Да си студент во Македонија значи...

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
-Да немаш попуст на карти за културни случувања, а исто така да немаш и можност за хонорарна работа.
-Да се образуваш и учиш за испити, исклучиво од литература на друг јазик.
-Да бидеш жртва на нечија шизофренија, поточно секој семестар да фрлаш пари за работи кои не ги добиваш: хартија, копирање на учебници, услуги од студентски сојуз и многубројни измислици.
-Психички да те малтретираат искомплексирани професори.
-Да учиш, ама да паѓаш на испити.
-Да бидеш исто така жртва на нечија потреба за пари. Оттаму и мито и корупција.
-Уште еднаш, да си жртва на политички превирања и манипулации.
-Да си потценет и омаловажуван.
-Да имаш необезбедена и несигурна иднина.
-Да си тело преку кое може да се перат пари. Се извинувам, дали споменав жртва?
-Да учиш теорија, без пракса.
-Да молиш професори за консултации.
-Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот.
-Да патуваш од друг град само за да ти каже професорот да дојдеш друг ден.
-Да бидат нељубезни и неуслужни со тебе од студентски прашања.

http://www.fakulteti.mk/news/12-08-03/da_si_student_vo_makedonija_znachi.aspx

Јас потполно се пронајдов во текстов.
Koи од овие работи најмногу ве нервират ???
Продолжете ја листава......
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Јас сум на приватен и (фала Богу) можам да кажам дека скоро ништо не е точно од ова (за во мојот факултет). Од студентски прашања се трудат колку што можат да ти излезат во пресрет; нема вреѓање ниту омаловажување од страна на професори; литературата е на македонски јазик; резултатите од колоквиумите/испитите во најкраток можен рок се објавуваат; имаш мејл/број од професорите, па можеш во секое време да ги побараш за консултации (се случило дури и ден пред испитот професорката да се јави да праша дали има нешто нејасно)...
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да седиш во огромен амфитеатар без парно на сред зима до 8 навечер само за да се потпишеш, да ти го прочита професорот името и после да блееш во паужините нетргнати од Титово време дури профица чита од книгата.

Да купуваш книги по 5000 денари само затоа што се напишани од твој професор и ко демек ако ги купиш истите, ветуваат дека ќе ти пишат поголема оценка. Жими онаквото.
Нели, кампањата е дека трошоците за образование се сведени на минимум. Мхм, сигурно.

Ден пред испит да дознаваш дека полагаш, а ко изговор добиваш „Работа ми излезе, ама и вие секогаш треба да сте спремни, знаете дека се ближат испити/колоквиуми.“

Да си шут, гол и бос со IQ на Ајнштајн, а стипендијата да ти ја јаде некој на кој носот му го засенува видикот, се расфрла со iPhone, iPad и иде со мерцедес на факултет.

Да ти предава неписмен професор кој којзнае како земал диплома и се вработил, а ваму не знае да ти објасни што си погрешил на испитот и те гледа ко теле, па уште и се лути зашто си наоѓал маани кога професорот бил тој што одредува дали еден одговор ќе е признаен ко точен или не.

И се` ова се лични или примери од блиско опкружување.
Мајке ми.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
И јас сум на приватен, голем дел од работите ги нема... на студенски спрема тебе се супер, професорите да ти објаснат, да се најдат во пресрет, се секогаш тука, си седиме со нив, кафе си пиеме, со директорот исто, пракса имаме, што е важно, сега имаме еден професор кој дели, ама ајде, само поради него не чини целиот факс, се надевам дека во скоро време нема да предава веќе на нашиот факс, а и плус тоа професорите кај нас имаат многу големо знаење, и не ни раскажуваат лекциите, тоа е работа на асистентите, тие ни зборувааат за работи поврзани од тоа што го учиме, но од лично искуство, што е многу поинтересно (inlove) и учебниците ни се на македонски јазик, фала богу... :)
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Највеќе ме нервирало кога ќе дремам ќе го чекам професорот да дојде за испит и на крај ќе се јави и ќе каже дека го одлага за утрето ден.мислам во тој момент ќе пукнам.
Од приватен до државен факултет има километри разлика.
На приватен плаќаш за да те учат затоа и се јавуваат,прашуваат оти и они се платени за тоа,но тие студенти многу полесно поминуваат,за разлика на државните факултети.Плати и положи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
-Да немаш попуст на карти за културни случувања, а исто така да немаш и можност за хонорарна работа.
-Да се образуваш и учиш за испити, исклучиво од литература на друг јазик.
-Да бидеш жртва на нечија шизофренија, поточно секој семестар да фрлаш пари за работи кои не ги добиваш: хартија, копирање на учебници, услуги од студентски сојуз и многубројни измислици.
-Психички да те малтретираат искомплексирани професори.
-Да учиш, ама да паѓаш на испити.
-Да бидеш исто така жртва на нечија потреба за пари. Оттаму и мито и корупција.
-Уште еднаш, да си жртва на политички превирања и манипулации.
-Да си потценет и омаловажуван.
-Да имаш необезбедена и несигурна иднина.
-Да си тело преку кое може да се перат пари. Се извинувам, дали споменав жртва?
-Да учиш теорија, без пракса.
-Да молиш професори за консултации.
-Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот.
-Да патуваш од друг град само за да ти каже професорот да дојдеш друг ден.
-Да бидат нељубезни и неуслужни со тебе од студентски прашања.

Јас потполно се пронајдов во текстов.
Koи од овие работи најмногу ве нервират ???
Продолжете ја листава......

сум поминал и јас ни з тоа се и фала му на бога што завршив на државен
нема ништо без мака на овај свет тоа да ви е јасно :pusi
па и девојка шо е најлесна работа да фатиш си сака труд и внимание не знам зошто кукате (smoke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum