Дали сте тремаџии?

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Да ме фаќа трема ама пред да почнам да правам нешто, откако ќе почнам во ред е, инаку ако не ги осеќам нозете значи дека имам многу трема. А кога некој ми се допаѓа имам трема и се понашам како тотален имбецил и сноб....
 

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Имам приметено дека трема ме фака секогаш кога треба да одам на состанок и најчесто се приметува оти ми се тресат нозете..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Имам трема кога одам на интервју за работа, ми иде да потонам во земја од срам :sram и кога прв пат се запознавам со некоја личност.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
малку, обично пред јавен настап , пред група помала или поголема ...обично ми се манифестира со треперење на колената:)..и кога ми се допаѓала некоја личност гледам надолу ..клише:eek:
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
малку, обично пред јавен настап , пред група помала или поголема ...обично ми се манифестира со треперење на колената:)..и кога ми се допаѓала некоја личност гледам надолу ..клише:eek:
олвејс лук ет д ајс, олвејс ; )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Anakin

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Никогаш не сум имала така силна трема да ми се тресат колената или слично, ме фаќало по малку срам во некои ситуации ама по кратко време се ослободувам.
Сум имала и јавни настапи, презентации, во кои одлично се снаоѓам.. и нашколо, обично сум позната по таа своја опуштеност и слобода при говорење, па така за јавни настапи Сара е тука хх : )
Кога ми се допаѓа некоја личност, сакам да ја гледам, да и дадам до знаење дека ми се допаѓа, не неведнувам глава, а кога се запознавам со некоја таква личност тогаш сум силен тремаџија ама се до моментот кога ја изговарам 2та, 3та реченица, после тоа немам гајле, се ослободувам и сум своја. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Сум имал трема како помал кога настапувавме по приредби. Но, мислам дека тремата " ја убив" поради тоа што до четврто одделение на сите приредби и патронати учествуваме како клас, додуша учителката многу се трудеше, и ги вклучуваше сите во точките кои ги спремавме.
И кога можев да се пријавам да учествувам на ораторска вечер, тогаш мислам дека немам некоја голема трема, иако секако е присутно *она* чувство. На крајот на краиштата ако згрешиш нешто нема да те изедат луѓето:)
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Не сум имала трема пред испит, тест, усно испрашување. Пред јавни настапи имав на почетокот,на првите неколку настапи и концерти. После ја снема. Играњето пред публика ми стана професија.