1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дискусии за помалку познати групи и изведувачи

Дискусија во форумот 'Музика' започната од Selma, 11 април 2012.

  1. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Низ форумот Музика има премногу теми за пеачи и групи, со по едно мислење или најмногу 5 мислења, решив овде да пишуваме за не толку познати пеачи и изведувачи. Доколку се развие поголема дискусија околу пеачот/групата мислењата ќе ги издвојам и ќе напрам нова тема од постоечките мислења.

    @ГоспоТ
    мислам ќе ти се погоди темата. :)

    Епа ако има некој идеја нека започне.
     
    На Ludaca, DarkPassenger и ГоспоТ им се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Прв бенд што ми паѓа напамет е Dream Theater. Eпа ај да почнам за нив.

    Dream Theater се бенд кој сe класифицирани како Progressive Metal. Сегашни членови на бендот се John Petrucci (гитара), Jordan Rudess (клавијатури), Mike Mangini (тапани), John Myung (бас гитара) и James LaBrie (вокал). Претходно биле познати како Majesty. Бендот е основан во 1986 год. од Џон Петручи, Мајк Портној (тапанар до 2010) и Џон Мијанг, кои се сретнале на студии во Беркли. По 3 месеци во Беркли, тие го напуштиле универзитетот и го основале првин бендот Majesty (1985), за подоцна да им се приклучи и Џејмс ЛаБри и да го оформат Dream Theater. Додека уште биле познати под името Majesty, свирел и Крис Колинс, а подоцна бил заменет со Чарли Доминичи. Поранешни членови на бендот се Derek Sherinian (клавијатури), Mike Portnoy (тапани) и Kevin Moore (клавијатури).

    Dream Theater имаат издадено 11 студиски албуми. Имаат големо влијание од канадскиот бенд Rush. Технички се еден од најспремните бендови. Мелодиите на бендот варираат. Некои песни се меланхолични, други пак се весели, некои се со драматични пресврти итн.
    Некои од моите омилени песни се "A change of seasons", "Octavarium", "Count of Tuscani", "6:00", "Caught in a web"...

    Членовите на бендот имаат учествувано во многу други проекти и бендови, претежно прогресивни бендови и експериментални проекти. Некои од нив се Liquid tension experiment, A night with Petrucci and Rudess, Cygnus and the sea monsters (tribute to Rush, бендот постоел само една вечер), Gordian Knot, Planet X, Chroma Key, Explorers Club, Nightmare Cinema, Ayreon, Fates Warning, Shadow Gallery, Frameshift, Transatlantic, Neal Morse, OSI, Adrenaline Mob. Како гости поединечно и соработки со други артисти не наведувам зашто ќе ми треба цела страна. Се` на се` огромно творештво и прекрасна музика. Dream Theater и членовите кои биле и сеуште се таму никого не оставиле рамнодушен. Повеќето не ги поднесуваат и не ги сакаат, а малкуте кои ги познавам ги слушаат активно по 20 години и никогаш не им здосадиле.
     
    На Saladin, Priroden и Solstice им се допаѓа ова.
  3. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,572
    Шознам јас не ги сметам Дрим Театар за анонимци.Нејсе...Од албумите им го имам само првиот When Dream and Day Unite и не знам колку пати имам заспивано со него.

     
    На Везилка му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,572
    Penhan е соло хеви метал проект на Farshid Aerabi од Иран кој твори на својот мајчин јазик Фарси. Некои од текстовите на песните му се од средновековните поеми на персискиот поет Руми.



     
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,007
    You Me At Six
    Рок бенд од Британија. Имаат 3 албуми: Take Off Your Colours (2008), Hold Me Down (2010) и Sinners Never Sleep (2011). На тие што им се допаѓаат Paramore, ќе им се допадне и овој бенд, речиси ист звук.

     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Indukti се progressive metal бенд од Полска. Оформени се 2004-та и имаат издадено 2 студиски албуми (Idmen и Susar). Моите омилени песни од нив се:





    Препорачувам да се слушне:)
     
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    "Bozzio Levin Stevens" е fusion jazz / progressive / instrumental трио. Поединечно не се многу познати но имаат настапувано со многу познати изведувачи и групи. Имаат издадено два албуми.


     
  8. Мортидо

    Мортидо Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    1,054
    Допаѓања:
    1,572
    Пак јас со некои персијци. :) The Ways се поп-рок бенд од Иран. Датираат од 2005та година. Песните им се на персиски и англиски јазик. http://www.facebook.com/TheWaysBand/info



     
  9. Ultra lady

    Ultra lady Полноправен Член

    Зачленет на:
    16 април 2012
    Мислења:
    21
    Допаѓања:
    36
    PERO DEFORMERO :))))))))
     
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,007
    The Streetlight Manifesto
    Sku, punk rock, alternative.


     

Сподели: