1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дигитализација, Сет топ бокс ресивери, DVB-t сигнал

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од ComputerService, 1 мај 2013.

  1. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Значи ај и на овај форум малце да поразговараме за дигитализацијата.

    Значи сите слушнавте по телевизии, радија, по веб портали, актуелна е дигитализацијата, за кој е должен ОНЕ операторот да го изврши проектот.

    Сега пред некој ден ги понудија Sagem-ресиверите односно БоомТв ресиверите, кој можат да се купат по цена од 990 денари, со кој првиот месец добивате промотивно да ги гледате сите канали кои се во програмската шема на БоомТв, од кога ке помине 1 месец, ако не ги изберите некој од филмските пакети, ке ги гледате само македонските програми кој преживеале, односно канал5,сител, Мтв1-2-3 и уште некоја телевизија ако има доволно сретства да си ја дозволи дигитализацијата.

    За оние кој што не знаат(верувам дека сите знаат и се запознаени)
    Значи од први наредниот месец, целосно се прекинува аналогниот сигнал, тоа значи дека му дојде крај на грчењето, снежењето, матните слики.
    Но исто така преставува и проблем за луѓето кој живеат во некој позабаталени села, бидејќи тешко ке биде да снабдат ресивер, но исто така и слабо фаќа односно скоро ич нема да фаќа дигитален сигнал, знам некои луѓе едвај фаќаат МТВ1, и тоа само се слуша грчав звук, слика како да нема.

    И уште едно што подразбрав дека, државата ке им даде на одредена група на државјани бесплатно Сет топ бокс ресивери.
    Иначе ако има некој телевизор коj има вграден Dvb-t приемник, слободно нека стави антена, ке може да фати веќе дигитални програми, до душа немам скенирано, но мислам дека Мтв,Канал5 и Сител веќе се фаќа дигитален сигнал.

    Иначе ѕверски му е потегот на ОНЕ, пола Македонија ке начукаат БоомТв, големи поволности имаат понудено!

    Значи уште еднаш да напоменам, пократко и појасно.
    Ако имате од поновите телевизори Plasma,Lcd и Led, нема проблем со нив.
    Ако имате од постарите телевизори, а не користите кабелска, сеуште сте со антена, трк по ресивер до ОНЕ, да не се чудите задутре кога ке нема прием!
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Не важи за нас со LCD телевизори :cool:
     
    На ComputerService му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    Може да важи за одредени ,,кинески" ЛЦД и сл, телевизори!
     
  4. Ice_Man

    Ice_Man Староседелец

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    236
    зашто не пронаога ниту еден дигитален канал тв то кај мене ,, само оние од кабловската ?
     
  5. Badgirl

    Badgirl Староседелец

    Зачленет на:
    4 јануари 2013
    Мислења:
    1,477
    Допаѓања:
    3,259
    Само уште ова фалеше..Нпр кај мене дома имаме два бума,и на едниот се е супер,го изменија редоследот на тв каналите (сител беше на 1 сега е на 4,канал 5 беше на 2 сега е на пет,и додадоа уште неколку канали МтМ..и некои други...а на вториот бум лудница,сител е на 101,канал 5 на 102,ги нема новите канали,уште пак сител има слика нема тон...:besen
     

Сподели: