска држава како што ни е презентирано.Никој не е патриот,сите се патриоти по потреба а скоро сите се националисти.Кај нас менталитетот не ни е развиен до тој степен да ги разграничиме тие работи,а уште помалку па да превземеме нешто за соживот без поделби.
    П.С фала ти @CapricornBaby за појаснувањето. :D
     
  9. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Full Definition of metamorphosis
    plural metamorphosesplay \-ˌsēz\

    a : change of physical form, structure, or substance especially by supernatural means
    b : a striking alteration in appearance, character, or circumstances

    Но да не тераме офтопик, не тоа тема на дискусија. Сосем небитно.

    И сеа што треба да правиме? Да се самосожалуваме додека не цркнеме? Или треба да засукаме ракавите и да почнеме од некаде?
     
  10. Метаморф

    Метаморф Истакнат Член

    Зачленет на:
    5 декември 2014
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    336
    Засукани се веќе ракавите.Али како и да е не е битно и онака еден ден сите ќе умриме.
     

Сподели: