1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали сте истите како што се претставувате на интернет и надвор од него?

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Hip.Hop_MKD, 21 февруари 2012.

  1. Praetorian

    Praetorian Староседелец

    Зачленет на:
    24 февруари 2012
    Мислења:
    325
    Допаѓања:
    395
    Апсолутно. Не чувствувам потреба да седнам на полурасклатенава фотеља, да се опрчам пред монитор и да се преправам за ствари кои не постојат или кои моето алтер-его би сакало да ги преувеличува.
    Никогаш не сум лажел за годините, изгледот, образованието итн. Кога луѓето ме запознале виртуелно преку штракање на некоја кинеска тастатура, можеби очекувале дека ќе бидам како сите останати кои се јаки на пишување а кога ќе ги запознаат во живо, да им биде жал дури и да плукнат на нив.
    Немам потреба да кријам работи, немам сатисфакција да лажам за нешто што не сум, особено не некој првичен странец кој во минатото на mIRC започнувал муабет со "asl pls" и еволуирал во "daj kam" "top si, kis4e".
    Сакам да оставам задоволителен впечаток на соговорникот. Не да го трујам со слики од Бред Пит на мојот профил и со муабети за тоа колку јас сум разбацан или иам врски по луѓе на сепариња.
    Едноставно, ги мразам секојдневните излитени фрази кои ги пишав погоре, стандардното комуницирање со личност на интернет па и кога ќе се запознаам со неа.
    Јас сум јас и нема намера да бидам "Napalen 19".
     
    На Alex M. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elizabeth Bathory

    Elizabeth Bathory Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    405
    Јас сум си иста и секогаш искрена!
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Многу наскоро маските ќе почнаат да паѓаат и ќе се види кој лажел..
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Kurt Cobain! хахах, подобро напиши го на англиски, поубаво звуче ^_^
    Инаку, не би го направила тоа, да се претставувам лажно, да извештачувам фотки и слично.. Поентата е дека не се ни замарам.
    А и нема смисла, ако е затоа подобро и у живо нигде да не се појавувам :D
     
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    048 и јас сме два различни поими. Да објаснам зашто. Овој 048 стално ме копира!
     
    На UnFleur и Avona Vi им се допаѓа ова.
  6. 3pi0

    3pi0 Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    246
    Допаѓања:
    275
    врска си неам :S најверојатно исто се понашам на нет и у живо
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Искрено кажано, во нешто сум различен, а во нешто не. Но повеќе сум ист како што сум на интернет така и во живо, отколку другата варијанта. ;)
     
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Секогаш и насекаде сум ист.
     
    На ScoobyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Utopian

    Utopian Нов член

    Зачленет на:
    3 април 2012
    Мислења:
    27
    Допаѓања:
    24
    Истиот сум како на интернет така и во живо. Не чувствувам потреба и задоволство да си лечам комплекси и злаудно да се лажам себеси дека сум некој што несум.
     
  10. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Не сум. Уствари вака у реалноста јас сум многу јака фаца, надалеку позната, ама нема смисла овде да се фрлам, ипак, љубоморне душе... ју ноу.
    Сега сериозно, не верувам дека постои некој што ќе дојде и ќе пише: „Не, јас не сум ист, овде само се прчам за да ме мислите најјача фаца у граду/на интернету.“
    Оној што си е ист, нема да има потреба од тоа, на оној пак што се преправа, тешко ќе му е и на самиот себе да си признае дека не е личноста што се прави. Така да, еден е одговорот.
    Јас искрено, на интернет сум поотворена отколку во живо. Посебно вака на (колку-толку) анонимниве форуми.
    Прво, во посериозна дискусија очекуваш да влеташ со личност која е компетентна за разговор, а не само „Јас, и само јас знам“, така да, може покомотно да се искаже, отколку со некој на улица што ќе ти превртува очи и ќе те гледа ко теле. Да не збориме пак за газолижењето и лицемерието. (Не дека онлајн ги нема)
    Затоа, во живо сум поладна и порезервирана, па може на некои им се чинам и намќор, ретко се покажувам вака како што сум, додека на интернет, не ми е проблем да си бидам јас.
     
    На Roxelana му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: