Дали сте тремаџии?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали понекогаш ве фаќало трема?

На пр. во школо/факултет пред испит/тест или пред усно испрашување, на интервју за работа, на некој квиз доколку сте биле, пред некоја женска/дечко, пред првиот бакнеж итн......

Трема постои кај сите, но кај некој е помала кај некој помала. Мене ме има трема фаќано, но не сум голем тремаџија па којзнае колкава паника да дигам. :frantic:roflМе фаќало некад пред полагање за кола (првиот пат само) а пред тестови, усни испрашувања итн ич. :D

Јас познавам луѓе и со многу трема, се потресуваат ко којзнае што да е.

Дали вие имате такви познаници, другари, роднини итн што се големи тремаџии?
Или пак вие сте? :D
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Секогаш имам трема пред тест, пред излегување..ама не е огромна трема само онака. :)
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Кога имам усно испрашување ме фаќа бидејки незнам :rofl
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Ако некаде настапувам и во публика да се некои што ги познавам, маааууу колкава трема знае да излезе од менееее..
А ако е со некој што не го знам, не ме фаќа ич трема, онака сум си ептен опуштена :D Weird..
Сепак не сум до толку, до душа не сакам ни да ми се познава :p
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Мислам од мене поголем тремаџија нема.Кога ќе појдев на испит мислам цел материјал го заборавав пред да влезам да полагам.А од камера просто имам уплав.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Мала, позитивна трема знае да се појави. Но, не е тоа како некои што се тресат пред тест или јавен настап. Ништо значајно и веднаш по почетокот поминува.
Сепак, ако немаш воопшто трема пред ништо значи и дека тоа што го праввиш не ти е важно...
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имам трема пред некои за мене големи настани кои се од големо значење ама не да се блокирам скроз, туку силно чукање на срцето, потење на дланките , чудно чувство во стомакот. Ама кратко трае таа трема моја и не ми попречила . Сега последно кога полагав статистика ОМГ, таква трема никогаш не ме фатило. Кој седнав да полагам , во првите 5 мин не знаев ИД бројчето да си го напишам, после почнав во себе да си пеам една песна и така се опуштив малку по малку и на крај напишав се.Многу приказни за професорот имаше како бил најлош и не знам што уште , па веројатно заради тоа ми беше отпрвин така. Кога сум била на аудиција за глума и пеење (ама не на идол и такви слични талент шоуа) ме фаќало трема ама така позитивна , не да зафркнам :)
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
имав порано многу трема додека идев во школо и уште некој период после тоа.ама последниве 4 години не да немам туку незнам што е тоа трема.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Па ме фаќало и ќе ме фаќа ама во водредени граници. Т.е онаа позитивна трема.
Најново шо памтам е моментот кога требаше да презентираме еден проект од школото во конференциска сала пред австрискиот амбасадор, заменик министер за образование и некои други професори од повеќе градови и тоа на микрофон. Многупати го извежба текстот ама не е тоа тоа додека не застанеш пред луѓе и гледаат сите во тебе.
Поминавме добро, после тоа одман ми олесна, моментот кога веќе стапуваш на сцена е најгаден. Ама дефинитвно тоа ми беше искуство повеќе и следниот пат ќе бидам послободен.
Како шо велеше мојот поранешен професор, тремата е добра појава, кога ќе престанеш да ја имаш тогаш ќе престане и заинтересираноста за она шо го работиш.