Дали сте суеверни?

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Не сум суеверен.
Порано го применував тоа чукни три пати, и тоа со мачката црна како деца се враќавме назад па плукај па ова па она.. :rofl
Сеа и да помине црна мачка пред мене ич не ми е гајле, си терам напред.
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Да сум суеверна и тоа морам да признаам доста.
Кога студирав имав едно пенкало во кое си верував дека ми е среќно.
А кога ми се испиша тогаш кога и ќе паднев на испит се си мислев дека е ради пенкалото.:nah
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не, воопшто не сум.
Доста луѓе ми се подналутиле кога сум им се изнасмеала заради некое нивно смешно убедување.
На пример, еден другар ми кажа ,,бремена жена не треба да гледа зајдисонце....,, И јас направив WTF фаца, а потоа му се изнасмеав. Се налути, зошто жена му вистина беше бремена, и вистина не гледаше во зајдисонцето.... (facepalm).
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
Не сум. Ме нервираат такви глупости, тоа е се до психата.

Последното такво нешто што го чув е бремена жена мастика да џвакала, на детето заби лесно да му покараат, глупости.
Кога бев помала верував ако згазам мравка ке заврне дожд, или веке кога врне закопувавме црвен конец во земја и околу него цртавне сонце да преврне.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
освен за на факултет... коа ќе ми каже некој ај со среќа...толку е...
иначе другиве работи шо ги читнав се интересни...ама не верувам у нив :)

има уште некој така според мене безвезални работи...што ми се чудни зш велат не го прави а ни сами незнаат шо значело...па ако знае некој нека каже...онака чисто информативно да знам :)

1.демек да не се сечело нокти навечер.
2. да не се јадело од кутлачата.

само овие две ми текнаа сеа за сеа :) а знам дека ги има уште многу :) па кој знае за ова нека појасни:)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Многу.
Кога е Петок 13ти се затворам дома со ништо околу мене, кажувам молитва 3 пати, и се молам да не падне таванот.
Кога ќе видам црна мачка, се враќам од кај што сум дошла, земам крстена вода и го прскам патот за да поминам.
Трошките не ги тресам надвор навечер оти така се хранел ѓаволот! :ladno
Жива се јадам ако околу мене нема дрво да чукнам, па трчам до најблиското. Сигурно си е сигурно.
Ако скршам огледало, ги спојувам сите делчиња и извршувам ритуал на спојување, ги лепам, опевам и вртам седум круга околу споеното огледало, плус принесувам жртва на богот Огледалис, оти неќам 7 години несреќа. Пу-пу! :(
Никако пеење при јадење, оти ќе дојдат цигани да ме земаат за жена.

Сега сериозно, во 90% од случаите кога одам на фризер има невреме, па колку пукам од среќа то е чудо.
А со стаорците и бродот е вистина, не се Ванѓи, туку ги чувствуваат струењата на водата и реагираат на најмала влага.