Доброволно дарување на крв

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Дарување крв или крводарителство е чин на некое лице кога доброволно дарува крв, којашто се користи за трансфузија или за производство на лекови преку процесот наречен фракционација.

Во развиениот свет најголем дел од крводарителите се неплатени доброволци кои што даруваат крв за потребите на заедницата. Во посиромашните земји, залихите се ограничени и крводарителите обично даваат крв тогаш кога му е потребна трансфузија на некој член од семејството или на пријател. Многу дарители даруваат крв од милосрдие, но има и такви кои се платени, а во некои случаи има и други начини на поттикнување, освен парите, како на пример платени слободни денови од работа за крводарителите. Еден крводарител може да дарува крв и за свои сопствени потреби во иднина. Дарувањето крв е релативно безбедно, но кај некои крводарители може да се појави модринка на местото каде што била ставена иглата, или да почувствуваат губење на свеста.

Кaј потенцијалните крводарители се прават проценки за сè што може да ја направи крвта небезбедна за употреба. Испитувањето вклучува тестови за болести што се пренесуваат преку трансфузија на крв, вклучувајќи ХИВ и вирусен хепатит. Исто така, се испитува и медицинската историја на крводарителот, а се прави и краток физички тест за да се утврди дека дарувањето крв не е опасно по неговото здравје. Колку често крводарителот може да дава крв има разлика во денови и месеци, врз основа на тоа кој компонент од крвта се донира, како и на законите во земјата каде што се случува дарувањето крв. На пример, во Соединетите Американски Држави, крводарителот мора да чека 8 седмици (56 дена) за повторно донирање на целокупна крв, а само 3 дена за донирање тромбоцити.

Количеството крв коешто може да се донира, како и методите на донирање, се разликуваат. Земањето крв може да се изведува рачно или со автоматизирана опрема, со којашто се земаат само посебни делови од крвта. Многу од компонентите на крвта којашто се употребува за трансфузија имаат краток рок на употреба, и оддржувањето на постојани залихи е постојан проблем.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Колку често крводарителот може да дава крв има разлика во денови и месеци, врз основа на тоа кој компонент од крвта се донира, како и на законите во земјата каде што се случува дарувањето крв. На пример, во Соединетите Американски Држави, крводарителот мора да чека 8 седмици (56 дена) за повторно донирање на целокупна крв, а само 3 дена за донирање тромбоцити.
Епа кај нас важи, после 4 месеци донирање за женски,а после 3 месеци за машки :)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Најчесто поставувани прашања за крводарувањето

1. На која возраст можам да започнам да дарувам крв?
-Секое здраво лице на возраст од 18 до 65 години може да дарува крв.

2. Дали треба да бидам јаден пред дарувањето?
Пред дарувањето пожелно е да јадете лесен оброк (кифла, геврек..). Доколку претходно сте јаделе помасен оброк, не ќе бидеме во можност да добиеме квалитетна крв и крвни продукти од крвта што сте ја дарувале.

3. Во што се состои прегледот пред дарувањето?
Пополнувате прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат за Вашето здравје, прележани болести и животни навики. Со боцкање од прст се зема капка крв и се проверува нивото на хемоглобинот во крвта. Потоа следи разговор со лекарот кој ќе Ви мери крвен притисок и ја слуша работата на срцето.

4. Дали се тестира крвта?
Да. Крвта се испитува за присуство на заразни заболувања преносливи со крв - жолтица Б и Ц, сифилис, сида. Секоја единица на крв која била позитивна на било кој од овие тестови безбедно се уништува. Освен ова се одредува крвна група, Rh фактор и антитела кај секоја единица крв.

5. Што се случува понатаму со резултатите од тие тестирања?
Сите резултати од тестирањата се достапни за увид само на дарителот и на медицинските лица кои непосредно ги изведуваат тие тестови или се одговорни за контрола на квалитетот на добиените крвни компоненти, т.е. има апсолутна анонимност и дискреција. Лицата кај кои се утврдило дека било кој тест од оние наменети за заразни болести преносливи со крв е позитивен, се повикуваат по писмен пат да дојдат за повторно тестирање или за упатување во некоја друга институција која е задолжена за лекување или дополнително испитување.

6. Дали со дарувањето крв може да се заразам?
Со дарувањето крв не може да се заразите, бидејќи сетот за дарување е стерилен и е за една употреба.

7. Дали боли убодот од иглата?
Нашиот персонал е добро обучен така што убодот од иглата нема да Ве боли ништо повеќе од убодот при земање на крв за било која анализа на крв.

8. Дали се чувствува иглата додека е во вената?
Иглата не се чувствува додека е во вената.

9. Колку долго трае самото дарување на крв?
Дарувањето трае околу 5 - 10 минути.

10. Колкаво количество на крв се дарува?
Се дарува 450 мл. крв. Сакаме да Ве потсетиме дека човек со околу 70 кг. има околу 5 литри крв. Постои и можност при строго одредени услови да се дарува и помала количина на крв, на пример 350 мл, што се врши во кеси наменети за таа намена.

11. За колку време се надоместува даруваната крв?
Течниот дел од крвта - плазма се надоместува за 24 часа. Крвните клетки (еритроцити, тромбоцити, леукоцити) се надоместуваат постепено во текот на неколку недели, во зависност од видот на клетките. Затоа е задададен временски интервал помеѓу две дарувања од 3 месеци за мажи и 4 месеци за жени.

12. Како ќе се чувствувам по дарувањето?
Вообичаено дарителите не чувствуваат никакви потешкотии или промени за време на или после дарувањето. Некои дарители се чувствуваат дури и подобро и олеснето од колку пред дарувањето. Сепак незначителен број на дарители може да почувствуваат лесна непријатност или мачнина. Тоа не треба да Ве загрижува, зошто таквите појави се минливи и без последици. Лекарот ќе Ве советува како да постапите при појава на таква реакција.

13. Дали може по дарувањето да ги изведувам секојдневните активности?
Може да ги изведувате Вашите секојдневни активности. Сепак лицата кои се занимават со тешки и опасни работи, мора да внимаваат во текот на следните 2 дена. Има професии кои бараат крводарителот да биде отсутен од работа во тек на 12 до 72 часа, во зависност од природата на самата професија. Запомнете дека не смее да се пуши цигара најмалку 30 минути до 2 часа, алкохол не смее да се конзумира најмалку 8-12 часа, особено не на празен желудник и пожелно е да се конзумира повеќе вода или сокови во текот на истиот ден.

14. Дали има и други видови на дарувања?
Да, постојат така наречени алтернативни начини на крводарување, како што се на пример дарувањето по пат на афереза, автологно дарување, предоперативна нормоволемична хемодилуција и интраоперативна и постоперативна крвна салважа. Со постапката наречена афереза крвта на дарителот минува низ машина-клеточен сепаратор со цел да се одделат крвните елементи-плазма и разни видови клетки (тромбоцити, леукоцити, еритроцити), така што за терапија се користи само оној дел кој е потребен, а останатиот дел од крвта се враќа на дарителот. При автологно дарување (при планирани операции) пациентот дарува крв и крвни компоненти за себе. Крвта што ја дарува пред оперативниот зафат се чува во трансфузиолошката служба. Таа е наменета исклучиво за пациентот кој ја дал и за време на операцијата ја прима истата. Другите видови на алтернативно дарување се случуваат во операциона сала кај пациенти кај кои постои индикација да се спроведе истото.

преземено од РЗТ
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
имам давано крв само еднаш, и сега планирам пак да давам. убаво е кога знаеш дека ти можиш да спасиш живот !!! иако луѓето не го ценат тоа !!!!!!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@, lady_blue and 048

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Јас 2 пати имам дарувано до сега, и би дарувала пак :) убаво е чуството кога знаеш дека ќе помогнеш некому...(wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and 048

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Дали знаете дека секоја година е потребно 3-5% од населението да даде крв за да им се помогне на болните и повредените?

Факти за дарувањето крв:
  • Дарувањето крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
  • Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години.
  • Жена може да дава крв на секои 4 месеци, а маж на секои три месеци.
  • Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
  • Материјалот за земање на крв е за една употреба, така што даувателот и примателот се потполно заштитени.
  • Пред секое дарување се врши медицински преглед.
  • Дарувањето крв е корисно, со тоа што ќе го проверите своето здравје.
  • На крводарителителите како почитувани членови на општеството, Црвениот крст им доделува признанија.
  • Секој крводарител е соработник на здравствената служба и заслужува посебно внимание од здравствените работници.
преземено до доктори.мк
Крвни групи
Крвната група претставува класификација на крвта која се базира на присуството или отсуството на наследени антигенски супстанци кои се составен дел на мембраната на еритроцитите. Овие антигени може да се од видот на протеини, јаглехидрати, гликопротеини или гликолипиди (во зависност од системот за класификација на крвните групи), и некои од овие антигени се исто така присутни на мембраните на некои други типови на клетки. Неколку од овие антигени од еритроцитите кои потекнуваат од еден алел (или блиску поврзани гени) заедно формираат систем од крвни групи.​
Крвните групи се наследуваат од двата родитела. Денес се познати вкупно 29 човечки системи од крвни групи кои се признаени од МЗКТ.​
Многу бремени жени носат фетус кој има различна крвна група од нивната, така што мајката може да формира антитела против феталните еритроцити. Понекогаш овие мајчини антитела се IgG, мал имуноглобулински протеин кој може да ја премине плацентата и да предизвика хемолиза (растворање, разорување) на феталните еритроцити, што води до хемолитичко заболување на новороденчето.​
capture-20120421-130242.png
Компатибилност за трансфузија на крв
Единките со AB крвна група ги поседуваат и двата антигена (А и В) на мембраната на нивните еритроцити, и нивниот крвен серум не содржи антитела кои би се бореле против А или В антигенот. Според ова, единка со АВ крвна група може да прима крв од било која друга крвна група (преферирајќи АВ), но може да дава крв само на единки со АВ крвна група.
Единките со А крвна група го имаат само А антигенот на мембраната на еритроцитите. Нивниот крвен серум содржи IgM антитела кои дејствуваат (т.е. се борат) против В антигенот. Според ова, единка со А крвна група може да прима крв само од единки со А или О крвна група (преферирајќи А крвна група), а може да дава крв само на единки со А или АВ крвна група.
Единките со В крвна група го поседуваат В антигенот на мембраната на нивните еритроцити. Нивниот крвен серум содржи IgM антитела против А антигенот. Според ова, единка со В крвна група може да прима крв само од единки со В или О крвна група (преферирајќи В), а може да дава крв само на единки со В или АВ крвна група.
Единките со О крвна група (која кај нас и во некои други држави се означува како нулта, а во други со буквата О) ги немаат А и В антигените на мембраната на еритроцитите, но нивниот крвен серум содржи IgM анти-А антитела и анти-В антитела кои дејствуваат против А и В антигените. Според ова, единка со О крвна група може да прима крв само од единки со О крвна група, а може да дава крв на сите останати крвни групи (А, В, О или АВ).

capture-20120421-130309.png

BC.png

преземено од македонската википедија
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Доколку на некого од Прилеп и околина му е потребна крв од крвна група B+, слободно нека ме бара

***
Корисни врски (линкови)

Јас 2 пати имам дарувано до сега, и би дарувала пак :) убаво е чуството кога знаеш дека ќе помогнеш некому...(wasntme)
и јас имам два пати досега :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
048 Секоја чест за темава. Ќе те надополнам само малку.
Како најново во врска со дарувањето е тоа што може само дарување од иста крвна група,само во многу ретки ситуации кога нема во залихи од таа крвна група што е потребна се дава О,или друга ама претходно се прават компатибилни тестови.Инаку јас колку што знам ова е најнов закон донесен од страна на СЗО.
Има уште некои придобивки од дарувањето на крв.Како на пр доколку некој има вредности на крвните елементи надвор од границите или народно кажано јака крв со дарувањето ќе се нормализира,и незнам колку знаете после 10 дарување,дарителите се ослободени од партиципациите во здравството
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048