1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Добрина

Дискусија во форумот 'Философија' започната од Praetorian, 3 март 2012.

  1. Praetorian

    Praetorian Староседелец

    Зачленет на:
    24 февруари 2012
    Мислења:
    325
    Допаѓања:
    395
    Генерално земено, мнозинството настојува да се однесува добро во најразлични ситуации.
    Треба да се однесуваме добро во општеството, добро на професионално ниво (работа, школо), мораме да бидеме добри дома, на гости, со пријателите итн.
    Никој не го прашува добриот кога го презентира доброто во јавност, дали навистина така се чувствува или во него се одвива филмот [​IMG]
    До кој момент добрината, преоѓа во куртоазија, провизорна учтивост, и до некаде прикривање на вистинските чувства за одредена ситуација, која иако не ви се допаѓа, сте приморани во вашето окружување да ја одглумите дека е во ред.
     
    На melpomena и Hexasto им се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    малку ми е конфузно поставено
    не би рекла дека - треба да се однесуваме добро во општеството, на професионално ниво, да бидеме добри дома, на гости, со пријателите итн итн, е всушност она што добрина всушност значи, да не речам опфаќа
    оти добрината е карактерна особина на личноста
    додека однесувањето на личноста е нешто малку поинакво
    и зависи од многу фактори,
    на пример од домашното воспитување како почетна точка во дефинирањето на тоа однесување
    некој може да има совршено учтиви манири, одлично познавање и примена на она што се вика бон-тон
    но тоа е далеку од доволно за да се каже дека тој е добар човек
     
    На True_Blood, SASKA и Hexasto им се допаѓа ова.
  3. Реми

    Реми Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    957
    Види, лицемерие е нужна работа во светов.
    Ако не постои нешто такво, единствена и остварлива можност е да се случи нетрпеливост, отворена омраза до крајност на војна.
    Поголемиот дел од луѓето треба да го сфатат тоа. На малкумина им е јасно дека нешто како утопија не постои. Дека правење добри работи и давање на услуги за фидбек не е секогаш од срце или од вонземјанска љубов.
    Барем не на земјава.

    Затоа разбирам зошто луѓето не се подготвени да се соочат со отворена и искажана критика. Погоре е опишано која е последицата од тоа.
    Сите сакаме да оставиме убав впечаток на ист број луѓе колку што познаваме. Сакаме за нас и нашите ставови најдобро и највисоко мислење. Од нашата гледна, животна точка сметаме дека нашите ставови се најдобри. Во спротивно ако не сметаме, зошто би ги избрале и би верувале дека со помош на нив создаваме подобра иднина за нас?
    Затоа е лудост дека сите останати ќе се согласат со нас и ќе бидат општоодобрено прифатени.
    Различни луѓе, различни мислења.
    И никако со муабети "јас го/ја познавам, сите за неа/него имаат добро мислење". Мy ass.

    Принципот на работење со нематеријални услуги е потребен за успешни односи со јавност и други луѓе.​
    Затоа лицемерието е истакнато во овој сегмент од животот.​
    И не е лоша особина, напротив.​
    Отворено напаѓање на туѓи идеали, како металот е добар, се останато е шунд (најпросо објасување) или лоша фризура во лош ден (коментар да докрајчиш расположение на близок) е безчуствителност.​
    Сите сакаме бели лаги - лицемерност во мали дози.
    За сметка на тоа даваме услуга на ист начин. Сеедно дали е тоа подарок, возвратена насмевка или услуга. Не причинува штета на учесниците.
    На пример, запрашајте се колку пати сте биле на роденден кај ваша пријател/ка од средно или детство со подарок кој верувам дека е купен од учтивост и симпатии за делење на некогашно детство, но не е со ист ентизетет на емоции и интерес кога купувате за вашите сегашни најмили?

    Понатаму,
    Куртоазија - или служење со лицемерност.
    Служење кое е општоодобрено и прифатено од мнозинство.
    Исто како шефот со кој не се слагаме во многу погледи на приватно или на деловно поле.
    Но пронаоѓаме компромис, создаваме и се допираме онаму каде што може. Онаму каде што се разделуваат заеднички интереси, преоѓаме на мут.

    И ќе биде пријатно до моментот кога некој од куртоазија ќе почне да живее за тоа - читај ќе лиже гз.
    Останатиот ќе се претвори во себичен трол и ќе експлотира гага услуги и уживање во туѓото лижење гз.
     
    На True_Blood, UnFleur, kones и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. kones

    kones Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    119
    Humanity is overrated :)
     
  5. kones

    kones Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    119

    Се слагама дека лицемерето е еден вид амортизатор на суровоста во светот во кој живееме, дека внесува малку боја во црнобелиот свет, дека е неопходен за да функционира една единка во деловниот и приватниот живот, но од друга страна пак е извор на тага, мизерија, разочараност итн., во смисла кога на некој/а би му дале комплимент за неговата интелегенција, способност, убавина итн., а не го мислиме истото, ние креираме лажна представа за него/нејзе, и кога таа иста личност би се нашла во ситуцаја во која е убедена дека успешно може да ја помине, направи итн. суровата реалност ќе ја нокаутира и следуваат тие негативни емоции, што не би било случај кога би се кажало вистина.
     
    На melpomena и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  6. Реми

    Реми Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    957
    Верувам дека во 21 век луѓе поседуваат огледало и секојдневно "фрлаат" поглед. Така што секој здраворазумски човек е свесен за свои маани и доблести, затоа се излишни туѓи подметнувања со коментари и "мачкање на очи" за некого да натераме да верува во свои супер моќи.

    Сериозно, ако сметаш дека имаш голем нос, ист како Гаргамел, дали нечие ласкање ќе го смали за некој сантим?
    Или можеби кога се триеш меѓу нозе, како последица на многу сало, нечиј комплимент ќе те натера да помислиш дека си во топ форма?

    Верувам дека не. Исто кај многумина. Напротив личноста која подметнува такви ефтини финти ќе стане одбивна и ќе прекине комуникација.

    Но дали комплимент во тежок и напорен ден за коса, фризура колку и да е обично направена, ќе расположи близок, ќе изнуди насмевка?
    Дали за некогашни спомени кои денес се со мал или речиси непостоечки интензитет за создавање, односно дружба и комуникација, вреди да не се почитува и залиже со мече од Џамбо или некој друг сувернир - пепелник на пример?

    Лицемерие напоменав е позитивно работа во мали количини, исто што и љубомора, пиење итн.
    Не постои црно бел свет. Постојат црно-бели работи, зависно од нивната примена, така и ги карактеризираме - добри или лоши.

    Доволно сме офтопик. Повели отвори тема, таму ќе продолжиме со дискусија.
     
    На lady_blue и Praetorian им се допаѓа ова.
  7. kones

    kones Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    119
    Јас искрено се надевам и верувам дека постои. Но секојдневно со примери ми се докажува спротивното односно дека човечката добрина не постои и е измислица-лага, затоашто е во конфликт со нашиот вроден инстинг на егзистенција, а ретки се луѓето или не постојат(барема јас не познавам такви) кои одат против своите вродени инстинкти во корист на друг.
    систуација:(извадок од серијата на доктор Хаус) Човек со копје трча на кај тројца луѓе. Едниот се врти и бега, другиот вади копје и чека да пристигне тој со копјето, а третиот вади шолја чај да го понуди тој со копјето. Што мислите кој преживеал за да се репрудуцира? Поентата од приказната ми е евулуција. Евулуцијата ни го вградила тој инстикт за самозаштита со која не спречува да одиме против себеси.
    Прашања:
    Дали некогаш сте подариле нешто без да добиете(надевате) нешто во замена?
    Дали некогаш имате направено нешто во корист на друг без да добиете(надевате) нешто ва замена?
    Дали некогаш имате направено одстапка во корист на друг без да добиете(надевате) нешто во замена?
     
  8. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Старите велат - Направи добро и фрли го в'бунар.
    Најмногу мразам кога некој ќе ми помогне, за било што, а после ми го вади низ нос.
    Мој принцип е ова - Онесувај се со другите така како што сакаш другите да се однесуваат со тебе.
    Не водам евиденција што и како и колку добро сум направила некому. Се трудам да не правам лошо никому. Барем не намерно. Оти луѓе сме, грешиме. Некогаш повредуваш некого и без да сакаш.
    И ако сум направила добро или сум помогнала некому, сигурно не сум го направила очекувајќи реципроцитет, да не речам „исплата“. Единствено што би можела да го имам во свеста или потсвеста како очекување, поточно како надевање, е тоа дека кога јас ќе се најдам во некаков ќорсокак, можеби ќе се најде некој, било кој, па дури и тотално непознат лик, кој ќе знае како и ќе може некако да ми помогне.
     
    На SASKA и kones им се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    ако правиме добрина само со цел да ја добиеме за возврат тогаш дај и да не ја правиме
    ако нешто даваме за да го наплатиме,тогаш сме само добри трговци
     
    На Caci му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SASKA

    SASKA Нов член

    Зачленет на:
    11 март 2012
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
     

Сподели: