Депресијата на мојата генерација

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Абе убаво напишано се’, само што баш оние кои треба да го прочитаат текстот, тие не читаат колумни туку љубат читаат за бубулицата на газот од Кардашијан.
А и да ја прочитаат колумнава, коментарот ќе им биде у стилот на Синоличка у Тетовирање: ’’Што сере бе овој, ништо не го разбирам.’’

Инаку одамна имам дигнато раце и од младинава, па и од цело општество. Постарите викаат ’’дете се учи, вол не.’’ Меџутим денешниве родители-волови се неспособни да ги подучат сопствените деца. Така да пријатели, отидено е све у курац, и повратак нема. Верувајте, нема. Затоа најубо, искулирајте си, терајте си го ќефот и свиркајте си, оти секој обид за некаква промена е однапред осуден на пропаст.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Топла вода. Искрено ја разбирам неговава изреволтираност - на Урош Милошевски, но по начинот како е опишана и вртењето на едниот те ист муабет во круг, би можело да пројде и како статус на твитер. Ништо ново патем, ова е веќе проблем во последниве ако не 20 тогаш сигурно една деценија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and slb_bobo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
^ Не е до промената, работата е премногу озбилна. Работата е што колумнава не е никакво револуционерно откритие. Не опишува ништо ново чак што више е премногу тупење на одредени делови. Мислам дека треба да ја сведел на неколк мисли, а не да шета као киша око крагуевца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and JaMi

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не ја ни дочитав, јасно ми е што сака да каже авторот.
Изреволтиран е од денешниве деца и демек ќе пишам колумна, ќе ја прочитаат и ќе се сменат. Мхм.
Па и ние не сме исти ко што биле нашите родители.
Се менуваат времињата, мајке ми.
И мене ми се кења од издизотњаци и шути што се бодат, ама не можам да ги сменам.
Јас ќе мрчам, они ќе мрчат и пак исто.
Еве ние сме генерација израсната со VHS касети и Нинтендо, нашиве родители имале тоа како мали?
Марјанови имале. Тие баш по цел ден биле на улица и единствените игри кои ги играле, си ги смислувале сами.
И сега ај им текнало да кењаат против, само затоа што средините во кои сме израснале ние и тие, не се исти.
Повуци - потегли, дел од целокупниот развој е.
Ера на технологија, составен дел од животот е. Јес да се претерува и има премногу млади родители што за да не им досаѓа детето го трупнат на пц и фаќаат џаде, ама ако јас сум родител и сакам моето дете да има детство, ќе му го овозможам бре.
Тоа е мало, не знае што се` му се нуди, па да бира. Ќе прави она што си му кажал.
Нема компјутер, нема мобилен купување и готово. Ама не, јас родителите ги кривам за ова.
Па тие се оние што ги држат конците. Јас ко мала сакав далматинец, ама оди чувај го во стан, мајка ми беше доволно разумна да каже не на мои бесмислени хирови, за разлика од многу денешни родители.
Виделе детето на комшијата има HTC, чек ја на моево iPhone ќе му купам, за инат.
Нему мрсул му тече, уште со ракав не знае да го избрише, а родителиве си се натпреваруваат бе.
Си закачуваат слики од бебе родено пред два дена, одма му прават профил, му го оставаат во „наследство“ и штом прогуга, го учат да седи на истиот тој профил. Па бебето да не е криво, тоа да не отворило?
Јасно дека нештото ќе премине во навика ако секојдневно се наметнува.
Ќе биде поарно, ако ние, кои се самопрогласуваме за the last generation standing, кога ќе имаме деца, фатиме да ги воспитуваме онака како што сакаме да ги видиме во идина.
А тоа - мало морген.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Има има и за над 300 евра, ама ќе работиш без слободен ден за жал, во мојот случај и 3-та смена, зошто? Да, баш дека ми требат пари за да се школувам на факултет во странство, ете тоа е ќе работиш цела година без слободен ден освен Нова Година и Божиќ, и да ќе извадам пари ќе одам во странство и државата очекува да се вратам во нашата татковина, па има ли смисла тоа? За бедни пари, не фала. И без услови за никаква кариера и напредување, каде што никој нема да ја цени твојата креативност, иновативност и амбиции.
Кога работев во Англија,еден од синовите на газдата беше средношколец,другиот студент а третиот работеше кај татко му за плата,за да си извадил пари за да може да студира во Америка.
Не дека тој со сигурност ке се врати во Англија ама зборот ми е дека не само кај нас ние работиме за да си обезбедиме услови за студирање.Јес да ова не го напишав за споредување,споредбата помегу Англија и кај нас е невозможна.