Дефиницијата ќе ја копирам затоа што ако јас фатам да објаснувам „се’ “ ќе разберете.
Дискус хернијата настанува со оштетување на ‘рбетните корени предизвикани од пролапс (испаѓање) на лумбалните интервертебрални дискуси.
Меѓу пршленските тела на `рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (односно дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди. Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси.
Темава ја отворам за продискутираме за оваа појава, која верувајте е доста честа.
Јас ја имам веќе отприлика една година, ја добив поради многу физичка работа.
Кога почна да ме боли ’рбетот ја игнорирав болката, и си продолжував да работам(а работев како дистрибутер и на секој 20 минути се наведнував да кревам пакети). Еден ден болката веќе не се издржуваше и се вратив дома порано од работа, легнав во кревет и сакав масажа. Кога го виде грбот жена ми, вресна. Ми бил сиот модар во делот кај што ми е „потфатен пршленот“-тоа така ја напросто си го викам којзнае кој му е медицинскиот термин.
Од тогаш имам направено милијарди испитувања и снимања. Препишани ми се Мовалис таблети за да функционирам нормално, одам на физикална, забранета ми е секаква физичка активност ама сум немирен и не можам да стојам без да правам белји и деновиве болката станува се’ поголема.
Докторот каде што одам ми вика дека е најпаметно операција, но имам разговарано со една повозрасна личност која била во Холандија на операција, и денес ги има истите болки....
Ако некој знае нешто плус, и има искуство ќе ми биде мило да го сподели...