1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Државен испит за студенти

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Ана-Каренина, 5 октомври 2014.

  1. Ана-Каренина

    Ана-Каренина Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    998
    Допаѓања:
    1,749
    СПИРО РИСТОВСКИ: ДРЖАВНИОТ ИСПИТ ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
    Целта на воведување посебен испит во рамки на високото образование е да обезбедиме квалитативен филтер кој ќе биде верификација на квалитетот на високото образование во Република Македонија. Станува збор за концепт кој како Министерство за образование и наука го разработуваме.
    Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање за неодамнешната најава за новина која се планира во високото образование – државен испит по втора и четврта година на студиите.

    Посочи дека разгледуваат повеќе меѓународни и европски искуства во поглед на високото образование кои се во рана фаза.

    – Имаме извршено истражувања и анализи во повеќе земји каде што постои ваков државен испит. Формата и начинот на спроведување е генерално идентична и крајната цел и кај нив е верификација на квалитетот. Сите сме сведоци на бројните шпекулации кои постојат дека многу лесно на определени факултети се добиваат дипломи. Токму тоа беше иницијалната мотивација врз основа на која пристапивме да анализираме и да бараме меѓународни искуства во таа насока, посочи Ристовски на прес-конференција за реализацијата на процесот за прием и сместување на студенти во студентските домови.

    Таквото решение, појасни, кое ние го разработуваме, анализираме во оваа фаза и во овој момент, ќе биде предмет на јавна расправа, на дискусија и разговор со универзитетите.

    – Во периодот кој следи ќе има бројни анализи, дебати, спротивставувања на аргументи „за“ или „против“. Целта не ни е да се наруши автономноста на кој било од универзитетите, туку целта ни е како одговорна Влада и воопшто институции во системот на Македонија да обезбедиме зголемување на квалитетот на високото образование. Сметам дека во тој дел и универзитетите ќе имаат интерес да спроведеме една заедничка реформа која ќе биде посебен верификациски испит за целокупниот образовен процес на соодветниот студент, рече Ристовски.

    Ги повика сите кои имаат каква било идеја со која веруваат дека можат да придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование, да понудат решение.

    – Како Министерство сме подготвени да ги сослушаме сите кои се директни учесници во овој процес, меѓутоа крајната цел да биде предлози и реформи кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот на високото образование, додаде Ристоски


    Превземено од http://www.fakulteti.mk/
    Како што можевте да видите во изминативе денови се спрема воведување на реформа во високото образование. Какво мислење имате вие за ова тестирање.
     
  2. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    И кој квалитет кога на крај вработуваат партиски луѓе.
     
  3. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Дали е можно бе само јас ко ќе станам студент вакви срања да излегват бе :banghead:nah
     
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Зачлени се во партија и немаш гајле.
     
    На Kisserboy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Можеби сега студентите на крилата на револтот ќе се дигнат на протести? Мислам дека протестите треба да се одржат синхронизирано со стапувањето на Џена Џејмисон во манастир. Бидејќи шансите за двата настани се еднакво големи...
     
    #5 Outrider, 5 октомври 2014
    Последна промена: 6 октомври 2014
    На Ана-Каренина, alba, $3Я3|\||)&p&†Y и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. *Hera*

    *Hera* Староседелец

    Зачленет на:
    18 септември 2013
    Мислења:
    33
    Допаѓања:
    32
    Моето мислење мислам дека го дадов доволно јасно, но ајде и тука, официјално да се испукам.
    Овие луѓе, дефинитивно не се нормални.
    Прво, сведуваат образование на минимум, а потоа сакаат да го дигнат од пепелта...
    Само, ме заинтересира...дали сте вие информирани во кои држави е воведен ваков испит????
     
  7. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    јас додека стигнам студент ќе измислат уште милијарда испити само за да имам поголеми давачки и да паѓам по сто пати
     
  8. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    Македонец, на протести? Македонецот прави гужва на митинг, распродажба и појадоци на мостови.
     
    На Ана-Каренина, Prashina, alba и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Где почети? Абдилаќим Адеми - министер за образование и наука, иначе инженер по металургија. :biggrin
    Почнувајќи со информацијава, веќе можеме да идеме у курац. Покорисно би било за одбрана да го ставеле овој, бар зољи ќе калемел, а Џафери за образование пошто молчењето е мудрост/злато, нели. Настрана од терањето курташак, траги-комична е ситуацијава.
    Демек сега ќе се исчистат факултетите од незнајните, важи. Исто ко што се виде и знаењето на „влијателниве“ средношколци на кои мама и тато им ги најдоа тестовите за екстерно. Абеее...а администрацијата кој од кој поучен и пописмен, не можат да ни објаснуваат сега зошто решиле така, сфатете ги.
    Они за едно интервју се спремаат со недели и пак звучат ко улични дрвосечачи, а не во еден семестар да преполагаат две години. :facepalm2

    Ако сакаат само најсолидните да продолжат понатака, ќе си ги вратат приемните и ќе си го стегнат малце газот зинат за пари...пардон, ќе ги стегнат малку критериумите, а не три уписни рока лупнале и примиле раја со по вкупно 40 освоени поени во квота со кофинансирање (чиј број уште малце ќе ја надмине и државната), па згора на тоа, додале и трошоци за презапишување предмети по 600/1200 денари, студентски парламенти на кои немаме видено очи, спортски активности во сали кои ги нема, и книжен фонд и оштета на инвентар присоберен по селските школи од 1940та. Ама оди не плати...:^)

    Има(м) многу за паламудење, ама да ги оставиме делата да зборат, за крај.
    Ве молам да оддвоиме 2-3 минути и си да ги преиспитаме животните цели, како и да си ја споредиме интелигенцијата со највисокиот претставник на интелектуалците кои ја застапуваат оваа брилијантна идеја.
    Благодарам.

    Меанизми да си вградуваш во зољите таму...'рчпал еден.

    И ќе протестираме, аха, со 80 денарското кафе од бифе во рака и боемските муабети како не јебе системот и неќе да просперираме.
     
    На Nekoe, Ана-Каренина, lady_blue и уште 6 други им се допаѓа ова.
  10. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Паметно :)
     

Сподели: