Дали често донирате и колку поддржувате хуманитарни акции?

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Да бидам искрен, до пред неколку години речиси и не донирав на овие телефонските броеви што се, што земаат по 100 денари. Како и многу други на форумов, верувам, така и јас немав доверба каде се влеваат тие пари и кој ги троши. Но за несреќа, пред 2 години се случи еден од таквите повици за донација да е за моја многу блиска другарка, на која и’ беше дијагнозирана болест на крвта, и за чива операција (трансплантација) во Берлин и’ беа побарани над 100.000 евра... Е, тогаш додека траеше акцијата, донирав сигурно над 20 пати, а и општо, да се изразам така, „спамирав“ по други луѓе да донираат ако можат, зашто не ни сакав да помислам што ќе стане ако акцијата е неуспешна и не се соберат парите. На крајот, парите од акцијата, комбинирано со тоа што нејзините ја продадоа фамилијарната кола и еден стан (имаа два) се покажаа како доволни, па еве, доколку се’ е во ред, се очекува есенва конечно да си дојде во Скопје, дома. :)
Тоа воедно ми беше и како пресвртна точка во поглед на таквите акции, и оттогаш донирам секогаш кога ќе видам повик за донација, доколку имам кредит/пари - едноставно не штедам на тоа. Така и ми е помирна душата, и на некој начин се „оддолжувам“ на сите што помогнаа во акцијата за другарка ми. :)
Освен тоа, отсекогаш редовно сум оставал пари во супер-маркетите што имаат кутии за СОС детските села и сличните организации, а и на Ромчињата што шетаат по улици им давам некои 10-20 денари - за возврат барам само да ми ветат дека нема да ги потрошат на лепак, иако знам дека пола од нив велат едно, а прават друго. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кога самата се справував со здравствени проблеми, сфатив колку сум всушност среќна што можам да си приуштам лекување, иако моето не ни беше нешто опасно/прескапо.
Не можам ни да ја замислам немоќта да си помогнеш себеси или на некој близок што е болен. Оттогаш си ветив дека секој месец ќе донирам на некои од броевите што ќе ги начекам.
Последниве две години само два пати имам ненамерно пропуштено месец, но некако навика ми стана, ем не ми е никаков трошок, ем ветеното си го исполнувам.
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Донирав кога се организираа хуманитарни акции, но донирам и самостојно, односно не чекам да има некоја хуманитарна акција. А на телефонски броеви за донации не се јавувам зашто не ми е веродостојно така. Убаво е да се помогне некому кога и колку се може.