До каде сте спремни да одите за да постигнете успешна кариера?

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
До каде мислите дека сте спреми да одите за да да постигнете успешна кариера, и што се би оставиле за неа?
Дали би жртвувале пријатели, роднини, сродна душа... за успех во работата?
 

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Многу ти е огромна сликава на потписов, ме буни што е постот :)

Реално за сè има време, доколку добро се организира времето - и за пријатели, и за роднини и за љубов...
Меѓутоа факт е дека тоа време за забава и дружење е значително помало и ограничено доколку се решиш да се посветиш на кариерата и да бидеш успешен во тоа.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
До каде мислите дека сте спреми да одите за да да постигнете успешна кариера, и што се би оставиле за неа?
Дали би жртвувале пријатели, роднини, сродна душа... за успех во работата?

За да постигнеш успешна кариера ти треба голем мотив, голема желба, идеја, замисла, многу многу труд и реализација.За ништо на светот не би го жртвувал другарството кое трае долго време, нити пак моите најблиски роднини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
Се согласувам со претходните постови и јас никогаш не би жртвувала другарство, ниту пак некоја блиска личност заради успешна кариера, зошто не сум таков човек.
Но да бидеме реални денес е многу тешко да се успее само со квалитет и волја, зошто тоа е она што најмалку се цени во државата. За да бидеш успешен денес во Македонија треба да газиш врз живи луѓе, ама буквално да газиш и да немаш проблем со тоа. Секако секоја чест на ретките исклучоци кои навистина успеале со труд и мака, но за жал таквите се помалку ги има денес. Жално, ама вистинито.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
До каде сум спремен да одам? До Канада, Австралија... пошто овде нема леб, овде со труд и знаење тешко иде... знаеме како е, партиска книшка, мамино-татино синче, син на брат на кумот на братучедот на комшијата. А каде и да е да се гради успешна кариера сметам дека бара многу жртви и многу откажувања. И човек треба да е спремен и храбар да ги прави тие одлуки, меѓутоа да си има во глава некои црвени линии преку кои едноставно не може да се прегази по никоја цена
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and Trajche

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
За да постигнеш успешна кариера ти треба голем мотив, голема желба, идеја, замисла, многу многу труд и реализација.За ништо на светот не би го жртвувал другарството кое трае долго време, нити пак моите најблиски роднини.
Се сложувам потполно.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Труд и упорност. И никогаш не се откажувајте.

Винстон Черчил 3 години се мачел да заврши осмо одделение во основно училиште затоа што учењето на мајчиниот англиски јазик му одело многу тешко.

Звучи по малку иронично што популарниот Оксфордски универзитет го повикал неколку децении подоцна да одржи говор на доделувањето на дипломите на идните дипломати.
Черчил на оваа пригода дошол со вообичаените реквизити: цигара, бастум и шешир.
Додека се приближувал кон подиумот, целата сала станала на нозе и громогласно го поздравиле.
Со препознатливиот говор на телото, ги смирил присутните и самоуверено застанал пред нив. Ја извадил цигарата од уста и се придвижил кон говорницата.
Черчил без да трепка гледал во публиката полна со исчекување.
Од него проговорел авторитативен глас: „Никогаш немојте да се откажувате!“
Поминале неколку секунди пред да се поткачи на врвот на прстите и да повтори: „Никогаш немојте да се откажувате!„
Неговите зборови одѕвонувале во ушите на присутните.
Во салата владеела гробна тишина, додека Черчил со шеширот, бастумот и цигарата се симнувал од бината. Неговиот говор бил завршен.
http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/11239-nikogas-ne-se-otkazuvajte
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and TheKitten

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Многу далеку освен да ги жртвувам моите најблиски ....Пример би се откажала од бракот,од мајчинството,љубовта само за да успеам во кариерата :/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
До каде сум спремна да одам? До таму до каде што мислам дека сум способна да стигнам, а потоа уште два-три чекори плус.
Дали сум спремна да жртвувам личности кои ми значат за да постигнам било каков успех? Хм... Не. Не сум спремна да жртвувам ниту личности кои прв пат ги среќавам, не па тие што ми значат.
Шо фајде да успеам да се искачам на врвот, ако треба да изгазам сѐ живо и диво пред себе? И да стигнам на врвот, шо би правела таму сосем сама?
А дека сум спремна да се борам, притоа почитувајќи го „противникот“, спремна сум.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Мислам дека некои работи додека не ги почувствуваш на своја кожа, не можеш да ги дефинираш во вистинско светло.
Сега кога размислувам, си викам нема шанси да ги откачам пријателите за да бидам на некоја повисока функција, ама ако навистина дојде до тоа, оној момент да ми понудат плата од која глава боли, не би рекла дека ќе се туфкам и ќе глобам филозофии по тоа прашање како што можеби сега правам.

Друга работа, не знам па зошто толку трагично и срцепарателно се сфаќаат тие моменти на кариера.
Па нели би требало да ми биде мило ако мојот пријател успее и направи нешто од својот живот?
За се има време.
Можеби не толку многу и со толку јак интензитет, ама едноставно се изнаоѓаат начини да се доживуваат убави моменти со пријателите. Освен тоа мислам дека е многу побитен квалитетот отколку квантитетот во било која област па и во дружбата.
Поарно еднаш , два пати месечно ќе се гледаме, ама ќе имаме што и да си кажеме и да уживаме, отколку секој ден да зјаееме во некоја турска серија и да плачеме зашто не сме као Шехерезад или појма неам како се викаат.

Секој човек си знае што го исполнува.
И да створиш семејство, треба да створиш претходно финански услови за да го издржуваш.
Така да, кариерата изгледа навистина е битна ствар.
Да не глумиме лудило.

И да, на главното прашање да одговорам, би жртвувала, како што сум жртвувала многу работи до сега ( не дека имам некоја значајна функција, туку чисто за моето работно место)
Можеби со тешко срце, ама во овој хаотичен свет едноставно важат правилата на разумот!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten