Децата и религијата

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Лесно е кога децата ќе поодраснат и ќе им објасниме дека не постои дедо мраз,дека тоа сме биле ние родителите,кои сме ги дарувале со поклони оти биле умни.....лесно е и кога децата ќе не прашат како се прави бебе,туц-муц ќе објасниме некако,но ајде на помош сега да ми кажете како и на која годишна возраст треба да му ја објаснам на детето религијата,да му кажам кој е Господ,кој се Ева и Адам.Како да му објасниш на детето што има родители верници за единствениот творец на овој свет? Прашање е дали детето ќе се збуни од објаснувањата или пак од другарчето чии родители се атеисти и нема да го замараат со религија и божји заповеди. Како да се почне "обука"за верата од родителите на децата?
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

Искрено .. благе везе неам како да се почне таа „обука“ .. само знам дека моите никогаш, ама никогаш не ми правеле муабет за религија, во што и зошто треба да верувам. Отсекогаш ме оставиле сам за тие работи, и не ми го тупеле дека постои дедо госпоТ и дека ми дреми и ме гледа над глава.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
И мене моите не ме учеле што е религија,што е вера,но кога ме учеле за морал,да бидам умна,да не лажам,крадам идр.ми го спомнувале Бог.....демек он ќе ми се налутил...и така станав морална или поштена од страв од непознатото,но мислам дека не треба така да се учат децата......користејќи го дедо боже да ги воспитуваат во правилна насока...а пак друга идеја и немам некоја.
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
И мене тоа .. без лажење крадење бла бла остали работи, али никогаш госпоТ не бил спомнат во тие муабети. Едноставно не сакале да ми ја полнат главата и да ме учат на нешто на кое може да не се согласам утре.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Мој став околу ова е дека е подеднакво неетички да се инволвираат децата во религија, исто како што е неетички да се инволвираат и во политика. Религијата треба да биде личен избор а детето е интелектуално неспособно за тоа, што по автоматизам го прави идеално за индоктринација. Изборот неможе да биде личен, ако на тој избор детето било подложено на влијание од најмала возраст.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *Hera* and Outrider

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мој став околу ова е дека е подеднакво неетички да се инволвираат децата во религија, исто како што е неетички да се инволвираат и во политика. Религијата треба да биде личен избор а детето е интелектуално неспособно за тоа, што по автоматизам го прави идеално за индоктринација. Изборот неможе да биде личен, ако на тој избор детето било подложено на влијание од најмала возраст.
Затоа и ми беше прашањето како да му ја објасниш на детето за религијата и верата оти секојдневно слуша за неа, а не ја разбира....значи сепак треба да му се објасни нешто поедноставно ....но како?Дете кога ќе почне да "напаѓа"со прашања може во чвор да те врзе.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Затоа и ми беше прашањето како да му ја објасниш на детето за религијата и верата оти секојдневно слуша за неа, а не ја разбира....значи сепак треба да му се објасни нешто поедноставно ....но како?Дете кога ќе почне да "напаѓа"со прашања може во чвор да те врзе.
Кога ќе ја интерпретираат библијата како уште едно обично епско романче, кога ќе ја изедначат со сите други (ете Илијада, Одисеја) тогаш на детето ќе му се долови моментот дека тоа се работи само за прикаски од епски карактер, и дека може, но и не мора да ја гледаат моралната порака во неа. Сепак денешниве деца повеќе ги интересира текот на прикаската отколку моралната поука извадена од неа. Ова второто дури мислам дека е и вметнато од родителите/наставникот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *Hera* and Electra

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кога ќе ја интерпретираат библијата како уште едно обично епско романче, кога ќе ја изедначат со сите други (ете Илијада, Одисеја) тогаш на детето ќе му се долови моментот дека тоа се работи само за прикаски од епски карактер, и дека може, но и не мора да ја гледаат моралната порака во неа. Сепак денешниве деца повеќе ги интересира текот на прикаската отколку моралната поука извадена од неа. Ова второто дури мислам дека е и вметнато од родителите/наставникот.
Да не отворев на интернет немаше да знам дека постојат еден мал милион книги -Библија за деца,преубаво илустрирани,и дека постоела визуелна библија за деца.Останува изгледа пак наједноставното решение на денешницата:тато и мама имаат многу работа,немаме време,седни си пред компјутер и ке научиш се за раѓањето на Исус.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Затоа и ми беше прашањето како да му ја објасниш на детето за религијата и верата оти секојдневно слуша за неа, а не ја разбира....значи сепак треба да му се објасни нешто поедноставно ....но како?Дете кога ќе почне да "напаѓа"со прашања може во чвор да те врзе.
Децата поставуваат најразлични прашања. Што ако почне да прашува како се прават деца? Ќе му пуштиш порнич?