Дресирање на кучиња

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кучето е животно кое во себе се уште ги има навките на чорот и бара водач.Доколку сопсвеникот на кучето не се обиде да биде негов водач,кучето ќе ја преземе таа улога која ќе предизвика многу конфликтни ситуации. Се разбира дека и кучињата имаат чувства и не треба со дресирање да се направат роботи без свој карактер,бидејќи токму тоа ги чини различни и интересни за сопственикот.
Дресирањето е долг процес кој со себе привлекува многу големо трпение и издржливост.
Пред да се одлучите да земете да чувате куче,видете дали сте во можност да му приуштите адекватни услови. Ако не го чувате во стан,треба да му направите бокс каде што кучето ќе биде заштитено од сите временски услови.
Да прифатите куче значи да се грижите во потполност за него.(За неговото сместување,исхраната,здравјето и физичките активност кои го прават среќни. )
Во оваа тема сакам да споделите најдобри начини,тактики и искуства за дресура и негување на кучињата.
cekajy.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Мој другар има вучјак и знам дека го дресираше, го тераше да прескокнува огради и такви ствари, дури мислам дека беше и на натпревар еден во Хрватска (think) Како и да е, јас лично не би чувал куче кое има потреби од дресирање, трчање, шетање, па да го учиш надвор да моча и слични ствари пошто како прво немам време за тоа, а како второ да бидам искрен немам ни живци. Како што рече еднаш другар ми, кучето е како член + во фамилијата, бара грижа, внимание, љубов и што е најважно, пари за храна. Знам дека тој постојано купува мартадели, месо, леб и такви ствари а да бидеме реални сето тоа не е баш ефтино (shake) А веќе ако имаш куче греота е да го оставиш да гладува. Али секоја чест на оние кои искрено им се посветуваат на своите домашни миленици, им се восхитувам и понекогаш само на момент посакувам да имам едно такво нежно суштество кое ќе ми биде најдобар пријател, ама ајде има време за се. Кога ќе пораснам и ќе земам сопствена плата, тогаш може да се размислува за земање куче. Сега за сега ќе се задоволам со играње на Лео (кучето на другар ми).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А зошто мора дресирано да биде? Сигурно нема да е полициско куче и да бара дрога, па дресирано да е.
Тешко е куче за чување, посебно во стан. Па и во куќа, некој ќе треба да чисти по него, затоа најубаво мачка. Ни се замараш со чистење, ни ти треба некаква куќарка.

Доволно е кучето да не биде врзано цело време, да биде шетано 2-3 пати во денот, да јаде убаво а не тоа што останало од вчера, дресирање не е толку потребно.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Како зашто?! Децата треба да се воспитуваат или немора бе...дај им само да јадат,пијат и спијат!?[emoji15]
Првите две реченици од погорниот пост прочитај ги уште еднаш!
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Абе сеа споредуваш човек и куче мајке му .. ај размисли зошто не треба да споредуваш. Сигурно нема јас да имам бебе и да го „тренирам“.
Немаат исти сфаќања ..
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Искрено куче не заслужува да се споредува со "многу човеци"(мајке му),инаку го употребив терминот "воспитување" кој соодветно одговара и кај двата посочени примери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN
24 јануари 2015
7
10
3
Тука
А зошто мора дресирано да биде? Сигурно нема да е полициско куче и да бара дрога, па дресирано да е.
Тешко е куче за чување, посебно во стан. Па и во куќа, некој ќе треба да чисти по него, затоа најубаво мачка. Ни се замараш со чистење, ни ти треба некаква куќарка.

Доволно е кучето да не биде врзано цело време, да биде шетано 2-3 пати во денот, да јаде убаво а не тоа што останало од вчера, дресирање не е толку потребно.
Врзано а? Знаеш што добиваш со врзано неиздресирано куче? Демон! Кучињата не се дресираат за да бркаат криминалци, туку да знаат како да се однесуваат со луѓе. И знаеш какви последици имаш од куче врзано на ланец? Психички нарушено куче, а го пуштиш, беснее како лудо, како да не видело слобода со децении. И не само тоа, ако кучето е врзано, најголем е ризикот да го отруе или украде некој, а уште поголем е да биде нападнато од друго животно или да биде повредено од опасен предмет.

И замисли што би правело кучето, ако одиш да го шеташ (неидресирано). Ај, да ти олеснам, најпрво, ќе те влече како да не си му сопственик, ќе скока по луѓе, па ти дери му се, троши глас, нема да те слуша. НАЈБИТНО е кучето да знае команда „Не“. Со таа команда после може да се издресира на што сакаш. Прави грешка кучето, ти веднаш „НЕ!“. Но, уште поважно е да го наметнеш авторитетот. Тогаш се' што ќе му кажеш ќе слуша.

Јас да ја држев врзана мојата Ерделка, па и неиздресирана, ќе беше куче-машина. Се' пред себе ќе напаѓаше. Ерделите се раса со премногу енергија и мора да бидат дресирани, да учат нови работи инаку куќата ќе ти биде превртена наопаку. Истото важи и за Бордер Коли, но тоа полесно се дресира зошто се најпослушните кучиња во светот.