Диносаурусите и нивното исчезнување

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Се верува дека огромен астероид, кој при судар со помал објект се распарчил во главниот астероиден појас меѓу планетите Марс и Јупитер, се судрил со Земјата пред околу 65 милиони години и придонел кон исчезнувањето на диносаурусите. Доказ за ова е кратерот широк 150 километри, во близина на полуостровот Јукатан. Астероидот, со ширина од 10 километри, по име Баптистина, бил дел од поголем родител.

Меѓутоа, новите податоци од набљудувањата на вселенскиот телескоп на НАСА кој работи во полето на инфрацрвената светлина (Wide-field Infrared Survey Explorer – WISE), ја доведуваат во прашање ваквата теорија.
Иако речиси и не постои сомнеж дека судир со астероид бил виновен за катаклизмичните климатски промени, не е со сигурност потврдено за кој астероид станува збор. Според набљудувањата со телескопи на Земјата во 2007 година, посочен бил токму овој огромен астероид, познат како Баптистина. Претпоставката била дека пред 160 милиони години се судрил со друго тело, по што парчињата се разлетале.

Меѓутоа, користејќи попрецизни податоци добиени со истражување на небото во инфрацрвениот дел на спектарот, како дел од мисијата NEOWISE (продолжение на WISE), испитани се 1 056 членови на фамилијата Баптистина и откриено е дека нивното распарчување било пред помалку од 80 милиони години. Со подобро запознавање на нивната големина и рефлективност, пресметано е колку им треба за да дојдат до нивната моментална местоположба. Резултатите велат дека за овој астероид да можел да предизвика настан од ниво на исчезнување на еден таков вид, морал да се судри со Земјата многу поскоро, пред околу 15 милиони години, а тоа е премалку за овој судир да има предизвикано масовно изумирање на диносаурусите. Се мисли дека се потребни десетици милиони години за астероид да постигне резонанција со Земјата и потоа да се судри со неа.

Ова значи дека е многу малку веројатно астероид од фамилијата Баптистина да ги убил диносаурусите, но други фамилии на астероди од студијата на NEOWISE покажуваат слични рефлективни карактеристики, па еден ден ќе постои можност за откривање на „виновникот“. Сега се работи на создавање фамилијарно стебло на видови и се подобрува сликата на тоа како астероидите од главниот астероиден појас се судриле и се измешале.

Извор

Што мислите вие, како исчезнале диносаурусите? Вирус, астероид, теории милјарда :eek Да не се знае на кого да му се верува. Оваа мистерија уште долго време нема да биде точно откриена.

dinosaur_1.jpgdinosaurs2.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: KaMa( and The_countess

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тоа со астероидот е најточно јас мислам,мавнал астероид и од прашината што се кренала Земјата се ладела и диносаурусите изумреле бидејќи немале што да јадат.