Дофрлање на улица

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Многу честа појава на нашиве ни напатени улички.
Речиси и да нема Македонче кое не се соочило со сочни муабети и дофрлања.
Знаат да бидат смешни, но некогаш и иритирачки или навредливи.
Постои ли некоја фраза која ви останала запаметена?
Како се справувате со таквите појави? Ве засегаат ли? Враќате или си продолжувате како да не сте слушнале?
Јас и онака на се’ реагирам темпераментно, а недај Боже кога ќе ми дофрли некоја фаца на улица.
Доколку нема никој наоколу, типот обавезно добива еднократна до Пиринска или Канарски острови + уште некој пофален епитет и автоматски е шупак мераклија. Знам, може е лошо и не доликува на женско, ама па не можам да премолчам на таков дебилизам, кога веќе ме предизвикале.
Ако има народ, знам да се исконтролирам за да не се спуштам на нивно ниво (барем пред народ де), или пак ако е некоја стара, сенилна будала, исто не обрнувам внимание.
Ако има ваква тема или не и’ е тука местото, ју ноу ват ту ду.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во моментов ми текнува на еден чичо од пред некој ден, ни дофрли на мене и дечко ми: "Носи ја дома" и се гази од смеење. А само за рака се држевме и се движевме најнормално. Зошто едноставно луѓето не си ја гледаат својата работа?
 

jovanKH2O

Староседелец
1 март 2012
54
82
1,018
Во моментов ми текнува на еден чичо од пред некој ден, ни дофрли на мене и дечко ми: "Носи ја дома" и се гази од смеење. А само за рака се држевме и се движевме најнормално. Зошто едноставно луѓето не си ја гледаат својата работа?

Затоа што им е досадно, немаат што да прават и ги чешка некое ребро :D
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Ги ставам на ignore :D. Не сакам да се спуштам на нивно ниво, не ме засега што ќе кажат, затоа што ако е нешто паметно (всушност ако тие се паметни :D ) нема да се дофрла на улица. Делуваат глупо. Нема што да прават па замарат по народот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Понекогаш кога ќе поминам покрај група луѓе (затоа што некој кој е сам нема да се осмели, а двајца да се ќе бидат зафатени со некој разговор) и во истиот момент испуштат некој звук или се насмеат - не можам да не се чувствувам како да е наменето за мене.

Едноставно така се движат работите. На многу не им е гајле кој си, што си или каков си - битно ќе се напраат фаци и ќе ти дофрлат нешто/некоја навреда, чисто поради тоа што ќе те сместат во некоја категорија според изгледот и автоматски си тоа.

Дро*а, ку*ва, шмизла, сељак, сељанка, п***р, лезбејка, грд, грда, дебел, слаб, висок, низок, фолирант, хипстер. Ако си убава и висока си едно, ако си низок и полничок си друго, ако носиш ова или она си трето, четврто, петто, шесто.

Сум бил мета (околу 2-3 пати до сега, колку што се сеќавам и колку што сум свесен) и сум бил со луѓе кои го правеле истото. Како, ај сега зaшто ние мислиме дека сме подобри ќе си дадеме право да се шетаме по улица и да си играме "Навреди го поминувачот". Сум бил и во ситуација каде некои морони поминуваа покрај мене и другарка во парк и и дофрлиа "Јака пи*ка", но и за мое и за нејзино добро одлучивме да го игнорираме.

Само се надевам типот дека постигна тоа што сакаше со тоа.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
понекогаш се на игнор...па остануваат смешни и глупи самите...
а некад коа ми е ептен блиску...и неизбежно...немождам а да не вратам некој сочен коментар со кој ќе му ја затнам устата, на било кој.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Многу честа појава на нашиве ни напатени улички.
Речиси и да нема Македонче кое не се соочило со сочни муабети и дофрлања.
Знаат да бидат смешни, но некогаш и иритирачки или навредливи.
Постои ли некоја фраза која ви останала запаметена?
Како се справувате со таквите појави? Ве засегаат ли? Враќате или си продолжувате како да не сте слушнале?
Јас и онака на се’ реагирам темпераментно, а недај Боже кога ќе ми дофрли некоја фаца на улица.
Доколку нема никој наоколу, типот обавезно добива еднократна до Пиринска или Канарски острови + уште некој пофален епитет и автоматски е шупак мераклија. Знам, може е лошо и не доликува на женско, ама па не можам да премолчам на таков дебилизам, кога веќе ме предизвикале.
Ако има народ, знам да се исконтролирам за да не се спуштам на нивно ниво (барем пред народ де), или пак ако е некоја стара, сенилна будала, исто не обрнувам внимание.
Ако има ваква тема или не и’ е тука местото, ју ноу ват ту ду.
Само една под точка во твојата тема за Сељаците.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Кај нас често знаат да префрлат, но најчесто малите деца, 7-8 одд или пак 1-2 година средно... другите не се замарат многу со тоа... кога ќе префрли некој нешто не му обраќам внимание и толку, па колку сака нека збори ;)
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Ignore. Не би се карала или тепала со некој по улица. Ако веќе до толку напне една по образ и чао, пријатно.