Пред некој ден заврши и 84-тото доделување на оскарите. Годинава домаќин беше Били Кристал, а како презентери на статуетките се појавија многу познати актери како: Том Хенкс, Хали Бери, Анџелина Џоли, Кристијан Бел, Сандра Булок, Крис Рок, Пенелопе Круз, Камерон Дијаз, Џенифер Лоперз, Ема Стоун...
Фаворити за освојување на златните статуетки годинава беа филмот „The Artist“ и актерите Џорџ Клуни за најдобра машка улога и Мерил Стрип за главна женска улога.
За наградата најдобар филм годинава имаше 9 филмови, а најмногу номинации (вкупно 11) доби филмот „Hugo“ на Скорсезе. Веднаш зад него се најде францускиот филм „The Artist“ на Мишел Азанавишес кој беше и прогласен за најдобриот филм на Оскарите 2012.
Останатите добитници на Оскар се:
- Најдобра женска споредна улога за филмот„The Help“ ја освои Октавија Спенсер.
- Најдобра машка споредна улога му припадна на Кристофер Пламер за филмот „Почетници“ (кој на 81 година е најстариот добитник на Оскар).
- За најдобра монтажа беше прогласен филмот „Девојката со тетоважа на змеј“.
- Најдобар документарец е „Undefeated“. Наградата за најдобар анимиран филм ја зеде „Ранго“, на чие развивање работеше и една македонска екипа.
- За најдобра филмска музика беше прогласена музиката од филмот „The Artist“.
- Наградата за најдобро сценарио ја освои Вуди Ален за „Полноќ во Париз“.
- Наградата за најдобар краткометражен филм ја зеде „The Shore“.
- Статуетката за најдобра машка улога отиде во рацете на францускиот актер Жан Дежарден за улогата во филмот „The Artist“
- За најдобра женска улога беше прогласена Мерил Стрип за улогата во филмот „Железната Лејди“
- Најдобра режија освои Мишел Азанавишес за филмот „The Artist“.
Дали заслужено „The Artist“ го освои оскарот за најдобар филм во 2012?
Според вас кој би бил најдобриот филм на годината?