Дали љубовта се купува со пари?

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Mуабетот ми е дека парите и љубовта оделе заедно, одат и ќе одат.
А девојка може да биде независна, самостална и сето тоа, со желба само да си го зацврсти статусот и да го дуплира, ако не и три пати повеќе да го зголеми. Има со такво размислување, колку повеќе, толку подобро. Charity work вонабис, како што јас милувам да им речам.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Mуабетот ми е дека парите и љубовта оделе заедно, одат и ќе одат.
А девојка може да биде независна, самостална и сето тоа, со желба само да си го зацврсти статусот и да го дуплира, ако не и три пати повеќе да го зголеми. Има со такво размислување, колку повеќе, толку подобро. Charity work вонабис, како што јас милувам да им речам.

никогаш нема да одат таа девојка (или жена што трча по пари и слава ) всушност тоа и е нејзе и целта не љубовта!!!
 

Black Hawk

Нов член
11 јуни 2012
24
15
3
32
Денес парите се вистинска љубов......се друго е лудило
жално но вистинито
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Никој не ја меша љубовта и парите... Одат со некој заради парите, а можат да ја потиснат љубовта во нив само заради една кола, куќа, статус и сл... Постов е во множина бидејки важи и за машки и за женски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor and melpomena

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
затоа што љуѓето мислат дека со пари можат се! болната вистина е дека сега парите го вртат светот но сепак НАЈУБАВИТЕ РАБОТИ НЕ СЕ КУПУВААТ СО ПАРИ ;) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Живееме во свет и во време, каде успехот се врзува со парите, престижот со куќа на водно, имиџот со каква кола се вози. Се е свртено наопаку, и веќе не се знае што е што. Жените ги етикетираат како спонзоруши а мажите забораваат дека во последно време само преку парите, и преку тие материјални ствари се трудат да освојат некоја жена. Се повеќе од младите не веруваат во љубов а и како да веруваат кога на празен желудник ретко кој се заљубил. Се поголемата сиромаштија и беда, ги притиска луѓето на неморалност само за да се дојде до некоја нормална егзистенција. Бракот кој некогаш бил крунисување на љубов денеска е бизнис зделка која се состои од милиони членови и подчленови. Сепак на крајот од денот сите сакаат да ја погледнат личноста која ја сакаат и да ја бакнат за добра ноќ, сите би ја избрале љубовта над парите, барем јас во тоа верувам.
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Самата тешкотија во целиот свет, сите тие промени кои носат кон пропаст на младината се случуваат поради парите. Во некои случаи се изразуваат во изобилство и луксуз, во некои се изразуваат само како средство за преживување на денешниот ден, за утре-што ке даде Господ. Тоа придонесува сиромашниот да се повлече и да си скрати од секојдневниот луксузен живот кој си го пружа богатиот а со тоа и да се дојде до израз. Како што кажа Оleri денес се гледа само во изгледот на партнерот/ката, не во срцето и во очите, за тоа и денешните бракови завршуваат брзо оставајќи зад себе млад свет кој е оставен на милост и немилост и кој мора сам да си ја гради својата иднина. А со тоа се губи и правилниот пат на животот. А и тешко да се поверува дека и на крајот од денот повекето веке ја избираат љубовта. Сето е вештачко.
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
34
Се помочал некој на љубовта за пари, епа тоа ти е сиромашно македонче, мислите дека парите ќе ве направат среќни??? се лажете, само за определена сума купуваат ваше непроценливо време, и потоа што?! се чувствувате ли барем малку како стока, продадена за сума пари, што добро видовте ако не имал вашиот партнер пари, што ви кажал па ве заведол, ве трогнал со нешта кој ги читал??? Абе ајде бре за 2 пара фармерки си ја посрамувате среќата, се одлучуваат да бидат богати наместо среќни, да бидат купени, наместо насмеани. Таков ни е менталитетот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dare

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас не сум купила,а дали некој мојата ја купил незнам,ваљда никогаш и нема да дознаам.
Дека постои љубов до некоја си 10 годишна разлика во години кога и двајцата се во зрела фаза на години,ај некако може да поверувам но во поголема?
Шо знам,ко да не ми фајка верба дека таму освен материјални потреби пости и љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon