Денес у Манџадонија се вари... бај Скопски Солидарец

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
... од блогот на Скопски Солидарец

Нема, нема и одеднаш како гром од ведро небо се појавија неколку петиции. Ќе спомнам само две.
Една е онаа за струјата, демек била скапа па се прави петиција и се бара враќање на ефтина тарифа.
Добро бе маме му е**м како никој досега не се сетил да направи петиција за покачување на платите, а. На никој ли не му текнало тоа.
Не е струјата скапа алооо, платите се мали. Толку се мали што ти треба микроскоп да земеш со тебе кога ќе ја подигаш. Ако случајно ти падне додека ја носиш накај дома треба да се испотиш дур ја најдеш.
Толку е малечка што ќе биде како да бараш игла у сено.
Помала е и од молекулот. И таа е невидлива со голо око.
Како ја земаш у исти момент ја даваш што на режиски трошоци што на дугови, не ја ни гледаш.
Македонската плата има иста димензија и форма како молекулот.
А струјата има иста цена у цел свет па не сум слушнал досега некој да штрајкува ради тоа али штрајкуваат за покачување на плати, тоа да.
Па само кај нас може синдикатот да одреди минималец од 8 иљадарчиња и тоа да биде прикажано како нешто што не се случило досега у Македонија, а што е најтрагично народов тоа да го прифати без збор.
Уште целиот среќен коментира - Наа, ти ибам тоа газдите не заебаваа досега да им рмбаме за 100 евра.
- Е нема више од сега ќе се опрчуваат по 130 евра има да пукнат од мука.
Мене ова ми личи на она... и волкот сит и овците на број.
Кој е волк а кој овца проценете сами.
И сега клучното прашање, зашто кај нас никој не штрајкува ради тоа што платите се минијатурни мене стварно не ми е јасно.
А нашиве штрајкови што да ти кажувам им се стресоа мадињата на надлежните ко ќе се излезе на улица. Ќе се соберат двајца без тројца ќе се шуткаат пред влада док не дојде време за ручек и на крај ќе упатат ултиматум.
- Ако не излезе некој да ни ги сослуша барањата пак ќе дојдеме... следниот месец.
Крај на протестот и право на сркање манџа.
Еве да речеме да ја вратат ефтината тарифа и што тогаш. Ќе се обогати народов. Не ама цел радосен ќе може да се врати на варење манџи на ефтина струја.
А што убаво е сега, онака цел град во период од 13 до 16 часот мирисаше на манџи и запршки, а остатокот од денот се луфтираше. Спасот беше ако дувнеше малку ветар, а како што сега нема проток на воздух поради актуелната градежната какофонија ќе биде држ ме мајко се испосрав ако се врати ефтина тарифа во тој период од денот.
Манџата може да биде и незгодна. Сум го осетил тоа на своја кожа.
Пред некое време кога се вселив под кирија у еден стан два пати требаше да кречам за колку толку да се неутрализира мирисот на манџа кој се беше впил у ѕидовите. Кираџиката пред мене изгледа се давела у манџи. Верујте ми кога влегов у станот доживеав манџа шок. Стварно непријатно чуство. Ми се згади манџата за подолг период.
Иначе манџа без месо е национално јадење кај нас. Какво тавче гравче, мусака или селско месо, башка и ефтино кркање. Само 50 денари се потребни да се приготви количина за цела фамилија и да се срка цел ден. Буташ малку поише леб и тупан се прајш.
50 денари пута 30 дена еднакво на 1500 денари.
Затоа една фамилија можела да се прехрани цел месец. Не ми беше јасно до скоро како успевале со такви плати.
Манџата е јадење дури и ако остане не мора да се фрли. Од нејзе може да се направи за следниот ден друг специјалитет, а тоа е на далеку прочуената “Помија„
Ебати ручекот ако барем еднаш у неделата не се тури Помија на трпеза. Него како, има да се храниме како господа а не како свињи.
А секоја власт што ќе сфати дека за добар народ нема лоша помија добро поминува.
А дали мислите дека е случајно што во последниве години се појавија плева нутриционисти со своите совети како она месо било многу мрсно, од она се дебелее, од она рипало притисок.
Па добро бе што да јадеме? - Поише течна храна ќе речат или со други зборови... манџа.
Не убедија дека се е штетно осим манџата. Тоа е направено се со цел народов што помалку да мисли на месо за да не дојде у искушение да го купи па тогаш да сфати дека уствари нема пари да го купи. Вака за манџа секогаш се наоѓа и се е под контрола. Ме разбирате.
Да не спомињам дека границата на холестеролот и триглицеридите е поместена па така сега секој се соочува со покачени вредности над дозволеното.
- Ништо не е, ќе намалиш од месото повеќе течна храна и нема проблем, одма ќе те советува твојот матичен.
Наречете го ова заговор али секоја влада сака да ве навлече да станете зависни од манџа. Додека се свестите оде воз у кукуруз, веќе може слободно да се наречете “наркоманџ„.
Е тогаш настануваат проблемите, попрво коцкарот ќе го остави зарот него вие манџата.
Првите симптоми дека сте станале наркоманџ се следниве:
- Пролив, кој се јавува поради прекумерно сркање манџа и осип на газот кој се јавува поради зачестено празнење на цревата што е последица од прекумерното сркање манџа поради кое се јавува дијареа... и така у круг од кој што нема излез.
Животот ви се сведува на сркање и серење.
Потоа тегоби у стомакот кој се јавуваат после 15 до 20 минути од сркањето манџа. Меѓутоа битен е психолошкиот момент, кога за тие тегоби се обвинуваат лебот, салатата или нешто трето а никако подсвесно да се признае дека вината треба да се бара у манџата и поготово у нејзиниот додаток запршката.
Ако некој ви ја посочи таа комбинација за виновна за вашите тегоби вие веднаш се ставате у нивна одбрана и муњевито реагирате со контра реплика дека манџата и запршката биле здрава храна, дека поволно делувале на дигестивниот трак и дека дотичниот трескал зелени и вината ја свалувате на некаков стомачен вирус.
Али никако да си признаете и да сфатите како баш после секое кркање на манџа се појавува тој стомачен вирус. Ептен коинциденција.
Иначе некоја посебна терапија за оваа зависност не постоји. Кај нас се уште не се отворени советувалишта каде ќе може зависниците у групи да разговараат со психолог.
Знаете она - Здраво, ја сум Трпе Македонски и сум наркоманџ, а другите го поздравуваат у хор - ЗДРАВО ТРПЕ !!!
Воедно ја користам оваа прилика за да апелирам до надлежните институциите и невладините организации да не го запушуваат носот пред оваа непријатна миризба која прети да стане општо прифатено зло и која може да прерасне у масовна зависност и да добие катастрофални размери.
Манџата толку е влезена у сите пори на општесвото што се плашам дека како што тргнала работата ко ќе се роди машко чељад у фамилија на честитање ќе одиме со зборовите:
- Ајде за многу години, па да се спанџа со некоја што ќе знае да прави манџа.
А девојка која нема да знае да прави манџа тешко нејзе, ќе остане стара мома.
Затоа уште од мали нозе децата би се васпитавале да пројават интерес за манџата. А у школо учителката цела возбудена ќе им ги објаснува благодетите на манџата по предметот “Запознавање на манџата и запршките за прво одделение“.
Ја уште како мал сум ја засакал манџата... ќе започнуваат рефератите на децата по повод државниот празник “Денот на Манџата„ што ќе се организира секоја година додека постарите ќе се такмичат у сркање манџа каде што победникот ако не пукне од подуеност ќе го понесе пехарот “Златна Манџа„.
Тука само по себе се наметнува и деценискиот спор за името. Пошто многу сакам да давам предлози за решавање на спорот еве и сега ќе дадам еден предлог, втор по ред. Предлагам да го решиме со преименување на нашата држава у Манџадонија и правац ЕУ. Под услов ако се излуфтираме дотогаш иначе вака намирисани кој не прима.
Е малку текстот на химната ќе го измениме али затоа ќе биде прифатлив за сите у државава. Ќе оди некако вака:
Денес у Манџадонија се вари,
вкусна манџа сосе запршка
Машки, женски, млади и стари
за сите манџа ќе се вари
Стари, млади, женски и машки
јадат манџи и запршки

И сега некој се осмелил да ја укине ефтината тарифа. Сега баш кога бевме на пат да направиме светски бренд . Ајварот ни го зедоа ама манџата не ја даваме, таа е наша.
А народов место да ја искористи приликава и да му текне кај е проблемот он запнал како вол у купус да се врати ефтина тарифа па да се врати.
- Со нашите скромни примања си праевме манџи у тоа време, ќе речат. Па изгледа тука е проблемот, у скромните примања народе Македонски.
И поради тоа и икс други причини ја сум против враќање на ефтина тарифа до целосно освестување и излегување од агонијата у која се наоѓа Манџадон...мислам Македонецот.
Белким, чунким и санким ќе дојде некогаш тој ден Д.
И предлагам на некои наредни протести и штрајкови да се бара зголемување на платите.
А кој знае можда народов не е научен да зема добра пара. Ако му дадеш многу пари ќе напрај некоја беља. Коцка, швалерки, кафана кој знае на што ќе се оддаде.
Можда е и боље вака барем си е раат ако ништо друго.

ДА ЖИВЕЕ МАНЏАТА !!! ДА ЖИВЕЕ ЗАПРШКАТА !!!
ТРИПАТИ УРА ЗА МАНЏАТА - УРА УРА УРА !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ~ Скарлетка ~

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
никаква поука не извлеков и не дознав нешто ново од овој твој петкилометражен тект (facepalm)
а кога веќе си се сетил дека нема петиција за платите...покрени иницијатива,што чекаш?!Може и ќе ти успеа како што им успеа на студентите за гага превоз :eek:
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
никаква поука не извлеков и не дознав нешто ново од овој твој петкилометражен тект (facepalm)
а кога веќе си се сетил дека нема петиција за платите...покрени иницијатива,што чекаш?!Може и ќе ти успеа како што им успеа на студентите за гага превоз :eek:
Е како не дозна,барем дозна како се рекламира вториот дел од насловот :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and ipopovski

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од чиј блог again?...бај “Академска граѓанка“
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
како не сме уште некој век под турско, бар на море ке излегувавмее :zelen
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
... од блогот на Скопски Солидарец (КЛИКНИ)

Нема, нема и одеднаш како гром од ведро небо се појавија неколку петиции. Ќе спомнам само две.
Една е онаа за струјата, демек била скапа па се прави петиција и се бара враќање на ефтина тарифа.
Добро бе маме му е**м како никој досега не се сетил да направи петиција за покачување на платите, а. На никој ли не му текнало тоа.
..........................................................................................................

Платите се океј ако давачките се мали.Имам еден пријател во Албанија кој има приватни апартмани на море.Има вкупно 12 апартмани и месечно плаќа струја 60 евра за сите нив.
А збориме за Албанија, земја во која најмалку се исползува енергијата, нити пак некој инвестира.Чесите пред извесно време сакаа да инвестираат заедно со светската банка како гаранција на нивната инвестиција.И се ќе беше добро доколку Албанија не го донесеше тој глуп закон за енергетика со кој тие како држава ја диктираат цената на струјата и ги ограничија чесите.
Прост пример, чесите сакаат да ја купат струјата за 0.5 еуро киловат и океј е ама албанија како држава не дозволува да ја дистрибуира за цена поголема од 0.3 еура.
Чесите се откажаа.

Е сега затоа што нели ние сме поразвиена земја од Албанија работите идат вака.
Тец Неготино не работи.Е заради тоа што не работи ние увезуваме струја која е поскапа, додека пак тец неготино може да искористи дупло повеќе капацитет од тоа што во моментов може да го произведе (околу 4500 MWh) за 24 часа и може да покрие 400.000 домаќинства.И тоа за многу поевтина цена.
РЕК битола доживотно ќе има јаглен?
Дали знаеш колку може реките во мкд да се искористат за производство на енергија?
Каде се соларните панели?
Во врска со неконвенционалните извори на струја, за Влез во европа треба да имаме бар 20% извори на електрична енергија добиени од неконвенционални извори.
Да се фраери нашиве, потег струмица, гевгелија заради највеќе сончеви денови да инвестираат во панели.
Ама поубаво е да се увезува.Поскапо е.А ако не знаеш што е убаво прашај што е скапо.
Хидроцентрали потег Скопје Велес.Фантазија :)
А најбитно ми беше да кажам дека постои мала хидроцентрала во љубанци која е изградена да не речам на поточе.Инжињери тврдат дека има доволно моќност да покрие пола Скопје со напојување.
Зошто не се искористи тој капацитет?Ја штедат реката или? Значи се е бизнис.Заеби ги манџите погледни малку колку државата краде.
8000 денари сметка за струја со 2 клими алоооо рокфелер ли сум?А ги жалам и тие на парно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Вака поставена колумна со револуционерно откривање на сидромот "манџа" не е ништо ново.
Некако ми е поставена ко да си открил ко што вика Saladin , топла вода.

Е па такви сме ние македончињата (ко божем не го знаевме ние ова) навикнати да не угнетуваат.
Може и тогаш кога не сме, ние халуцинираме дека сме.
Едноставно така знаеме да живуркаме, или така ни одговара.
Еволуцијата на македончето заринкала неколку века наназад, и поинаку не се знае.
И со денешното перење на мозок, нема да идеме напред, со не знам какви револуционерни мисли уште долго.
Конкретно секој си се бори за подобра плата.
Ако си ти толку имотен јади брат месо, што да ти кажам.
Некои луѓе толку имаат, за со една "манџа" да преживеат три дена.
Поинаку не знаат, се задоволуваат со тоа што го имаат, без никакви амбиции.
И да со ефтината струја не по:cenzuraаа.