1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Домашни ликери

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од Aleksis, 9 Мај 2013.

  1. Aleksis

    Aleksis Протон

    Еве од мене еден преубав ликер,го пробав првпат сега за викендов и се заљубив...:)
    Ликер од кокос
    Состојки :
    • 100 гр кокос
    • 300 мл ракија
    • 400 мл трајно млеко
    • 300 гр шеќер
    Подготовка :
    Кокосот и ракијата се ставаат во тегла да одстојат 24 часа.Потоа се цедат и во течноста му се додаваат млекото и шеќерот и се меша додека не се стопи шеќерот.
    Споделувајте ваши рецепти... ;)

    На Хоуп*, i_wanna_fly, Kisserboy и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Многу шеќер има, тоа значи дека денеска пиеш 4-5 чаши и утре главата те кине.
  3. Aleksis

    Aleksis Протон

    не ми бидна ништо мене! :D
  4. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Па добро сеа, не си претерала па ити
  5. LittleButterfly

    LittleButterfly Истакнат Член

    Јас си обожавам вишновка и кај мене дома нон стоп ја има :)
    Се ставаат 50-60 вишни во шише од литар, со 300 грама шеќер и до литар се надополнува со ракија и така стои 40 дена со повремено мешање... и тоа е тоа :)
    На Anakin, Arkantos, street_chic и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. crvenkapa

    crvenkapa Истакнат Член

    Ликер од чоколадо

    Состојки:
    - 200 гр. чоколадо во прав
    - 200 гр. шеќер
    - 500мл. млеко
    - 2 дц. ракија
    - 4 пакувања ванилин шеќер
    Подготовка:
    Сварете го мелекото заедно со шеќерот и ванилата, додека пак чоколадото во прав измешајте го со ракијата.
    Мешајте убаво за да не ви останат грутки.
    Откако млекото ќе се олади, измашајте го заедно со ракијата и ставете го во стаклена флаша.
    Пред да го конзумирате оладете го убаво.
    Преубав е!
    На i_wanna_fly и Aleksis им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Unbiased Staff Member

    Едно прашање, тоа 100 гр кокос значи вистински кокос или оние трошките од кокос?
    Иначе имам пиено домашен ликер од малина и беше пре-вку-сен ! А си поштувам ликеерчиња од кокос и чоколадо, може и од кафе.
    Патем, за само 24 часа готов е? Нема да биде пресилен поради ракијата?
  8. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Ликер од црно вино и листови од вишни

    1 л. црно вино
    600 гр. шекер
    100 броја листови од вишни

    Припрема
    Измиените листови се стават во тегла, се додава шеќерот, виното - се затвара теглата и се остава на сонце да стои 40 дена. За целото време морате да ги промешувате листовите во виното.
    Напомена
    Не е битно кое вино е, дали е домашно, флаширано или старо вино.
    edit: Ако сум машко, обожавам овај ликер да го правам и да го пијам, едноставно многу фкусен е !
    На Bibi@ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aleksis

    Aleksis Протон

    Трошки од кокос се, шо се ставаат во колачи и такви работи :) нема да е пресилен затоа што има млеко и шеќер,ракијата не се ни познава ептен е благ и преубав!јас првпат пробав ваков од кокос и се заљубив!Дури поубав ми е и од ликерот од чоколадо...ама сепак тоа си е до вкусовите...пробај го и кажи ни :)
    На DarkPassenger му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kisserboy

    Kisserboy Истакнат Член

    обожавам ликеро еден има ментол и зелен во боја као и црвениот од вишна уфф :gladen

Сподели: