Дозволи и забрани во врската

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Тоа го направила од почит, нормално е да си го прашаш мажот.. сигурно нема да ти забрани, но зошто да не му покажеш дека го почитуваш... тоа им ги крева акциите... со мјау мају нова ташна па плус и нови чевли... паметна жена
А и плус нормално е да го праша зашто иако таа заработува сепак се во брак и буџетот е заеднички...нема мои твои пари во брак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Jeremija Krstic

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Кога ке слушнам од некоја другарка дечко ми не ми дава...
Па добро бе???Зошто дозволуваш да ти забранува?Јас навистина не ги разбирам тие парови.
Другарка ми постојано ми се жалеше и ми кажа кога раскинале тек се сфестила дека можела да ги загуби најубавите години слушајки го...
Ама еве,го слушала,му одила по кеиф кога и забранил...
И кога ми кажува што и правел ако не го послушала ја малтретирал.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Како по ѓаволите би можела да му забранам нешто? Мислам, неговите од дома не му забраниле па јас?! Па ако ми е партнер не значи дека не треба да има своја слобода и дека треба за се’ да ми се отчитува. Нормално, кога ќе се чуеме си кажуваме таму сум, со тој или со таа сум, ама не се прашуваме за дозвола.
Го пецкам јас понекад и на шала го прашувам Еј, може ли...? и страшно го нервира тоа.
Значи не, не се поставуваат прашања на кои може да се одговори со Може или Не може :)
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
За да се изгради здрава врска, истата треба да се заснова на доверба..ни еден од партнерите не смее да си зема за право да ја ограничува слободата на другиот.. а и зошто би биле со некој во врска ако треба да поставуваваме забрани и правила за тоа како треба другиот да функционира..во тој случај не ја прифаќаме личноста таква каква што е и автоматски ја губиме, ни еден жив човек не сака да биди ограничуван..затоа се образоваме, развиваме, надградуваме..за да можиме да ги надминуваме бариерите..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас не сум ни тиран ниту пак менаџер на оддел па да поставувам правила и да забранувам.
Има една приказна вика вака...
Многу оддамна имало некоја многу убава птица, најубава од сите, летала над сите кралства, и секој што ја гледал се восхитувал, но никој не успевал да ја допре. Никој освен една принцеза која никогаш не излегувала од замокот. Птицата одела на прозорите од нејзините одаи, пеела песни, и дозволувала секогаш да ја допира.
Еден ден принцезата исплашена да не некој и’ ја украде птицата, ја заробила во кафез. Птицата престанала да пее, никогаш веќе не била нежна на допирите од принцезата. Еднаш додека принцезата и’ давала храна на птицата, птицата пронашла начин да избега и никогаш повеќе не се вратила во замокот.

- се надевам ме сфативте што сакам да кажам.
Јас не сум никаков фактор да нарушувам нечиј живот. Ако нешто ми пречи можам да се изјаснам и со заеднички разговор ќе најдеме заедничко решение, ама да речам „Не не смееш ова, не не смееш она“ - кој ми го дава тоа право бе?

Исто така мразам некој мене да ми ја ограничува слободата...
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ете баш така...ако сакаш некого немој да му ги сечеш крилата за да остане со тебе, така побрзо ќе ти избега (исто како птицата што ја спомна)...дај му на човек слобода, така ќе го задржиш...
А мислам дека и забранувањето во секој случај има контраефект и со него само губиш...исто како кај дечињата, забранетото е послатко и повеќе се тежнее кон тоа, а ако не е забрането па и не е толку интересно нели...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa and Arkantos

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Море, море, кога ве чита човек да помисли како сите врски идеални, по европски терк, све либерали, модерни, какво прашување, какво забранување, кој ние? пффффф. Многумина мислат дека имаат комплетна слобода затоа што отишле кај другарка на кафе без потреба да кажат или да прашаат. Или имаат слобода одвреме навреме girl night да истераат.
Ај кажи му дека редовно си пишуваш со некој тип од форум кон кој не чувствуваш ништо, ама така сте се погодиле во размислувања и сакаш да комуницираш. Ај кажи му дека на одмор сакаш да одиш со друштво и дека таму ако ти се сака ќе остануваш до сабајле со добро друштво небитно дали се машки или женски. Ај налиј се со алкохол додека сте во друштво и тропај глупости без некој да чури од бес и да те тегни за рака за побрзо да си одите.
Ќе ве остави да правите што сакате затоа што ви верува комплетно и не сака да ви ги крати крилата, да ве ограничува? Можеби, некои. Ама дека мнозинство се така, мало морген. Немате комплетна слобода, никогаш не може ни да се има кога си во врска или брак барем тука кај нас со нашиов менталитет.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Е па можда сме ние од ретките кои имале среќа па налетале на такви типови...мажми ама апсолутно ништо не ми брани...мрчи зашто пушам цигари ама не ми ги брани....не е дека за се се сложува или одобрува, или јас нему не е дека не му мрчам за некои работи, ама не му ги бранам...тоа е разликата, ни тој ни јас не сме настапиле кон другиот во смисол..“немој ова“ или “уште еднаш вака“....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Затоа што веројатно си ги знаете границите до каде може да се оди и се држите до нив, исто како и јас, исто како и многу други. Значи има граници и сме свесни за истите, како да не пуштиле да играме во дворот и ние сме среќни што можеме слободно да трчаме низ него. А што ако сакам повремено да излезам од дворот? Може ќе ме пушти затоа што не е манијак да ме држи со физичка сила или психичка тортура, но ако стално ми мрчи и е со став дека е разочаран од мене, веројатно за доброто на врската сама ќе си се приберам во двор. Тоа не е слобода, а многумина се лажат дека е.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Затоа што веројатно си ги знаете границите до каде може да се оди и се држите до нив, исто како и јас, исто како и многу други. Значи има граници и сме свесни за истите, како да не пуштиле да играме во дворот и ние сме среќни што можеме слободно да трчаме низ него. А што ако сакам повремено да излезам од дворот? Може ќе ме пушти затоа што не е манијак да ме држи со физичка сила или психичка тортура, но ако стално ми мрчи и е со став дека е разочаран од мене, веројатно за доброто на врската сама ќе си се приберам во двор. Тоа не е слобода, а многумина се лажат дека е.
Ако ти мрчи за тоа што сакаш да излегуваш значи не е нормален :)
Извини вака, ама така сметам. Јас не знам која будала треба да бидеш за да мрчиш што жена ти/ девојка ти сака да излезе.
Во ред да мрчиш ако сака да излезе во три по полноќ, и такви некои ненормални работи, ама на кафе/некоја забава?
Ако притоа како жена/мајка/домаќинка си ги средува сите обврски ако сака и секој ден нека излегува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati