Дешифратор/толковник/транслатор или така нешто

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Уште една тема за креативна забава.
Објаснуваме зборови, изрази, фрази или термини на малку поинаков начин.
На пример вака:

1. БООООООООО - прв и основен израз за покажување и прикажување видно воодушевување, односно восхит, совршено погоден како надоместување на губитокот на зборови, како последица од причината која користејќи го елементот на изненадно изненадување, поточно од нигде никаде, наеднаш Ви ја завзема целокупната широчина на видокругот, односно целосно Ви го одвлекува вниманието.
Па така на пример, во моментот кога изненадно изненаден од убавината на љубената, поготово од величината, односно големината, на нејзините атрибути, љубениот останува без зборови, наместо да троши драгоцено време велејќи :
Ох, колку си убава мила!
Тој, фино лепо извикнува колку што е можно погласно и појасно:
БООООООООО ДУП!!!
.
Напомена: Бројот на употребени ОООООООО е правопропорционален со величината, односно големината на причината која го предизвикала воодушевувањето, односно во случајот посочен во примерот, бројот на употребени ООООООООО е правопропорционален со величината односно големината на атрибутите на љубената
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
ШО ПРАЈШ - ако некој ве праша шо прајш, прашањето не се однесува на она што вие во моментот го правите туку ве прашува како сте само со пинакви зборови..
пример
- шо прајш бе?
- арен ти шо прајш?
- супер брат...
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ШО ПРАЈШ - ако некој ве праша шо прајш, прашањето не се однесува на она што вие во моментот го правите туку ве прашува како сте само со пинакви зборови..
пример
- шо прајш бе?
- арен ти шо прајш?
- супер брат...
дополнение:
ШО ПРАЈШ? - е прашање кое се однесува на ЗДРАВСТВЕНАТА, односно ПСИХОЛОШКАТА СОСТОЈБА на прашаниот, а НЕ на АКТИВНОСТИТЕ кои ги врши.
Ова прашање има три можни одговори кои сосема јасно ја отсликуваат психолошката, односно здравствената состојба на прашаниот и тоа:
ШО ПРАЈШ? —- ЕВЕ БРАТ, АРЕН
ШО ПРАЈШ? —– АРЕН, АМА ЌЕ МИ ПОМИНИ
ШО ПРАЈШ? —– ДА ГО ПОПРАЈШ!
 
Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Кај си бе браат?
-На Фејсбук и форуми сум бе браат... :rofl
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ПАЦА – една од најпознатите битолски хуманитарни личности, еквивалентна на она шо според свецките стандарди значи и означува VIP, односно персона без која не се можи оти ногу е значајна, да не речам важна.
Додуша не е толку важна самата ПАЦА колку што е важна нејзината сопственост врз одредено превезувачко и патувачко средство, кое ПАЦА великодушно му го оставала и му го остава на располагање на секој битолчанец и секоја битолчанка во било кое време од денот, а богами и ноќта.
Па така, ако дадена личност или група на личности, во даден момент треба да стаса од дадена точка А до дадена точка В, а не поседува сопствено превезувачко и патувачко средство, а уште помалку поседува финансиски средства како би си овозможила стасување од точката А до точката В во дадениот момент, тогаш таа личност,односно група на личности може слободно да се обрати кај наша ПАЦА и во истиот момент ќе го добие на располагање, се разбира бесплатно, надалеку прочуеното превезувачко Пацино средство, односно НА ПАЦА БРОДО.
пр.
-Ојме утре на Пелистер?
- Абе дојме, ама со шо ќојме брат??
- Со на Паца бродо бе брат!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

ахаххахх ме пресмеа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
АБЕ В ДУП - Израз кој почнува се почесто и почест ода се употребува од младината во Битола. ПОради надалеку позната кабадајска мрзливост на битолчани овој израз доаѓа како скратеница на уште понадалеку и понадолго познатите израза У ПИЧКУ МАТЕРИНА , У ПИЗДА МАТЕРИНА или ВО НА МАЈКАМУ П*ЧКАТА.. Па таак наместо да се изговараат 14-15 или 16 букви со овој израз се покажува економичноста на битолчани и се изговараат 7 букви..

пример за употреба
( со изговарање на постарите изрази)
- Абе брат овај вака зборваше за тебе..
- Абе у пичку матер ( тука за да се објасни подобро ситуација потребно е додавање на уште нешто како: 'нека оди' и др,)

( со изговор на новиот израз)

-Абе брат овај вака зборваше за тебе ..
-Абе в дуп ( тука нема потреба за додавање на било што зашто се е објаснето со овој израз.)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue