Добрина

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
биди добар, ама не го покажувај тоа секому...зш луѓето се искористољубиви...па големи се шансите и ти да бидеш еден од тие..
праставувај се како лош и повеќето па скоро и сите...ќе имаат почит кон тебе, и ќе знаат дека тешко може да те изманипулираат.
 

Јована

Истакнат Член
20 април 2012
144
311
63
Добрината ми е секојдневије но не ја покажувам на секој:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kiko

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Мајка Тереза, ајде на сите да им е добро, на сите да им угоди... :banghead Понекогаш и не е добро да си добар :nah Луѓето почнаа да бидат што повеќе си добар со нив тоа повеќе ќе те искористат... Жалосно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Добрина и да се направи ретко некој да ја цени таа добрина.
Денешниот свет само знае да искористи добрина.Дури некој човек од тоа што ќе е добар ќе го прават и глуп.А баш ми е интересно кога ќе умре некој дури тогаш заприметуваат дека тој човек бил добар сo зборовите"Ех ама добар човек си беше".Како тоа не го ценеле кога бил жив.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Прашања:
Дали некогаш сте подариле нешто без да добиете(надевате) нешто во замена?
Дали некогаш имате направено нешто во корист на друг без да добиете(надевате) нешто ва замена?
Дали некогаш имате направено одстапка во корист на друг без да добиете(надевате) нешто во замена?

Секогаш кога поклонувам нешто поклонувам без никаква задна намера. Целата на поклонот ми е да го изразувам тој другиот, ми се случило да дадам рандом поклон без никаков повод на блиска особа.
Значи за што и да е, за какви и постапки да се работи, не ги правам со задни намери.
Убаво викаат не им прави на другите,тоа што не сакаш да ти го прават тебе, гледам да се раководам според овој принцип.
Мислам дека постојат и сеуште ги има добри луѓе, само што живееме во еден многу луд свет, каде што се е извитоперено, и ми се случувало да дојдам до момент да се чудам кога ќе запознаам некој добар, што е многу лошо колку сме навикнати на луѓе со задни намери.
А дека секогаш некој ќе ја искористува добрината, ќе ја искористува.
Меѓутоа тоа не значи дека не треба да бидеме или правиме добро во одредени количини.
Или си добар или не.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Оу ноу!
Не мора да бидеме добри. Пред се, добрината е релативна работа, секоја индивидуа ја доживува на свој начин.
Она што ја кова се моралните стеги во општеството.
Не мора да бидеме добри, реков и стојам зад тоа.
Пишано правило е тоа?
Барање на социјалните кругови за да ми ја отворат портата во нив?
Не, благодарам. Презаситена сум некако од величењето на високи ролки и скриени пораки во деформирани фрази.
Таква добрина не сакам да ми залепи како епитет.
Кучка во тие ситуации, ми звучи феноменално добро.

Е, сега.
Јас сум добра на свој начин.
Принципиелна сум. Ги извршувам своите работни обврски од наједноставна причина, а тоа е дека егзистенцијата ми зависи од тоа. На нашки, ме плаќаат да бидам добар работник. Кога веќе ги трошам нечии пари, редно е да ги заработам.
За моите блиски сум тука, секогаш, секаде....до онаа граница каде нема да се осетам дека носам црвено топче на мојот нос, а на челото ми пишува Бозо.

И не, не барам за возврат нешто ако некому подадам рака.
Но, не сакам кога ќе ги затвориме вратите да ме блее фаца на надмоќност, иронија и изветопереност штом завртан грб.
Тоа, не простувам.

Културна сум, воспитана сум.
Фала мамо!
Не сакам со секого да муабетам, не сакам да станувам секому во автобус, не сакам да се смеам кога не ми се смее...
Не сакам да пијам кафе ради реда, не сакам кога ќе влезам во канцеларија да ме осипуваат со милни срцлести зборови...
И замисли, не се чувствуваам воопшто како лоша.
Напротив, убаво ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми, kones and redhead

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Добрина ти е меч со две острици денес никој речиси не ги цени добрите луѓе повеќе ги користат за остварување на свои лични цели ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест