Дали љубовта се купува со пари?

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
За оваа пријателка не треба кола, само да ја убедиш дека си добар мајстор и гаќите се соблечени. А како што заклучив по муабетов лесно се убедува.:)

да ама колку е интересна да ја читаш одма си премина во акција :D, му вика те сакам ова, она, одма ги рашири ноџината :zelen,
факт е дека ако имаш пари полесен ти е животот ( е сега дали си посреќен тоа не знам)
да најдеш права љубов и тоа ти е лутрија во денешн време ретко која би седела до сиромав .
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
да ама колку е интересна да ја читаш одма си премина во акција :D, му вика те сакам ова, она, одма ги рашири ноџината :zelen,
факт е дека ако имаш пари полесен ти е животот ( е сега дали си посреќен тоа не знам)
да најдеш права љубов и тоа ти е лутрија во денешн време ретко која би седела до сиромав .
Абе сега ако се прашувам јас со оваа не би влегол во врска од 100 причини а како една од тие ќе кажам дека ако најде некој побогат или поубав за миг ќе го напуштит сегашниот.
Постојат луѓе како мене со права крв, кои сметаат дека цврсто пријателство или силна љубов не се стекнуваат со пари... а да, погоре напоменав дека 90% од популацијата материјалностите им се превентивни.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Затоа што одат во пар, затоа што колку и да не го сакам тоа - се зависни едно од друго.
Луѓето ќе речат какви времиња дојдоа, само материјалните ствари се ценат и само парите се гледаат. Од секогаш било така, така е, така и ќе биде.

Можеби моето мислење нема да им се допадне на многумина ама јас мислам дека парите и те како влијаат. Од љубов не се живее, посебно кога треба да плаќаш сметки, да гледаш да сошиеш крај со крај. Кога тие проблеми ќе натежнат, љубовта полека се гаси. Значи не да ме разберете погрешно, ниту јас не сакам партнер кој е мултимилионер и кој добива се што ќе посака само ако пукне два пати со прстите. Сакам партнер со пристојна работа, сакам да биде на еднакво рамниште како мене, да добива приходи кои се сосем доволни за еден нормален живот. Големи разлики не се убави, затоа што секогаш би се чувствувала како charity work и би мразела некој мене да ме издржува. Самостална сум, амбициозна (некогаш дури и премногу), и искрено сакам да добивам приходи затоа што навистина давам се од себе. Просто е, со саканиот можеш да си дозволиш еден пристоен викенд, одмор, да не мора секој ден да се чукаш со главата како ќе го пребродиш месецот.

Сепак тркалото се врти, и да ги имаш парите не треба да се занесуваш, животот е круг, еднаш си горе, еднаш си доле. Ако се опседнеш само со нив, ќе мислиш само колку повеќе да се збогатиш, колку повеќе да заштедеш и колку помалку да дадеш.

Затоа златна средина е најубаво, според мене. Луѓе кои викаат ама нема врска, ние се сакаме, љубовта е над се, ужасно грешат. Порано или подоцна и тие го сфаќаат тоа, сфаќаат дека се што лета не се јаде.

А и за здравјето. Живееме во ера каде големите фармацевтски компании издаваат лекарства кои можат да помогнат кога станува збор за лечење, дури и за продолжување на животот. Медицината е гнасна, некои болести се излезени од лабораторија и се само за фармацевските индустрии да цветаат. Ако немаш пари, џабе ти е се. Дури и со лекови кој знае дали ќе се излечеш, а не пак без нив. Значи затоа секој човек треба да се труди да оствари нешто во животот, за да има кога ќе е најпотребно.

А и искрено парите нудат задоволства, да си бидеме реални. Изгледот не е се, ама јес да ми ја дига самодовербата кога ќе облечам јака штикла, кога ќе се дотерам како што сакам и кога ќе си дозволам да потрошам на нешто што силно го посакувам. А да глумам света Росалинда тука и да кажувам како парите ништо не ми влијаат, како сакам само партнер кој ме сака немам намера. За тоа има кастинзи во Аргентина, Мексико... Таму се снимаат сапуниците каде Хосе Марија Ангел Сантос се вљубува во Марија Гвадалупе де Иносента, тој доктор а таа цвеќарка и магично се заљубува во неа. Јеа, рајт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Legioner

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Абе сега ако се прашувам јас со оваа не би влегол во врска од 100 причини а како една од тие ќе кажам дека ако најде некој побогат или поубав за миг ќе го напуштит сегашниот.
Постојат луѓе како мене со права крв, кои сметаат дека цврсто пријателство или силна љубов не се стекнуваат со пари... а да, погоре напоменав дека 90% од популацијата материјалностите им се превентивни.
Mercedes-Benz-SLK-Class-Roadster-1.jpg

сакаш Мерцедес епа скапо е пријателе зато секој си наоѓа тоа што му одговара ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Оние луѓе за кои велите дека ги мешаат се барем реални и икжскрени. Од љубов не се живее.
Се си има цена....некоја е повисока, некоја пониска.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Љубов сама од себе не живее. Се бара во најмала работа сигурност. Парите се еден вид на сигурност.
Истотака парите сами од себе не би можеле да опстојат. Треба да се има нешто во што би се уживало.

Истотака факторот преголемото поседување на едното/другото - донесува до лудило - незнаење како да се менаџира со сопствениот живот. Постои една граница која веднаш се поминува, се губи контролата.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Ким за роденден му купи на Каније Ламборџини вредно 750.000 долари
tocka-68150.jpg








Старлетата Ким Кардашиан одлучила да го изненади своето момче.
Имено, Ким му купила на Каније Вест Ламборџини Авентадор вредно 750.000 долари за неговиот 35-ти роденден.

Иако Каније нема да може веднаш да го вози бидејќи се наоѓа на турнеја, Ким му подготвила уште едно изненадување, му снимила роденденско видео со порака и фотографија од автомобилот.

Па кој не би посакал ваква девојка?
е ова е права девојка :wavespin
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ким за роденден му купи на Каније Ламборџини вредно 750.000 долари








Старлетата Ким Кардашиан одлучила да го изненади своето момче.
Имено, Ким му купила на Каније Вест Ламборџини Авентадор вредно 750.000 долари за неговиот 35-ти роденден.

Иако Каније нема да може веднаш да го вози бидејќи се наоѓа на турнеја, Ким му подготвила уште едно изненадување, му снимила роденденско видео со порака и фотографија од автомобилот.

Па кој не би посакал ваква девојка?
е ова е права девојка :wavespin

Најтрагичен моменат...Она е права девојка, а ако беше обратно, ќе беше спонзоруша :unsure
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Горе доле имам слични размислувања со останатите членови.Парите се основно средство за живот.Тоа е неминовно.За да двајца млади бидат заедно и да живеат заедно, потребни се пари.
Збориме од почетно, за свадба, за одмор, за деца, за семејна кола, за лично свое живеалиште итн итн.Без тоа не се успева.Замислете дека вашиот маж не зема доволно плата за да се изгура месецот до крај.На вашето дете му се скинале патиките.Другото дете пак сака да оди на екскурзија.А пари?
Оди сине со љубов, не ти треба кеш.

Епа не оди така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger