Двобој на глувци

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Стандардна неелоквенција, простотилак, никаква просечна култура и став рамен на Квазимодо. Ѓубрето се исфрла секојдневно а граѓанинот стои во центарот на ерупцијата и со повремени бранови од измет ја покрива свеста и останува замаен од нивната неспособност за комуникација.
Слично како она со почетокот на вестите- ќе ви посакаат добар ден, а потоа во следните 30 минути ќе ви читаат колку уствари бил мизерен. Така, прес-конференциите на креаторите на политичката (не)култура личат на војна во Заир, само што овде копјата и острите коски од слонови се заменети со микрофони, некакви безвезни фотокопии од фиктивни фалсификати, и се разбира, реа од нивните усти.
Кога стоите од страна и сево ова го гледате, ви доаѓа на ум сепариња, кафе од 50 денари некаде во Скопје и апстрахирање на политика до ниво на вегетирање.
Не знам само кога ќе сфатиме дека треба да имаме свое мислење, без некој портокалов или плав да ни прави масовна хипноза ден за ден, веќе две декади.
Ја нареков колумнава "Двобој на глувци", бидејќи сакам ние- остатокот од граѓаните да бидеме стапицата, или водата во кантата, за да можат да се удават сите одржани говори или да бидат ликвидирани сите пропаднати соништа и идили. Сфаќаме кои се глувците.
Политичката сцена, (или скапана даска во МНТ) во Македонија наликува на напукнат ѕид каде се кријат глодари кои сигурно и успешно ги јадат нашите сетила, напаѓајќи ги со божем креативните идеи за "излез од кризата". Дали уште го пиете кафето од 50 денари? До каде сте со цигарите? Браво, гледам сте ја почнале и втората кутија. Мислам дека на дел од нас (можам да речам, нас, младите генерации) им е скиснато од политика, што е и нормално.
Во нас лежи потенцијалот за идно дејствување. Кој ја држи сабјата да го скине чворот? Кој ќе биде степенот на зовривање на нашиот потенцијал и маргинализирање, зависи од акцијата.