Дениса Маркоска

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мислам дека нема потреба од некој посебен вовед. 23 годишна девојка од Прилеп исчезна додека работела на бродот Серенисима. Среде ноќ ја снемува и оттогаш нема ни трага ни глас од неа. Нема видео снимки од камерите во бродот, никој не знае ништо...
Секако најлеснои наједноставно е да се каже дека скокнала и се самоубила. Ама суицидална личност би одела ли да работи на брод, би продолжувала ли уште еден договор?!
Што мислите дека се случило?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Моите сомнежи се дека се работи за добро организирана мрежа која се бави со бело робје, а пошто во меѓународни води нема државни закони станува идеално место за трафикинг.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Истото го мислам и јас...Многу е нелогично девојка која имала два договори за работа тукутака да падне, излегла да пуши во 02 по полноќ на цигара и ја снемало ама телефонот го нашле на палуба без сим картица...
Повеќе од јасно е дека е грабната и некаде пратена да се проституира...
Само иритира тоа што не’ прават дебили...Паднала, се фрлила...Приказни за деца...
А уште пожално е што во игра се многу луѓе и ситни па се’ до оние крупните...
Во секој случај жално, не можам ни приближно да замислам како им е на родителите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *Hera*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Истото го мислам и јас...Многу е нелогично девојка која имала два договори за работа тукутака да падне, излегла да пуши во 02 по полноќ на цигара и ја снемало ама телефонот го нашле на палуба без сим картица...
Повеќе од јасно е дека е грабната и некаде пратена да се проституира...
Само иритира тоа што не’ прават дебили...Паднала, се фрлила...Приказни за деца...
А уште пожално е што во игра се многу луѓе и ситни па се’ до оние крупните...
Во секој случај жално, не можам ни приближно да замислам како им е на родителите...

Суицидот не може да се исклучи, кој работел на брод знае некои ствари, не мора воопшто да е суицидална или депресирана особа. Кабините за екипажот се клаустрофобични два на два без дневно светло дувла во кои обично се сместени четири особи на кревети на кат. Нешто како во подморница му доаѓа. Зависи од компанија до компанија но обично за време на траењето на договорот нема слободни денови (замисли пола година без слободен ден) и се работи цел ден. Комбинирано со евентуален дебилен надзорник на смената притисокот знае да биде сериозен. Зависи секако и од работното место но сиот тој монотон хабитат зема свои жртви.

Случајно паѓање е слабо веројатно, можно е и криминално сценарио но суицидот за жал е далеку од ретка појава, имаше два случаи кои се десија за време на договорот едниот од филипини скокнал ноќе веројатно не го видел никој утрото кога не се појавил на смена почнале да го бараат ама џабе 4-5 часа по 20 јазли тоа се 150-180км кои ги прави бродот од местото на скокот во вода, ноќно време...
После капетанот држеше говори имаа и психолог вработено демек ако некој примети некого да се понаша чудно да го пријави па некои ги викаа да муабетат со психологот, дебилана до коска (facepalm) ако не сакаш да има такви ситуации дај им еден ден слободен во неделата ебате фекалии капиталистички.

http://www.cruiselawnews.com/2014/0...mber-missing-from-grand-princess-cruise-ship/

И тоа ова се едни од`најреномираните` компании, исчезнатата во овој случај работела во втора лига некаков руски брод...суицидот кај екипажот е честа појава на вродовите.
Секако тоа што ова и бил трет договор наведува на сомнеж во евентуален суицид ако се земе дека би требало да се привикнала на условите но којзнае... имало филипинци со по 10+ договори кои си го одземале животот...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Тешко на родителите.
И стварно не ја сфаќам потребата да се коментира по форуми и да се нагаѓа шо се случило. Небаре за филм се работи, па ај ќе тепаме сега време и ќе си нагаѓаме. Глупости.
Шо фајде од вакви муабети?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Тешко на родителите.
И стварно не ја сфаќам потребата да се коментира по форуми и да се нагаѓа шо се случило. Небаре за филм се работи, па ај ќе тепаме сега време и ќе си нагаѓаме. Глупости.
Шо фајде од вакви муабети?
Далеку од тепање време...
А зошто пак да не коментираме што се случува со нашите деца појдени на брод или било каде низ светот за да заработат?
Можеби некој има лично искуство на брод па може да не’ информира за некои работи...
Читајќи вакви http://tocka.com.mk/1/137580/strasn...rod-makroa-vi-gi-vodat-decata-vo-prostitucija или слични статии се згрозувам ...
И стварно не гледам што има тука лошо да знаеме што навистина се случува со нив и како им е таму?
 
Последна промена:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Имам другар што работеше на оние поголемите бродови што се и истото што го пиша Outrider ми го кажа и тој, дека од што е тешко има луѓе што сд убиваат. Е сега финтата е што девојкава мислам дека не се убила, зашто би се убивала кога отишла да заработи пари. Нас ќе ни кажат дека се убила ама не верувам во тоа, сигурно е како што пиши погоре, дека е земена за проституција а и капетанот сигурно знае нешто, тоа се поврзано бе цц. Ќе не излажат нас тука и ај, па и овие од мнр кај нас ни со прст не мрдаат а да беше за нивно дете цела грција ќе ја пребараа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Далеку од тепање време...
А зошто пак да не коментираме што се случува со нашите деца појдени на брод или било каде низ светот за да заработат?
Можеби некој има лично искуство на брод па може да не’ информира за некои работи...
Читајќи вакви http://tocka.com.mk/1/137580/strasn...rod-makroa-vi-gi-vodat-decata-vo-prostitucija или слични статии се згрозувам ...
И стварно не гледам што има тука лошо да знаеме што навистина се случува со нив и како им е таму?
Тоа може да се коментира и без да се става девојката во центар. Ко да им е малку маката на нејзините па уште да читаат секакви можни сценарија од луѓе кои си седат на форум и си праат муабет додека си пијат кафенце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тоа може да се коментира и без да се става девојката во центар. Ко да им е малку маката на нејзините па уште да читаат секакви можни сценарија од луѓе кои си седат на форум и си праат муабет додека си пијат кафенце.
А тие демек форумов го читаат. :)