Ќе се земам самата за пример.
Добив нова работа,во која да речеме сум на повисока функција него останатите.Долго размислував дали да прифатам или не,кои се добри и лоши страни на сето тоа итн..
Првото нешто кое си го ветив себе си кога се согласив да ја прифатам работата е беше да останам приземна.
Во секој поглед.Било со луѓето од мојот тим,било со блиските и останатите.Нормално новата работа ми е храна за егото.Ми ја зголеми самодовербата за 60%.
Тоа беше некоја моја лична победа.Сосем друга приказна која не припаѓа овде.
Морам да признаам дека ми е секојдневен предизвик за кој сум свесна дека во некои ситуации малку фали да би ја искористила функцијата да би се поставила над останатите.Внимателна сум.
Предизвик ми е да створам одредена дистанца,меѓусебен респект,а воедно и опуштена "пријателска" атмосфера со луѓето со кои работам.
Понекогаш не се луѓето кои ја добиле таа одредена позиција оние што се менуваат туку останатите кои воопшто не се свесни за своите постапки.
Колешките со кои пред да го добијам тоа работно место секојдневно пиев кафе и правев пауза беа тие кои почнаа да ме игнорираат,да ме гледаат во стилот на"ти не си ништо подобро",
да ми префрлаат итн,иако ништо од моето однесување не се промени.Чинам многу од нив беа љубоморни(помалку или повеќе).Некои пак кои ме избегаваа или немав никаков моабет доаѓаат и ме поздравуваат правејќи ми бош моабети како да сме израснале заедно.
А јас сум истата.Каква бев пред тоа така и сега,затоа што како што наведов горе внимавам на тоа.Битно ми е,затоа што
денес имам некоја титула, утре може да завршам како чистачка,питач.Ништо не е константно.Тоа е животот.
Скромноста е битен дел од карактерот.Барем за мене така.
Тие што се дигаат заради својата функција,мислат дека се нешто подобро пд другите се лажат себе ги лажат и другите.Сељаци луѓе.Со големо Љ.