1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Диета за оние кои немаат физичка активност

Дискусија во форумот 'Специјална исхрана' започната од LadyInPink, 14 февруари 2012.

  1. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Доручек:
    Исклучиво овесни снегулки со јогурт, млеко, кисело млеко или кисела вода, а и секогаш кога се чувствува глад.

    Ручек:

    1 ден: Макарони со сирење или јогурт
    2 ден: Ориз со сирење или јогурт
    3,4,5 ден: Варено пилешко со салата
    6,7,8 ден: Варено телешко со салата
    9,10,11 ден: Риба со салата (скуша,ослич или туна)
    12,13 ден: Овошје и зеленчук
    14,15 ден: Зеленчук (леќа, спанаќ, компир)
    16 ден: компир на секаков начин освен пржен
    17 ден: Макарони со сирење
    18,19 ден: Ориз со сирење
    20 ден: риба со компир (скуша)

    Вечера:

    Навечер да се јаде до 20h и преку еден ден да се јаде за вечера супа од компир, морков, овесни снегулки место фиде, магдонос и лук.

    Не смее да се јаде:
    Пржена храна, зачини, благо, сувомеснато, жесток пијалок и пиво. Се препорачува само бело вино во исклучителни случаеви. Да не се пијат газирани пијалоци и густи сокови кои содржат шеќер, а за замена на шеќер може да се користи вештачки засладувач.

    Ручекот треба да се обави во приближно време +/- 1 час, количината на храна не е ограничена доколку се спроведува како горенаведениот режим.

    Со оваа диета се слабее 5 до 10 kg.

    Со среќа [​IMG]
     
    На lili marlen и Minella им се допаѓа ова.
  2. Deadelina93

    Deadelina93 Полноправен Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    52
    Допаѓања:
    107
    mislam deka dobro ke dojde dietata so ogled na toa sto ne sum mnogu po fizickata aktivnost...a za kolku vreme se slabee od 5-10kg?
     
    На nekoj od negde му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554

    Целата диета претежно се состои од јаглехидрати, не знам колку се количините што го има јогуртот, или рибата, телешкото, само во тоа се наоѓа протеини, но со целава диета едвај да ставиме дневно 30-40 грама протеин, а некој има протеински фактор 100 гр да кажеме. Океј е да има доручек, ручек и вечера, само треба да се вметнат уште 2 оброка најмалку. Инаку ме интересира дали ти си ја користела диетава и да ни кажеш твој резултат, а не само да се копира од некоја друга страна/форум па да се посстави, не знам на кој ќе му служи ова, и баш ме интересира за колку време ќе бидат намалени тие 5-10 кг.
     
    На Prashina и Boyka им се допаѓа ова.
  4. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Не сум ја држела, Трајче. Мене диети не ми помагаат, но на форумот каде што ја најдов може да се најдат доста мислења од оние кои ја држеле и поделени се (на некои помага, на некои не)
     
    На lili marlen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Не се обесхрабрувај дека не ти помагаат, само се уште не си го нашла вистинското решение.
     
    На Bum-Bum и LadyInPink им се допаѓа ова.
  6. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    јас држам слична варијанта.. моментално ми е 19ти ден и намалив 6 кг.
     
  7. marjan

    marjan Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    489
    Допаѓања:
    657
    10 кафинја и 2 кутии цигари(дневно) 1 месец 10 кг :skip ке ме отепа Трајце :p
     
  8. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Леле човече, кога имаш време за толку кафиња не знам :D јадеш ли барем? и кажи ми колку литри вода пиеш?
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,554
    Да не те обесхрабрувам или разочарам, ама за 20 дена тоа е многу, и после прекинување на диетата ќе ги вратиш лесно килограмите.
     
  10. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Знам дека е многу ама ми требаше нешто да ме потурне и сега за сега ( бар во блиска иднина ) нема откажување... сакам да се стопли малку па и физичка активност да имам почесто... :))
     

Сподели: