1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Древен Египет, фараони, пирамиди

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Altaïr, 20 декември 2014.

  1. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,570
    Тема која ме интересирала отсекогаш. Имам некои книги дома ама не е тоа тоа, повеќе слики има во нив а ништо од тоа што сакам да го знам.
    Затоа еве една тема па секој што знае нешто нека си пише мислење.

    Еве на пример мене ме интересираат неколку работи.
    Како се изградени пирамидите и како тогашните луѓе што ги правеле успеале во тоа?

    Дали стварно фараоните биле богови на земјата? Колку што знам за такви ги сметале.

    Нормално не мора само да одговорите на прашањава, можете да си пишувате се во врска со египетската цивилизација, нивните богови и се поврзано со древниот Египет.
     
  2. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,750
    Допаѓања:
    1,000
    Иам одамна читано дека Јапонците пробале да направат нешто помала пирамида од веќе постоечките и дека до одредена висина ја граделе после се рушела, и веќе се откажале од намерата.
     
  3. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,988
    Допаѓања:
    9,617
    За да се започне сериозна дискусија околу ова, треба да се разграничи оноа што се знае и е научно поткрепено од оноа што научната фантастика пробува да го протне како факт. Кога првото ќе се стави на маса на дискусија тогаш би можело да се започне длабока дискусија.
    Летечки чинии и такви работи фрлете ги на страна, тоа е измислица на почетокот на повоениот поредок кој пробува да ни втисне некои лесно-соџвалкиви теории слични на оние во средниот век и библијата.
    Кој и како го измислил огнот е вечната дилема така да тука не треба да се тера таква асцендална политика туку се почнува од опашот кон главата, па до каде се стигне. Науката секогаш е отворена за нови теории секако ако се поткрепени од научни докази. Затоа ќе почнеме од историскиот факт дека египетската античка (пра)историја се дели на 3 главни периоди, на рaн, среден и доцен период со меѓусебни коридори или преоди од еден во друг период. Доста битен факт е дека пирамидите се одлика на раниот период додека храмовите се од средниот и посвено доцниот период. Кога ова вака би се разграничило би продолжил понатаму со дискусијата.
     
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,570
    Да знаев ќе разграничев, врска си немам од ова. Затоа пишав не мора само прашањата да се одговараат. Пишете си што знаете не е проблем, мене се ме интересира а најмногу тие две прашања што ги пишав.
     
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,698
    Допаѓања:
    5,237
    А кој е изворот, од каде потекнува првично тврдењето за Кеопс како градител на пирамидите?

    Кој би знаел.
    Со алатите кои ги немале, со тркалото кое го немале, со финансиите кои ги немале, со сурплусот кој е потребен за дведецениски стендстил на економијата, со транспортот кој го немале, со инструментите кои ги немале и со работната сила која ја немале - најприродно објаснување е дека Египјаните го израмниле платото во Гиза за да направат гроб за фараонот? :rofl
    No wonder there`s a place for aliens if the oficial narative is so amazing.

    П.С. и после сет тој напор, заборавиле да го метнат Кеопса внатре.
     
  6. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    352
    Па и во тогашно време да пробале да изградат Емпајр стејт ќе им се рушела.Пирамидата е античка емпајр стејт и функционира како денешниве облакодери што функционираат.Уствари,пробале да изградат во античко време вавилонска кула што не успеала никогаш.
     
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,698
    Допаѓања:
    5,237
    Eмпајер стејт спрема Гиза платото е како стојадин спрема Астон Мартин :)

    [​IMG]

    Оригинално, пирамидите биле обложени со бел камен и имале златни врвови а и целото опкружување било прилично различно него шо е сега.
    Мора да било спектакуларна глетка која го одзема здивот. И за разлика од емпајр стејт, биле градени за да траат. И траат. И траат... :kafe
    Во Египет имало поговорка дека луѓето се плашат од времето а времето се плаши од пирамидата, илјадниците години не се заслужни за сегашниот изглед туку рајата која со векови крадела материјал од пирамидите за да гради куќи и остали објекти во близина, немаштија, морале да се снаоѓаат, посебно после доаѓањето на исламот таму...
     
    На LittleButterfly и Podem им се допаѓа ова.
  8. __Fenix__

    __Fenix__ Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,714
    Допаѓања:
    740
    Јас мислам дека тоа дека нема логика некој да се здроби од редење некаков си камен за да оддаде почит некому?
    Или пак да не ги граделе за да знаат кога ќе дојде пролетта , па нормално доаѓа кога ќе расцветаат цвеќињата ...
    Сигурно по мое мислење е некој знак ,сакаат со тоа да му дадат знак некому ?!
     
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Ги граделе за да знаат кога иде лето и да се припремаат за сончање.
    Каков муабет еј :facepalm2
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,061
    Допаѓања:
    779
    Не е за почит само работата, фараоните си ги граделе пирамидите за самите себе, не за да оддаваат почит на некој друг. Со тоа сакале да останат бесмртни, и во буквална и во симболична смисла, бидејќи се додека постојат пирамидите, ќе постои и споменот за фараоните што ги создале.
     
    На existence, __Fenix__ и Saladin им се допаѓа ова.

Сподели: