Добредојдовте на Философија (правила)

Дали сте философ?

  • Да, имам диплома на философски.

    Гласови: 0 0.0%
  • Што е тоа философ?

    Гласови: 0 0.0%
  • Да, но не по традиционално, школско поимање.

    Гласови: 0 0.0%

  • Вкупно гласале
    18
  • Poll closed .
Статус
Затворена за нови мислења.

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Пред да пишувате на теми на кои веќе се расправа одредена проблематика или имате за цел да отворите нова тема, подолу прочитајте неколку препораки.

- Доколку имате желба да дискутирате на некоја тема или да отворите нова погледнете го пописот на теми во подфорум философија.

- Доколку имате прашања во врска со испити, матурски проекти, дипломски, место да отварате нова тема, обратете се во тема која е соодветна за тоа.

При отворање на нова тема, водете сметка за:

Отварање на нова тема
  • Воведниот пост треба да биде квалитетно напишан, аргументиран со јасно одвоено сопствено мислење од поставеното прашање(а).
  • Доколку некој текст цитирате, односно го копирате од друг сајт, наведете извор - линк.
  • Воведниот пост не смее да содржи навреди и провокации.
  • Теми кои не поттикнуваат дискусија ќе бидат отсранети.
Наслов на тема
  • Насловот мора да ја содржи содржината на започнатата тема, односно да биде потполно разбран од форумџии или потенцијални членови.
  • Доколку насловот не е складен со темата, должност е на модератор да го смени.
  • Во креирање на нови теми користете гугл или стручна литература за информации кои сакате да ги споделите или да подржите сопствено или туѓо мислење.
Во философска расправа е дозволено користење на:
- Глупост
- Во заблуда си
- Твојата теза не држи вода ( со образложение )

Не е дозволено користење на:
- Глуп си.
- Си заглавил во глуп филм.
- Детиште
- Коа ќе пораснеш, можеби ќе укапираш.

Зошто?
Во ред е да побивате аргумент. Не е во ред да побивате човек. Во ред е да исмејувате нечија теза, не е во ред да исмејувате човек. Затоа што глупавиот знае паметна ствар да истресе, но и најпаметниот знае да се закопа во сопствената глупост.
Затоа толеранцијата е рамнотежа и сигурна заштита од делење на казнени поени.

За дополнителни поплаки и жалби користете го приватното сандаче и испратете порака до надлежниот модератор. Ако и тоа не успее на располагање се останатите модератори и админи.

Се надевам одговоривте на анкетното прашање.
Ви посакувам пријатно читање со збогатување на нови информации.
 
Статус
Затворена за нови мислења.