Дофрлање на улица

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Не ги перцепирам.
Ако и за нив почнам да се нервирам или бурно да реагирам, кај ми е крајот?!
За таквите само игнор и продолжи по патот ко ништо да не било...
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Ти и другарот с еразминувате се нокоја девојка , и лупаш...
Здраво срце...
Таа те гледа “немо“ а ти ни едно ни две се вртиш нкај другарти и викаш...
...треба да имаш да бидеш пилот ...

Дофрлањето е појава која не може да се прекине и неможе да се искорени, тоа го имало и ќе го има, на нас е да одлучиме кога тоа дофрлање ќе го искористиме во позитива а кога во негатива или воопшто нема да го искористиме но и вака и така никогаш нема да знаеме како истото тоа ќе биде прифатено од другата страна...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Многу честа појава на нашиве ни напатени улички.
Речиси и да нема Македонче кое не се соочило со сочни муабети и дофрлања.
Знаат да бидат смешни, но некогаш и иритирачки или навредливи.
Постои ли некоја фраза која ви останала запаметена?
Како се справувате со таквите појави? Ве засегаат ли? Враќате или си продолжувате како да не сте слушнале?
Јас и онака на се’ реагирам темпераментно, а недај Боже кога ќе ми дофрли некоја фаца на улица.
Доколку нема никој наоколу, типот обавезно добива еднократна до Пиринска или Канарски острови + уште некој пофален епитет и автоматски е шупак мераклија. Знам, може е лошо и не доликува на женско, ама па не можам да премолчам на таков дебилизам, кога веќе ме предизвикале.
Ако има народ, знам да се исконтролирам за да не се спуштам на нивно ниво (барем пред народ де), или пак ако е некоја стара, сенилна будала, исто не обрнувам внимание.
Ако има ваква тема или не и’ е тука местото, ју ноу ват ту ду.
Се сметаат дофрлувања од типот на
„Види го каков е. Наркоманиште.“ (затоа што си имал долга коса или четка или си слушал рок, метал, панк и сл.)?

Не реагирам никако. Едноставно не им давам значење. Често ме нарекувале наркоман поради тоа што сум излегува во парк, сатанист затоа што сум бил постојано облечен во црно, секташ затоа што сум имал долга коса и брада... Такви малограѓански муабети и џуџеста смеа која иде пропратно со муабетот не се достојни да им обрнувам внимание, а уште помалку да возвратам. Најчудното име со кое ни се обратиле мене и на моето друштво е „хеви-металики“. Јас тоа го сметам за тежок дебилизам, немање свој живот па ќе се замарам со тоа како некој се облекува и сл., еден од потребните услови за сељак и за нус појава на општеството.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: simplicity013

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Луге без свој живот,луге на кои им е здодевно па немаат што да праваат.А можеби од тој кој го оговараат се стопати полоши.
Ова стана секојдневно во мојот град да дофрлаат на улица.Лично јас не ги ни забележувам,ставени се на игнор ама ако ја преминат границата способна сум да ги засрамам на сред улица и да не гледам кој има околу мене.
Штом тие немаат срам да оговараат тогаш и јас ке немам да им вратам со тоа што ке им кажам кај им е местото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Ми се има случувано повеќе пати и најчесто си се смеам иронично. Ги нервира тоа ептен, дофрлуваат дека ќе ме истепале, дека ова дека она. Си се смеам зошто знам дека сум подобар од нив десет пати, зошто ако тие би биле подобри од мене ја сум 99 посто сигурен дека немало да бидат на тоа место и да дофрлуваат. Мои другари така сакале да се праат јаки, па им се вратил некој тип и ги рушил двајцата од мавање. Не им текна уште еднаш така да праат.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Ејјјј мачееееее.... mwa:*:*:*И ќе добијам некој бакнеж од далечината...
Јако ми е сељачко таквото однесување.Или пак ќе пушта музика до даска.Уффф одбивно ми е тоа баш.
Не реагирам на такви дофрлања.Мразам машки што летаат во облаци и мислат дека небото го освоиле.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Кога ќе сум со една будала (во позитивна смисла) другарка мора да дофрламе на сите..знам дека не е културно ама барем се смееме..онака ептен лудо е :)
Знам еднаш еден човек стар (околу 60-70 години) беше застанат крај една зграда што имаше огромна дупка и гледаше во дупката и зградата што се градеше и си зборуваше нешто, јас поминав и му реков: Ајде скокаме.. ее, колку сум глупава, ама смешно беше ептен х)
А најмногу мразам кога некои идиоти по улица викаат Кај си маче, како си маче, ај да се запознаеме..најчесто тоа се цигани, (џупци на нашки) :/
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
За мене никој нема дофрлено нешто а јас да слушнам. Ми се има случено да видам некои да гледаат во мене, и да шепотат меѓусебно, а кога ќе ги видам престануваат (ако се смета и тоа за дофрлање).