Домашна библиотека

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Оти немам пари за да си купам толку книги, си имам е-библиотека. :giggle

Имам 264 (to be exact) пдф книги и се надевам дека уште многу многу ќе си додадам во наскоро време. Вака поседувам лично мои 15ина книги. :D
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Мајка ми има околу 200 книги и само купува и купува..
Јас имам една многу мала библиотека со скромни 2 книги - Мице и Касни порасни.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Од домашната библиотека (некои си 2-3000 наслови имам свој дел или отсек ос 200тина книги кои на времето си ги купував. Делот повеќе ми се базира на драми и историска фикција, понекој трилер додека рестото што не е мое еден голем дел се класици, екс ју автори и понешто македонско.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Bibi@

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Имам домашна библиотека со некои 2000 наслови, од сите тие само 150 се лично мои и претежно се стручна литература, трилери, биографии и речници. Останатите се класици, историски, ју-автори, македонски драми и многу поезија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Рушен

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Ние дома имаме едно 30-40 книги ,ама затоа баба ми ги има милион .Наредно идење кај неа ќе пробам да ги избројам :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Вака: Живеам во многу мал и запустен град.
И каква врска има библиотеката што си ја имам дома, со градот?
Епа имаме и градска библиотека...
Ама слободно можам да кажам дека во мојата има повеќе книги одколку таа во центарот :)
Какви книги содржи. Не би можел да кажам еден жанр.
Еве ќе набројам неколку:
Имам биографии за Тито;
Сите на Игор Џамбазов;
Првите четири дела од Вампирски Дневници - Смит;
Моќта на позитивното мислење, Моќта на потсвеста, Волја за мисла(и сличните;
Папата Јована - Крос Мадам Тисо - не ми текнува од кого беше;
Царица - Шан Са;
Цела колекција на Петре М.Андреевски;
Скоро сите побитни руски класици;
Евангелието на трите самовили - Стојмир Симјаноски

и уште стотина што ги заборавив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeska and Рушен

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Книгите што седат дома се декорација, никој не ги чита, а прашање дали ги читал некој некогаш (можда мајка ми ко била помлада).
Имам повеќе книги за право (правник сум) отколку целата „домашна библиотека“.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Моја лично имам , тоа се обично наслови од старата философија како Платон , Аристотел, скаптиците и софистите, тоа во студентските денови ме интересираше, подоцна се свртив кон егзистенцијалистите и ете тука се обидувам да ја збогатувам својата библиотека, моментално свои имам околку петстотини наслови , другите се класици , историски книги, филозофски расправии, хрестоматии, некакви крими романи, руската афела на автори..големите томови на Толстој и Достоевски, обавезно црвените книги Тито ;)кој што секој ги има по дома, и на крај завршува со мојата голема бројка на стручна литература која што искрено ми е многу драга....исто така заборавив да ги напоменам и Античките епики, делата на Данте, Вергилиј, Тит Ливиј итн итн, се надевам на уште многу многу убави наслови да ме збогатат во иднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Saladin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Мислам како можев да ги заборавам и Зоки Поки и Касни Порасни....и на Марк Твен легендарните и на Дикенс ...како дете многу ме радуваа, ги чувам за моите деца...најубавото богатство - детската литература !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мала домашна библиотека, ама затоа книгите не се ни на баба ми ни на мајка ми него лично мои :D
Сите книги од Пауло Коељо, Прирачник за анти алкохоличари од Игор Џамбазов, цела колекција книги на Петре М. Андреевски, Идиот, Коцкар и Злосторство и казна од Достоевски, Калуѓерот што го продаде своето ферари од Робин Шарма, Моќта на потсвеста-Џозеф Марфи, Мемоарите на една ѓејша-Артур Голден, Анѓели и демони и Изгубениот симбол од Ден Браун, Ана Каренина од Толстој, Уживање во злосторството и 120 дена во Содома од Маркиз Де Сад.. И многу книги од детската литература и лектири кои сум ги имала како мала...
Се трудам да го зголемам бројот на книги во мојата библиотека, сега за сега толку ми се финансиите : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp