1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Депилирани машки

Дискусија во форумот 'Тело' започната од Mila Kunis, 23 април 2012.

  1. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,527
    Како што се ближи новиот милениум некогашната оштра граница помеѓу машките и девојките опасно се намали, па поради тоа некој од модната индустрија го измисли зборот, по малку и озлогласен, метросексуалец("урбано машко од било која сексуална ориентација, кој има јак осет за естетика и троши огромен дел од своето време и своите пари на својот изглед").
    Козметичките салони во државата веќе на редовна база се занимаваат освен со женски и со машки козметики, нудат секаква депилација на мажи и им овозможуваат на луѓето да го подобрат своето его, или да практикуваат подобра хигиена.
    На форумите на кои се зборува за машка хигиена мислењата се најразлични, од крајности дека оние со влакнести тела се заостанати личности од ерата на неанерталците, до тоа дека депилираните мажи се хомосексуалци кои сакаат да бидат мазни за да личат на девојки и да бидат поубави за своите дечковци.
    Има девојки на кои не им смета нивното машко да биде природно, се разбира доколку тој има слушнато за сапун, шампон и дезодоранс, но има и девојки кои ќе се загрозат од самата помисла на истото и не би замислиле да бидат во физички контакт без партнерот да биде целосно мазен.

    Која е вистинската средина?
    За девојките,каков е вашиот вкус,сакате момци со мазни гради,нозе,раце,насекаде или сакате влакнести мажиња? :D
    За момците, водите ли сметка за вашиот изглед, се депилирате или не сте од тој тип на момци?
     
  2. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    За депилација - не. Дегутантно ми е ако се работи за вадење на телесни влакна. За лице - освен брада веѓи кубење (освен ако не се у меѓусебна врска) исто ми е смешно. Сеа општо за хигиена, мора минимум секојдневен туш со стик. За другото не е толку задолжително. Инаку да. Водам сметка за брич. Друго, не. Освен хигиенски навики.
     
    На Prashina и Aquarius им се допаѓа ова.
  3. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ја никад, друи што сакаф нек си праиф : )
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Да е жив Ленон, сигурно ќе беше веќе полуден од луѓето.
    Какви депилации бре, какви бакрачи. Никогаш не би се депилирал.
     
  5. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Увек!
    Посебно во комбинација со недепилирана џемцка што држи суџук брк, екстра пар ќе се.
    Ако има веџа едињача, тогаш простено му е ако меѓупросторот го тргне со лентичка.
    Ама да легне да го депилираат...петел еден.
    Кај мојата козметичарка врие од такви мажиња. Еднаш еден ќе се степаше на незакажано да му издепилира груда, и во чекална пред 4-5 жени мораа да го депилираат. Вол.
     
    На The Tramp, Гонзо и Saladin им се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Веројатно бил некој „биди болдер“ со јака машка груда, фризура јебо факич и мачо став.
     
    На 048 и Electra им се допаѓа ова.
  7. The_Mayor

    The_Mayor Фраер од пелени

    Зачленет на:
    18 март 2012
    Мислења:
    2,837
    Допаѓања:
    6,520
    Не се депилирам , ама затоа правам други женски работи:zelen
     
  8. ipopovski

    ipopovski Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    30 септември 2011
    Мислења:
    1,738
    Допаѓања:
    2,349
    Реално ги оправдувам тие што се апла влакнести, па се средуваат, ама за останатите не гледам потреба.
    Машко си е машко :)
     
    На The Tramp и 048 им се допаѓа ова.
  9. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Се освен нозе ;) па и раце освен ако не е претерано влакнест :p Се остало си е океј и нема зашто да не се издепилира :D
     
  10. iva89

    iva89 Полноправен Член

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    76
    Допаѓања:
    75
    Не сакам депилирани машки, особено коа ке видам некој летоска со мазни нозе па уште му светат на сонце :rofl ми се гади
     
    На Luckky, 048, Marrie и уште 3 други им се допаѓа ова.

Сподели: